1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 14:59
Признавам дека очекував сè освен појава на маската на маскираниот одмаздник на улиците како израз на протест. Неговото потекло е двојно – првото е историска личност, Гај Фокс, кој се обиде да го разнесе лондонскиот парламент на 5 ноември 1605 г., па не успеа во тоа, и на тој ден, на државниот празник, неговиот лик го спалуваат. Инаку, палењето огромен оган е остаток од келтскиот пагански празник на жетвата, во истиот период од годината: се палеле коските на жртвуваните животни. Вториот тематски извор е стрип јунакот на Алан Мур и Дејвид Лојд од стрипот V for Vendetta, кој во 2006 г. се појави и како филм. Се разбира, маската доаѓа од стрипот и од филмот. Иако содржината е поврзана со еден вид негативна утопија од иднината, врската со католичкиот завереник од почетокот на седумнаесеттиот век е очигледна. Успехот на маската на улиците од денешните светски градови, пред сè, е во нејзината едноставност – саркастична насмевка, црно-бела боја, и секој со минимално чувство за цртеж може да ја направи од обична хартија. Заплетот со маската не е толку јасен: одмазда и правда за многу различни проблеми и за различни групи луѓе. Масовната појава на маската на Маскираниот одмаздник е, всушност, целосна спротивност на основната нарација во која се појавува како индивидуален, осамен човек кој се одмаздува за некоја лична неправда која му е нанесена. Зад него не стои движење, барем не во жанровите во кои се појавува, пред сè во авантуристичко-љубовниот роман. Овој осамен јунак понекогаш се среќава со народните јунаци кои, маскирани, ги бранат незаштитените од тираните и насилниците, па и таа варијанта се впиша во популарните жанрови: стрип продукцијата се дави во осамени маскирани јунаци кои бранат сè; во филмот темата сè уште е згодна за заработување: популарната култура нема така лесно да се откаже од совршено бесмислените нарации и заплети за да им го продава овој тип на копнеж на малиот човек и на децата.
Варијантите се разбирливи, па конечно и Маскираниот уличен одмаздник денес: непријателот се препознава како капитализмот.
Зошто, на пример, за уличен протест не е избран Зоро (на шпански – Лисец), маскираниот одмазник чија маска е уште поедноставна, и кој во популарната култура е присутен уште од 1919 г. Тогаш го измислил американскиот автор на евтини романи Џонсон МакКали. Зоро го има во илјадници стриповски, телевизиски и филмски облици, и неспоредливо е попознат од Маскираниот одмаздник. Пред сè, Зоро помага против војската, полицијата, корумпираната администрација, ги штити незаштитените и обично ја исмејува власта. Но, тој е аристократ, живее удобно и се нема впечатокот дека тој е против системот и капитализмот. Дали причината лежи во неговата рамнодушност кон капитализмот, или токму во неговата широка популарност, или Маскираниот одмаздник е, едноставно, генерациски симбол? Како и да е, Зоро не се појави на улиците...
Маскираниот одмаздник беше златен рудник за писателите на авантуристичко-љубовни романи. Во Франција, каде што традицијата на романот и подоцнежните филмови со „меч и наметка“ е богата и вредна за почит, најголема популарност стекна јунакот на Пол Февал „Грбавко – витезот Лагардер“ (1857). Тоа е приказна за еден париски сирак, занесен со мечување, кој стапува во служба кај елегантниот и рафиниран војвода од Невер. Во драматичниот заплет околу тајниот брак на војводата, кој го зема своето мало дете, но од зад грб бива убиен од скриен злосторник, Лагардер го презема детето, малата Аурора, и ја одгледува во склоп на ромската циркуска трупа која шета низ Шпанија. Кога Аурора ќе порасне, заплетот ги води обајцата во Париз, каде што Лагардер, маскиран како грбавец, собира податоци и открива дека војводата е убиен од роднина. Општествениот успех на грбавецот е во верувањето дека грпката носи среќа. Во расплетот Лагардер го открива убиецот и се жени со Аурора. Во најновата ТВ верзија од 2003, во режија на Анри Елман и со Бруно Волкович во главната улога, нештата се прилично изместени – до тој степен што Лагардер на крајот ја зема вдовицата на војводата од Невер, мајката на Аурора, а не младата дама. Друг исто толку популарен јунак е Капетанот Фракас на Теофил Готје (1863) – повторно поради свои причини, маскираниот мал благородник ја бара правдата и вистината. Маскирањето, преоблекувањето и глумата често ги користел и најпопуларниот од сите автори на слични романи, Александар Дима. Меѓу успешните автори се пробила и една жена, Ема баронката од Орчи, авторска со унгарско потекло која пишувала на англиски јазик на почетокот на дваесеттиот век. Таа напишала серија романи за Скарлет Пимпернел, таинствен лик зад кој се крие храбриот англиски благородник кој, заедно со своите пријатели, преоблечен во најразлични ликови ги ослободува француските аристократи кои револуционерите сакаат да ги убијат, и ги внесува во Англија. Во неговиот случај, речиси сите знаат за кој станува збор, освен неговата сопруга, Французинка и поранешна глумица, поради која тој и го прави сето тоа, за да го поврати нејзиниот восхит и љубов...
Причината за популарноста на маскираниот одмаздник не е само во тоа што денес не треба да се прочитаат 600 или повеќе страници од книга, колку што просечно има секој роман од споменатите писатели, ниту тоа што маската може да ја испечатите за секунда. Извесно е дека неговата привлечност за сите носители на маски лежи во „клучот“ кој меѓусебно го препознаваат, во анонимниот субверзивен активизам во интернет „облакот“. На современите уривачи на капитализмот не им се потребни преоблекување, театар, шминка, псевдоним, друг идентитет, уште помалку техника за сето тоа. Доволно е што е искористен значенскиот потенцијал на уште една јадица за фаќање пари во популарната култура. Забелешката дека маската ја популаризира компанијата која од стрипот направи и филм (Time Warner) е бесмислена: значењето се пресели. Во филмот сè уште вреди да се спомене завршната сцена, кога англискиот парламент експлодира, бидејќи заверата била успешна. Со целосна свест за успешната измама, во тој случај ѝ давам неколку центи на милтинационалката која го сними тоа!
Маскираниот одмаздник првпат се појави во 2008 г. Го презеде групата Анонимни која дејствува на интернет, како и движењето Окупирај го Волстрит!, и потоа многу демонстранти во Европа, на демонстрациите против АКТА. Маскирањето сè уште е далеку од прецизно определно политичко движење или групирање, но во флуидноста засега има огромен потенцијал. Маскираниот одмаздник носи маска не за да ја означи својата припадност туку својата сегашна неприпадност: значи, фазата со маскирање е неопходна додека не се најде нов идентитет. Очигледна можност на движењето против системот е појава на нови маски, како што е очигледно дека ќе треба доста време, мали победи и поголеми успеси за да се оствари атмосферата, значи и институциите, во кои маскираните одмаздници ќе ги формулираат своите ставови. За одлуки и акција тоа не е неопходно, може да се размислува и патемно. Мал детаљ дава надеж за иднината: маскираниот одмаздник е во црно-бело, ама има розеви образи. Здравје, смеа, срам, самоиронија – човечките чувства се на негова страна.
Извор: Peščanik.net
ок. она со тоа се занимава,
Испратено на 06 мај 2012 од мегленаинвитроок. она со тоа се занимава, па е интересно за читање крос референци од пред осумсто години кои се тегнат до пред две години и има интелигентен врзан хумор, добро е што не навредува, пример жижек.
што се однесува до анонимус, капитализмот стана синоним за гадотија, па маската е еден вид суптилен прав коридор од нелавиринт на разбирање меѓу народите, но заклучокот би бил, тука успешно опишала, никој не знае каде или што стои зад неговиот грб т.е. што во пост-капитализмот.
да се раздолжам: има неколку тенденции, а една од тие линии ќе ја зафати и македонија, што ќе биде интересно како предизвик на кој би можеле да јаваме, како што расте експоненцијална крива како математички израз или на пример либидална енергија што бара партнер, нешто така, тоа се чувствува, значи, ќе има секс или, партиите ќе бидат еден вид агенции, она, проследувачи на потребите.
но, наредната недела ќе се гради нова фабрика, така што слапшак кој ја ебе.
Има еден момент кој авторката
Испратено на 07 мај 2012 од мегленаИма еден момент кој авторката не успеала да го препознае а кој е и основната причина за маската. Анонимноста како таква е тотално изгубена во западните општества. Де факто денешната дигитална технологија го уништува капитализмот преку демистифицирање на маркетот и основниот принцип на понуда и побарувачка. Кога мултинационалните компании и инвеститори го имаат вашиот дигитален инпринт, како - што купувате, што гледате, што сурфате, колку заработувате и што имате , практично вашата моќ на потенцијален купувач е намалена, а со тоа и вашето учество на маркетот. Едноставно кажано замислете го скопско зелено пазарче како пазар во кој сите купувачи имаат на себе закачено бројка колку стварно пари имаат за трошење. Одете тогаш и пазарете се со продавачот ако вашата бројка не ви стига ни за едно кило од неговиот производ. Тоа веќе нема да биде пазар бидејки продавачите брзо ке се договорат колку пари да ви бараат зависно од вашата бројка, и со тоа ке си обезбедат трајна контрола на пазарчето, во исто време не дозволувајки нови продавачи на пазарот.На потенцијалните нови продавачи ке им ги купат производите уште на пат за Скопје затоа што точно ке знаат колку им треба денеска за продавање. Затоа учесниците на Occupy Wall Street ги носат маските и не случајно групата со кои маската се асоцира се вика Анонимус. Маската ни треба за да ја покриеме бројката од пазарчето. Носењето на маските на протестантите пред Wall Street денес има суштинска спротивност со маската на Зоро или Guy Fawkes. Додека Зоро или Fawkes ја носеле маската заради заштита од законот, маската на Анонимус се носи како порака за заштита на законот преку анонимноста на нејзините париципиенти. Нешто како борбата за гарантирана тајност на гласањето.