Играјќи кошарка, Саудијките им пркосат на клериците

08.05.2012 10:11
Играјќи кошарка, Саудијките им пркосат на клериците

Учеството на жените во спортот веќе долго време претставува контраверзно прашање во ова конзервативно исламско кралство, каде што ригорозно се интерпретира исламскиот закон, не само за на жените да им се забрани занимавање со спорт, туку и работа, отворање сметка во банка и возење.

За да го искажале својот револт кон овие верски забрани, едно училиште во една источна провинција на Саудиска Арабија поставило кошеви и им дозволило на своите ученички да тренираат за време на неделата, известува Reuters.

Приватните школи во таа земја веќе некое време нудат спортски часови за девојки, но ова е прво државно (името не му се наведува од безбедности причини) училиште кое отворено го промовира спортот меѓу девојките, пренесува Huffington Post.

Форбс, пак, јавува дека овој мал чекор може да биде сигнал дека меѓународниот притисок врз Саудиска Арабија, по прашање на нејзиниот понижувачки однос спрема жените, понекогаш и функционира.

„Се надевам дека ќе видат дека постојат девојки кои овде навистина сакаат да се занимаваат со спорт, и кои тренираат без оглед на пречките кои им стојат на патот – можеби тогаш ќе увидат дека нешто мора да се направи“, изјави за Reuters 24-годишната Ноур Фитиани, кошаркарка на Jeddah United.

Онован во 2003, Jeddah United е првиот женски кошаркарски клуб, а неговите членови тренираат под закрила на приватната компанија - Jeddah United Sports Company.

Reuters открива дека кога овој тим се вратил од турнеја во 2009 г., каде што играле против јорданската државна екипа, локалните весниции објавиле нивни фотографии под кои стоел наслов: „Девојки без срам“. Шеикот Абдула ал-Манеа, клерик и советник на Кралскиот суд, изјави дека движењата кои се изведуваат за време на тренирањето фудбал и кошарка можат да доведат до тоа девојките да ја загубат невиноста.

Во февруари оваа година, потсетува New York Times, од организацијата Human Rights Watch (HRW) апелирале дека на Саудијките ќе им се забрани учество на Олимписките игри во Лондон, 2012 г. бидејќи таа земја никогаш не испратила спортиски. Во извештајот со назив „Чекорите на ѓаволот: Негирање на правото на спорт на жените и девојките во Саудиска Арабија“, Human Rights Watch документирал систематска дискриминација над жените кога во прашање е спортот во земјата.

Меѓу мерките е и исфрлањето на жените од 153 клубови под надлежност на Саудискиот национален олимписки комитет (NOC) и 29 спортските федерации.

Human Rights Watch бара од Меѓународниот олимписки комитет да ја стави дискриминацијата на жените во саудискиот спорт на дневен ред на следниот состанок на управниот одвор во Квебек на 23 мај.

„Времето ни истекува во надеж дека дијалогот со саудиските власти ќе доведе до промена во дискриминаторската политика“, вели Кристоф Вилксе, истажувач во HRW. „Јасно е дека симболичното учество на жените на Олимписките игри во Лондон 2012 г. не значи крај на системската дискриминација кон жените кои го практикуваат спортот во Саудиска Арабија и на меѓународните натпревари. “

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Жак Рог рече дека е убеден дека Саудиска Арабија ова лето за прв пат ќе испрати жени да се натпреваруваат на Олимписките игри. Тој за интевјуто за агенцијата Associated Press рече дека во тек се интензивни преговори со МОК и Саудиска Арабија околу испраќањето спортистки во Лондон.

Со тоа е исполнета целта на ова тело, а тоа е дека секоја земја има жени во својот олимписки тим. Сѐ уште не е познат бројот на спортистки, ниту во која дисциплина ќе се натпреваруваат.

„Разговаравме со нив околу практични работи, но сме оптимисти и веруваме дека тоа ќе се случи. Зависи од можните квалификации и стандардите на различните спортови. Разговараме за разни можности“, рече Рог.

Можно е Саудиска Арабија воопшто да нема спортистки кои би ги исполнувале квалификационите норми, што би значело дека МОК и другите меѓународни спортски организации би морале да испратат посебна покана, или да пронајдат друго решение. Саудиска Арабија беше една од трите земји на Олимпијадата во Пекинг кои немаа жени во тимот.

Другите две, Катар и Брунеи, исто така не испратија спортистки на Игрите. Катар минатиот месец соопшти дека ќе ја искористи специјалната покана на МОК за на Игрите да испратат две жени – пливачка и спринтерка. На списокот би можело да бидат приклучени уште две.

Ако преговорите со Саудијците се успешни, сите олимписки комитети во Лондон ќе имаат спортистки, што ќе биде првпат во историјата на Олимписките игри.

Извор: е-novine