Левијатан движење

05.05.2012 17:47
Левијатан движење

Многу новинари и аналитичари го дочекаа „новиот бран“ на ВМРО-ДПМНЕ за да направат аналогии со нашето комунистичко минато. Ваквиот критички пристап, според мене, се покажа како неуспешен или како помалку среќен во обидите да се отслика драматичната промена во македонската политичка парадигма.

Имено, основна слабост на овие пристапи е што се мешаат баби и жаби. Сепак, мора да се води сметка дека постои квалитативна разлика помеѓу еднопартискиот и повеќепартискиот систем, односно, многу е важно разбирањето на спротивставеноста на политичката филозофија и на политичката пракса меѓу двата системи. Точно е дека комунистите се служеле со сите расположиви средства за манипулација и за индоктринизација, но, една работа не ја мистифицирале – дека комунистичката партија е авангардата, стожерот и чуварот на режимот. Во комунизмот никој не смееше да го оспори единството на власта, односно, партискиот монопол. Без оглед на издувните вентили или на фронтовските формати за одредени форми на дејствување, сепак, завршниот збор го имаше партијата. Партијата беше сè и гледаше сè. Таа партија си пропиша рок на траење сè додека има потреба од диктатура на пролетеријатот. Значи, вечно.
Оттука, треба да се биде прецизен: ако веќе се прават споредби со комунистичкото минато, тогаш мора да се води сметка дека најавеното движење од ВМРО-ДПМНЕ не е она суштественото или она најбитното во нејзината политичка прагма што асоцира на комунизам. Тоа е нешто изведено и е секундардно. Најважното што мора да се има секогаш на ум е дека ВМРО-ДПМНЕ се претвори во партиски монструм, дека стана партија која ја поклопи и државата и општеството. Тој процес, познат кај нас, како партизација, уште на стартот беше оценет како штетен и како опасен за политичкиот систем и за Македонија. Системот на султан партија доби тоталитарни димензии. Султан партијата стана нашиот Левијатан. Монструмот загосподари со нашите животи. Конечно, она што беше кумулирано и забегано со вмровските политики, мораше да доживее период на криза.

Таа криза е објективна и е застрашувачка, па затоа, таа мора да се надмине. На големо чудење на сите, моделот за излез од кризата ја понуди оној што ја создаде и ја одржува на ептен опасно ниво. Одеднаш, Левијатанот, кој „со презир ги гледа и најголемите непријатели“ (Книгата за Јов, 41/26) излезе од морските длабочини и најави нешто ново и нешто храбро, бидејќи „срцето му е цврсто како камен, кораво како долен долен воденички камен“ (Книгата за Јов, 41/16).

Што, накусо, сака ВМРО-ДПМНЕ? Таа сака да се ослободи од стигмата дека изврши партизација на Македонија и дека доаѓа време тој процес да се претстави како ново обединување на Македонците. Значи, таа сака да загосподари со дискурсот за обединување, кој е секогаш курентен во вакви држави, а формата преку која тоа би се остварило би било претворањето на партијата во некакво движење.

Движењето што сега се промовира е карикатура на самата идеја, а камоли дека постојат претпоставки или желби нешто такво да се оствари. Ако трезвено се гледа на работите, на ВМРО-ДПМНЕ не ѝ е битно што таа ќе изгледа бизарно и смешно како промотор на идејата за движење. За нејзе е уште поважно да ја испогани и да ја направи таа идеја како нешто тривијално и банално.

ВМРО-ДПМНЕ е свесна од каде доаѓа опасноста, ја чувствува шемата или комбинацијата која можеби ќе биде погубна за нејзе во некое скоро време и се обидува да изврши монополизација на институтот движење. Партијата на власт сака да ни каже дека прва го сфатила значењето и вредностите на движењето, дека таа е нејзиниот демијург. Конечно, ВМРО-ДПМНЕ секогаш го негувала ресентиманот спрема движењето, бидејќи, на почетокот на плурализмот, во политичката платформа на ВМРО-ДПМНЕ, таа се претставуваше себеси и како семакедонско движење, како изблик на потиснатата енергија на нацијата, движење кое ќе го покрене и ќе го исполни секој чесен Македонец. Одеднаш, партијата која се преобрази во партиски монструм сака да ни продаде приказна дека партиите се надживеана работа. Дека, наместо нив, подобро би било да постои движење,бидејќи тоа е попогодно за да се симболизира новата енергија и новото обединување.

Движењето што ќе се формира по партиска директива, што ќе се покаже како диктат за целото општество, нормално, само по себе е бесмислено. Каде е тука спонтаноста и слободата да се трага по нешто ново? Што ќе го храни движењето - незадоволството од партиократијата или незадоволството од партискиот инжинеринг, кој пресметливо ги проценува и ги раководи процесите? Каде е тука наивноста и невиноста, атрибути, кои се својствени на секое движење? Каде е тука волјата да се открива и да се манифестира некоја нова енергија во општеството? Каде е тука негативитетот кој има разбирање за историското и за државното? Сето тоа, го нема. И, нормално, такво нешто не може да постои додека работите се одвиваат под цврстото водство на една партија или, уште поточно, под команда на една мала група луѓе кои загосподарија со ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и со државата.

Втора работа што ја заборава ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт, е дека има најголеми одговорности во државата и дека таа, во основа, треба да биде чуварот на поредокот или заштитникот на плуралните вредности. Од тој аспект, ВМРО-ДПМНЕ не сфаќа дека движењето како демократски институт не котира високо на скалата на плуралните вредности, а уште помалку изгледа нормално и оправдливо движењето да биде инструмент на оној кој и онака стекнал апсолутна моќ во една држава.

Зад секое движење стои сенката на диктатурата или на тоталиторното. Движењето е еден од двата пола на диктатурата – нејзин почеток или нејзино исходиште. Појавата на движењето, во основ значи дека политичкиот систем е во сериозна криза или, пак, тој е толку слаб и е ранлив, што нужно води кон некакви суштествени промени. Затоа, треба да се прави разлика меѓу два типа на движења.

Прво, постоеле многу движења кои сакале да го руинираат плурализмот. Тие движења почнувале како акции на масите кои посакувале некое поцврсто господарење наместо декадентната и стерилна партиократија. Масите биле водени од политички месии кои на народот му нуделе тоталитарна идеологија. Таквите движења се денес проскрибирани, но сè уште постојат движења кои се втемелени на популизмот и на ксенофобијата.

Вториот модел е антипод на првиот, бидејќи политичките движења се избликот против диктатурата. Промените што се случија лани во северна Африка се еден таков тип на движење. Народот, едноставно, се крена на бунт, бидејќи не можеше да ја поднесува тиранијата на политичките елити или повеќедецениската диктатура.

Според тоа, вистинското движење во Македонија, наспроти ова на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде она кое нема да нуди обединување со кое сите ќе застанеме под едно знаме и зад една боја, во кое сите ќе се стопиме во казанот кој се грее од лаги, од подаништво и од губење на индивидуалноста, туку напротив, движењето ќе биде платформа за да се урне оваа партиска држава или оваа државна партија.

Движењето во сегашните констелации и во сегашниот историски момент има првенствена задача да го врати достоинството на плуралното или да ја направи државава да биде нормален повеќепартиски систем.

Впрочем, судбината или целта на секое движење е да стане партија.

Извор: globusmagazin.com.mk

Графити: Sam3

I see what you did here. Кога

I see what you did here.

Кога ти одговара,

„Најважното што мора да се има секогаш на ум е дека ВМРО-ДПМНЕ се претвори во партиски монструм, дека стана партија која ја поклопи и државата и општеството.“

а после:

„Втора работа што ја заборава ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт, е дека има најголеми одговорности во државата и дека таа, во основа, треба да биде чуварот на поредокот или заштитникот на плуралните вредности.“

Во основа, сето ова е точно.

Во основа, сето ова е точно. Но, сепак, сегашниот "партиски монструм" и тоа како ја реземблира улогата на КП на бившиот политички систем, барем по формата: од агресивната реторика на само-потврдување до ригорозната политика на “ние и никој друг“ при што секој кој мисли поинаку е (понтенцијален) непријател на споменатото движење. Мене ако ме прашате, и тоа е премногу...

Инаку, не сум сигурен, но можеби треба да се спомене и “левичарската“ природа на ВМРО-ДПМНЕ која, во многу случаи, се манифестира на идентичен начин како кај оние леви сили кои се декларираат како такви (од здравство, образование до садење дрвја по брда). Проблемот, според мене, е несреќмата комбинација со национализмот што, како што спомнувате, неминовно води кон вид на тоталитаризам (конкретно, национал-социјализам, ако сакате).

п.с. Инаку, неми е јасно што сака Poker Face да каже....

Ua VMRO-komunisti. Sami go

Ua VMRO-komunisti. Sami go papate, sami na kraj ke si go lapate, za zal site sme na ista granka, i site ke padneme zaedno, jebi ga........

А да престаневте да барате

А да престаневте да барате сличности со историјата и да почнете да ги анализирате новите времиња и новите услови на планетава.
Да почневте некаде во дискусијата да ја внесувате информатичката револуција, брзината на живеење и глобализацијата наместо компарации со системи кои веке спагаат во историјата и се тотално неспоредливи.
Па дури и по самиот Маркс кога средствата за производство ја зголемуваат продуктивноста толку многу како што е случај денеска, тогаш тоа треба да биде проследено со нови општествени односи. Чуму тогаш константна споредба со фашизмот и сталинизмот? Што не почнете да анализирате зошто најпродуктивната земја на планетава има еднопартиски систем, односно движење како што сега милувате да го викате.
Зошто малку не анализирате како треба да се однесуваат земји кои имаат помал бруто годишен производ од околу 1000 глобални фирми. Точно така, Македонија има помал годишен обрт од околу 1000 светски компании. Сите тие компании имаат генерални менаџери кои не се бираат на избори, а се наогаат на истиот маркет каде и ние како Македонија пробуваме да се пробиеме.
Кога човек малку подобро ке размисли не се криви "сељациве од ВМРО" што Македонија е толку назад во развојот. Тој развој требаше да дојде од овие исти "интелектуалци" кои некако не им иде да направат нечшто позначајно во светски рамки и да ја извадат земјава од проблеми. Као да речеме, да бидеме светски извозник на литература, филмски сценарија или научни пронајдоци. Или пак да направите барем веб сајтови кои сами ке се финансираат затоа што имаат читатели. Прашањето е што на вас "интелектуалците" ви фали за да бидете успешни. Својот труд можете да го продадете за две секунди на пазарот на планетава. Треба само да го пратите по е-маил. Нема царина, нема препреки, се продава на Амазон, не треба ни да се печати, се што треба е некој да ве купи, се разбира ако сте доволно квалитетни, односно ако сте стварно "интелектуалци".
Колумната на Мицковски допира некои моменти, мегутоа временски и технолошки се наога некаде пред 30 години, кога почнуваше дигиталната револуција.

Меглена, не беше ти што

Меглена, не беше ти што напиша Грујо = Ајфел и нешто така слично? Чисто за делот дека не треба да се прават споредби, за остатокот е потребна поголема дебата..

Анонименски ,погрешно си

Анонименски ,погрешно си запамтил. Не напишав Грујо=Ајфел, туку дека отпорот на интелегенцијата-елита на Париз за кулата , е многу слична на отпорот на македонската елита кон Скопје 2014.
Споредбата во тој дел стои затоа што не зависи од никакви општествени односи туку е производ на суетата на одреден број интелектуалци. Место Грујо можеше да боде Обама, пак ке беше иста реакцијата на Грчев и компанија. Тоа е сосема различно од споредби од типот Хитлер-народ и Сталин-народ со Грујо-народ затоа што во времето на Хитлер и Сталин имало само комуникација во еден правец односно еднонасочен пренос на информации, додека во задниве петнаесетина години, интернетот па и телевизијата се користат како интерактивни медиуми, односно информацијата (колумната) е повеке тема за дискусија отколку пропаганда. Така што не може да постои споредба во доменот на пропаганда и перење на мозок мегу фашизмот и комунизмот од една страна и македонската држава во 21 од друга страна. Апсолутно неспоредливо. Можете да правите муабет за поткуп на народот со сервирање на она што народот сака да го слушне, мегутоа тоа не е пропаганда во смисла перење на мозок и индоктринација.

Благодарност до авторот на

Благодарност до авторот на статијата, па макар тоа да е само липање во пустината. Да се сепнеме и да не ја забораваме историјата, оти тој што ја заборава е осуден да ја повторува. Да, денешниов наш момент наликува на некои грди слики од минатото, колку и да не сакаме да го видиме тоа.

Се` наликува на нешто од

Се` наликува на нешто од минатото.

ОкоБоли главаВицФото