1016 hPa
61 %
5 °C
Скопје - Сре, 18.02.2026 18:59
„Ова е посветено на бубашвабата која живееше исполнет живот. Почивај во мир, мало пријателче“, гласи пораката на проектот наречен Bug Memorials на американскиот колектив Carmichael Collective.
Овој колектив во проектот на јавни места и простори поставува еден вид инсталации со кои сака да го одбележи скромниот и краток живот на разновидни инсекти. На својата интернет страница нагласуваат дека сите нивни интервенции и дејствувања треба да се сфатат само како израз на креативноста и ништо повеќе.