Архитортура и гробализација

14.08.2009 10:14
globalizacija-011.jpg

кртовите работат!
од тајната преродбеничка програма:

Во тајната преродба имаме два клучни концепти: архитортура и гробализација. Првиот концепт многу добро ги поврува нашите два најдлабоки стремежи; оној кон архитектурата (на светот!, зошто да бидеме скромни?!) и оној кон старото (тортурата тука е само метода и ја нагласуваме во заграда, чисто ко мала тајна, оти коа прибегнуваме - како крајна мерка - кон тортура, секоаш велиме, пристојно и старински: архитортура; вметнал: В. Ѓорчев).

Ако случајно се обидат да го дискредитираат нашиот величествен трансисториски синкретизам (проникнувањето низ фино испреплетена пајакова мрежа на сите дијахрониски и синхрониски линии на нашето вечно македонско битисување), во тој случај мораме да се потпреме и на третиот генијален концепт кој скромно го нарековме: лагализам (иако нескромно може да се нарече и груевизам, оти потекнува од најдлабоките врутоци на ликот на нашиот феноменален водач).

Пример: некој богохуљ, изрод, предавник и соросоид кога-тогаш ќе се осмели да каже (заправо, си бамборат они, го зборат ова) дека, цитирам: „замислата за црква, џамија и 22-метарски споменик на Александар на скопскиот плоштад - е кикс-идеја која произлегува од територијалните кретензии (т.е. сељоберската страст да се завладее со градот на начин да се униформира неговата различност) на нашата сељоберска владаечка елита која има потреба на голема историска врата да го промовира своето празилук-чувство за спектаклук“. Грубо, а?, на тој начин да се зашлакува толку благородниот и толку осмислен концепт архитортура... Но, на неверниците најлесно им е да плукаат, тие никоаш ништо не создале, а ние, па, нон-стоп остваруваме. Кај и да е, вака треба да им се одговори на сурушоидите (вметнал: А. Милошоски): И лагалистички и нелагалистички (ко што велеше нашиот голем северен брат), и процедурално и непроцедурално, и мирно и со тепање (ако баш си го бараат), и елегадно и интелигадно, нашата задача, 24/7, е перманентно и со сите можни сили да ги браниме дамарите на двата наши најдлабоки проекти: архитортурата и гробализацијата. Нашето најсилно оружје во таа борба (не е нашиот пресветол водач, туку еманацијата на неговиот најдлабок принцип) - лагализмот.

Со оглед дека името сè збори, ќе се префрлиме и на втората преродбеничка фурија широко (и делумно метафизички, иако сме сосема конкретни во нејзиното спроведување) наречена гробализација. Што е гробализација?! Најпросто речено: дупка. Ама не каква било дупка, туку античка дупка. (Јасно е ко од сателит дека архитортурата и гробализацијата се најсуштествено поврзани; ради тоа нив ги обработуеме во едно поглавје од програмава и ради тоа околу тие концепти е ангажирана најагилната партиска екипа прикладно наречена „мозочен ураган“.)

Коа збориме за гробализација треба да нагласиме дека не збориме за Денот на дрвото. Дрвото е застарена работа. Нашиот фокус треба да биде дупката. Ради тоа нашиот концепт за преродба на Македонија и го нарекуваме гробализација. Нашиот слоган може да биде: „Нема утка ако имаш голема дупка“. Или: „Кајшто празно место има ти дупка посади“. Со таква максима праиме супер национална клима: никој не може да нè расштима! Нема зима за нас, има само археолошко-идентитетска плима од артефакти што се прелеваат низ дупките (ко со копач ко ќе се здроби канализациска цевка, сликовито да објасниме).

Третава хипотетична максима е посебно атрактивна: „Секоја македонска дупка е родољупка!“ А ако ни речат дека нашата власт (вметнал: М. Протуѓер) повеќе наликува на среброљупка и себељупка отколку на родољупка, вака треба да одговориме: дупката е наша корупка, дупката е наша пупка! Тупкаме со ноџињата по почвата, нервозни, коа неаме дупки под нас! Опасно нè копка што има доле, па макар и да е клопка! Е сеа (вметнал: В. Ѓорчев), коа трчаш по топка (што паднала во дупка) има и сопка, нормално, од СДСМ, од транзиционине богаташи, а богами и од петоколонашките соросоиди; ама вака треба да одговориме: за некој билмез да не ја штипка стриптизета се привива уз шипка; второ, точак коа возиш - со шипка, нормално, ко прав маж - стааш штипка на панталона, така?!

;трето, секоја лебарка што ти забасуе у дупка не е коледарка, штавише секоја лебарка би рекол дека е колебарка и дека треба да се затепа! Што сакам да кажам? Прво: дупката е комплексно поле, со дропки се решава, плус коа возиш пат цел со дупки и препки (ебате сурушоидите, па ќе речам) не мож од тепка да донесуеме заклучоци, или секоја будала да чепка по дупки (Паско, на пример, има специјална археолошка четка); во тој случај, целава работа може да ни се изврти (т.е. заспинуе) во цепки. Второ: невладиниве гнаси многу многу да не ни се шуњаат околу дупките; трето, колебливци у наши редови - не; четврто, коа е фрка, коа некоја лебарка ил крт ил стаорец баш е упорен и сака да ни ја извлече репката од дупката, па грепка по колепката наша (дупката за нас е ко колепка, би сакал да нагласам), и трепка заводливо (у клепка просто нè ебе, плус медиумска четка ни удира, ко бившиот ножеви у грб што ни мааше) тогаш иаме ситуација на озбилна препка. И, што праиме тогаш? Фрламе ждрепка? Играме тапка? (повторуем: све, све, само не од тепка) И’ дааме на стриптизетата (Арапка, на шипка) шапка и топка (ко на делфин), за никој да не ја шлапка и штипка?! Не!!! Категорички не! Во таа ситуација, коа речиси скроз сме сјебани од посочените (лебарка, крт ил стаор) се прионуе на процедура, т.е. постапка: вадење на таканаречената PR-папка. И го кажуеш, без да праиш каква било отстапка, следниов текст (да се запамти ко цијанкалиј што се стаа у зуб коа више стварно нема решение): „дупкава ни има стапка на раст од дваес катрљона“. Акцентот да се стаи на „стапка на раст“, ко капка да прозвучи после коа ќе им ги ркнеш катрљоните.

Е сеа (вметнал: Д. П. Латас), препорачуеме секое дупкасто место да почне да расте ко тесто! Дупка, а бабри! Ѓаволесто место, а?!:) (Да бидеме сликовити: сурушоидите нè обвинуваат за политика на слон у стакларски дуќан, т.е. еж во фабрика на кондоми... Е, баш така треба да ни бабри дупката!) Не се сретнуе често такво место (кртот кајшто го гости ежот, да се насмееме малку, „ежот си го ебал“, ха ха!), вместо што те зашрафуе (т.е. фрапира), па и самиот стануваш фиданка меѓу дупките. Наместо, значи, попусто (и пусто) да се заебааме со сурушоидите (ионака ги максимум комада сто), ја повторуеме стратегијата во форма на слоган: еж у фабрика за кондоми - ВМРО на градски плоштад.

На ова место (вметнал: Ј. Јадибурек) од нашата возвишена и генијална преродбеничка програма (којашто ионака хронично бабри и титра ко космичко тесто) се чувствува потреба да се повикаме на една голема мудрост на Дејвид Линч, што феноменално ќе ни го оправда генијалниов концепт на гробализација. Линч еднаш збореше дека за потребите на снимањето на "Eraserhead" набавил мртва мачка и и’ ја отворил утробата: боите на внатрешните органи видно бледнееле под неговите очи поради влијанието на воздухот; Линч таа слика ја споредува со сцената во Фелиниевиот филм "Roma": при копањето на тунел под Рим, група археолози провалуваат во една просторија полна со фрески; пробивајќи го ѕидот тие го ослободуваат воздухот и фреските веднаш, пред нивни очи, почнуваат да бледнеат. Е, Паско наш може не ги знае морбидните заебанции на Линч, но просто инстинктивно чувствува дека правата (обоена) Македонија е под земја, низ дупки („ќе изгинете по некои дупки“, велеше Никола Ристановски во џингл; да се размисли како и тој слоган да се вметне - вметнал М. Протуѓер); оттаму и произлегува величественоста на тој едноставен програмски збор (а сепак набиен со толку слоеви значења): гробализација.

За финансирање на двава ингениозни концепти (архитортура и гробализација) ќе распишеме 1) храмарина и 2) храмет, ама за тоа во посебно поглавие.

Слики: Beau White

ОкоБоли главаВицФото