Фашистичко насилство во ново руво

10.05.2012 13:02
Фашистичко насилство во ново руво

67 години по победата на фашизмот, неговиот баук сè уште кружи над Балканот (засега остатокот од светот ќе го оставиме настрана).

Се разбира, тоа не значи дека постојат изгледни шанси фашизмот да се поврати во истата форма како за време на Втората светска војна. Тоа значи дека постојат режими кои очајно сакаат да бидат фашистички, меѓутоа, заради констелацијата на меѓународните односи или, заради одредени други причини, не можат. (Пред еден месец пишував за потсвесната фашизоидна нишка меѓу нашиве портокалови лидери. Тие не ги мразат комуњарите заради она што јавно го произнесуваат, односно, заради тоа што комуњарите наводно ѝ донеле зло на Македонија. Тие ги мразат, зашто не можат да бидат како нив, односно како нивната проектирана слика за нив!) Значи, не треба да стравуваме дека фашизмот може да се врати во формата која ја имал пред 70 години. Но, треба да стравуваме од неговите современи, речиси исто толку опасни, манифестации. Ајде да видиме како можеме да ги препознаеме тие манифестации!

Хана Арент прави разлика помеѓу режими кои владеат со легитимноста и силата на моќта, од една страна, и режими кои, немајќи ја таа привилегија, се потпираат на насилството, од друга страна. Тоталитарните режими Арент, се разбира, ги става во втората категорија. Не можејќи своите болни, искомплексирани цели да ги актуелизираат на нормален, демократски начин (со легитимна манифестација на политичка моќ), тоталитарните лидери прибегнуваат кон насилство. За тоталитарниот профил на владетел не е доволно, доколку некој не се согласува со него, тој да биде надгласан и, на тој начин, поразен од мнозинството во политичката дебата. За тоталитарниот владетел, конкурентот мора да биде понижен, обезвреднет и/или убиен, зашто, во спротивно, тој секогаш ќе претставува закана по неговата неприкосновена власт. (Имено, за тоталитарниот владетел, секоја поинаква власт освен неприкосновена не е власт.) А кога постојано се чувствува закана/страв (како што чувствувале тоталитарните владетели во минатото), тогаш тоа станува јасен индикатор на политичка немоќ.

Кога говориме за политичката моќ, пак, концептот на неприкосновена власт е излишен. За режимот кој се потпира на политичка моќ, противникот не претставува смртен непријател, зашто сега аргументацијата ја претставува врвната легитимација на власта. Во случајов, политичката моќ се базира на способноста да се владее самоуверено и аргументирано да се одбиваат нападите од конкурентите. Ако со силата на делата и аргументите противникот може да биде разоружан, тогаш насилството не само што е непотребно; тоа е и контрапродуктивно, зашто упатува на неспособност/немоќ за справување со проблемите. Арент поентира на тој начин што упатува на несомнениот заклучок: манифестирањето политичко насилство го претставува најсигурниот индикатор на политичката немоќ.

Судската медицина посочува на еден класичен профил на убијците-силувачи, кој совршено кореспондира со ваквиот однос насилство/моќ. Силувачот ја убива својата несреќна жртва, зашто е, во суштина, импотентен. Имено, не можејќи на нормален начин (како самоуверен и силен маж) да ја заведе и да општи со девојката која ќе ја избере, тој неа ја проектира како непријател, кој треба „да го добие она што го заслужува“. Актот на убиство, пак, го претставува еквивалентот на кулминацијата на сексуалното искуство (оргазмот), кое, во стварноста, не може да биде актуелизирано. Од друга страна, самоуверениот маж го нема тој проблем. Нему не му е потребно насилство, за да ја заведе посакуваната девојка, туку единствено шармот – во случајов, еквивалентот на политичката моќ.

Според тоа, доколку актуелнава македонска власт не е фашизоидна (значи, во суштина, импотентна), туку сигурна во сопствената легитимна моќ, зошто тогаш посегна да ги замолчи опозиционите медиуми?! Доколку не е тоталитарна, туку демократска и самоуверена во поддршката која ја добива, зошто тогаш чувствува потреба да го партизира судството и сите стратешки државни институции?! Доколку беше сигурна во супериорноста на античкиот идентитет над „нашиот јужен сосед“, зошто панично го обезличува и антиквизира културниот идентитет на нацијата, манифестирајќи класичен комплекс на нижа вредност, кој треба постојано да се докажува себеси?! Доколку наодите од археолошките локалитети го потврдуваат претходново, тогаш зошто секогаш и веднаш, без да помине неопходниот и долготраен процес на научно-стручна анализа на наодите, се излегува со „научно потврдени“ сознанија, кои наводно го докажуваат нашето античко потекло?! Конечно, доколку актуелнава власт е толку добра, како што секојдневно себеси се претставува, тогаш зошто ѝ е потребен незапирлив 24/7 маркетиншки агитпроп?! Нели ќе беше доволна само силата на аргументот?!

Силата на аргументот во тоталитарните режими од минатото била „поразувана“ со голо насилство. Денес, кога состојбата на терен веќе не е таква, фашизоидното насилство треба да го бараме на сите места каде се брутално суспендирани (или каде постојат обиди да се суспендираат) вистината, силата на аргументот и легитимната политичка моќ. Бидејќи голо насилство за тоа не е секогаш потребно, тогаш токму новите фашизоидни манифестации на насилство стануваат наша обврска да бидат препознаени, демистифицирани, осудени и уништени. Тоа е предизвикот на современиот македонски антифашизам.

Слики: Свирачиња

Вангел има дечко

Вангел има дечко

Тоа би било тоа. Фашизмот,

Тоа би било тоа. Фашизмот, односно политичкото насилство доаѓа од индивидуи кои не успеале да просперираат во систем на слободни идеи. Профилот на еден деспот ја содржи фрустрацијата и бесот кон природната селекција која нивните погледи на свет ги прогласила за штетни.
Интересна ти е алузијата со импотентниот силувач. Само мислам дека е повеќе од алузија. Веќе е добро познато дека сексуалната немоќ и политичката тиранија одат рака под рака.

После читањето на колумнава

После читањето на колумнава доживеав силен психоделичен момент.
Сиот мој живот сум бил во заблуда!
Ништо во светот нема да ме оттргне од мислата да гласам за СДСМ на наредни избори!

Долу Македонија!
Да живее СДСМ!

Interesen tekst, se do po

Interesen tekst, se do po prvicnata pretpostavka deka toa sto treba da sleduva ke bide podednakvo dobro kako prvite tri recenici. Citatelot nezavean od nespokojnite vetrista na dosadata i cuvstvoto na bespomosnost, sigurno ke se sopne vednas po recenicata vo crveni bukvi zagrada, kako sto toa mi se sluci mene. Vangel, ne mozes da argumentiras deka rezimot na vlast ima fasisticki tendencii na osnova na nekolku citati na Arent. Vo denesno vreme tekstovite koi celat da ostavat vpecatok i da pottiknat akcija se sostaveni od trezveno razumuvanje poddrzano od sovremeni misliteli, a ne eden mislitel. Denesnata opstestvena nauka sto se zanimava so rezimi, vlast i demokratija izobiluva so tekstovi koi postavuvaat relacii pomegju vzaemni sili na teznjeenje i opstestveni, i sekako, globalni (globalizaciski) vlijanija. Tvojot tekst e ventil za tvoite frustracii. Na ovoj nacin nema da ubedis nikogo tuku samo ke gi pothranis stavovite na tvoite istomislenici koi go citaat portalot. Koj e spill-over efektot od toa?- Nepostoecki. Ke doprineses do evoluiranjeto na naseto opstestvo koga ke pocnes da pisuvas konkretni tekstovi koi nemaat cel da gi devalviraat onie koi ne ni se dopagjaat tuku da vnesat samodoverba vo pravednosta na stavovite na onie koi treba da gi pridobies vo tvojot (vasiot?) tabor.

Илустрациите се многу добри!

Илустрациите се многу добри! Пред Свирачиња симињам и куроглава самурајска капа!
Него, Име-Диме, ме заинтересира твојата дистинкција меѓу konkretni tekstovi koi nemaat cel da gi devalviraat onie koi ne ni se dopagjaat и оние другите текстови кои треба da vnesat samodoverba vo pravednosta na stavovite na onie koi treba da gi pridobies vo tvojot (vasiot?) tabor.
Симпатични се помирливоста и позитивниот тон на твојата дистинкција, Име Диме, но таа е уште понепрецизна и понелогична од, да речеме, поедноставените ставови на Ноневски (поедноставени затоа што се форма на колумна од 40-50 реда, а не се академски текст).
Зарем текстовите кои „девалвираат некого“ се невистинити или, недајбоже, теориски невтемелени?! И обратно, зарем текстовите „кои влеваат (таборска) самодоверба“ се вистинити ем бајаги поткрепени со добрите (а не злите) намери?! Какво е тоа (вмровско?) морализирање, Име-Диме, кога разговараме за валидноста на одредени теориско-политички тези?!

Точно е дека има фашизам во

Точно е дека има фашизам во Македонија. Мегутоа не е македонски тукy е албански фашизам, кој вие и вам сличните никако не можете да го препознаете. И не е внатрешен туку е импортиран од Косово и Албанија. Но бидејќи она што вас ве интересира е само власта и поради фактот што знаете дека не можете да ги добиете гласовите на македонските Албанци, си тропате зелени за фашизмот мегу Македонците. Инаку која е причината за неагитирање мегу албанците во Македонија на македонските "интелектуалци". Па нели и македонските албанци како луѓе припагаат на категоријата "граѓани без идентитет" која вие толку ја пропагирате на овој сајт. Која е логиката да се занимавате со фашизмот на само македонскиот дел од популацијата?
Одговорот е само еден - за албанскиот дел не се секирате затоа што едноставно ке одите и ке склучите договор со водачот на Албанците, кои со својата "демократија" ке ви ги испорача гласовите. Или да поедноставиме. Што ви е гајле што на власт ке дојдете преку договор со "демократските" водачи на малцинствата во Македонија, важно е да дојдете на власт по секоја цена за да ја обезличите Македонија. Трагично е што ни вие самите не знаете со кого СДСМ (Бранко) ке склучи договор. ТОа ке ви биде соопштено накнадно. Колку за фашизмот во Македонија...

Батка, прости, ама ти не си

Батка, прости, ама ти не си многу бистар. Работиш за туѓи каузи, што е вообичаена вмровска функција.
Еве вака, да речеме дека е точно дека за Македонија е најопасен албанскиот фашизам (а не македонскиот, не грчкиот, српскиот, бугарскиот) - што со тоа?! Да поведеме крстоносна борба со неверниците шипоси?! Океј. Еве, дури и да победиме во тоа безмилосно крвопролевање. Кој профитира од судирот меѓу Албанците и Македонците? Бугарија - Србија - Грција. Тоа е константа 150 години. Стратешки балкански политички партнер на Македонците се Албанците, во прв ред. Тоа не значи дека не треба да негуваме добри односи со сите соседи, но Албанците се најважни, стратешки. Само што ти, „Сорос“ (и од името се гледа колку си бистар) си премногу глуп тоа да го разбереш.

„Сорос“, а со кого е во

„Сорос“, а со кого е во коалиција пресветлиот ви пастир?! Да не е случајно со терористот и разбивачот на Македонија, платеникот од ОВК?! И кој му е поважен на вашиот одвратен пастир: мртвите бранители на Македонија или живата гнаса Али Ахмети?! Вашиот смрден пастир, „Сорос“ крембилу, ја моча цела македонска историја, ги моча партизаните, ги моча мртвите и живите бранителите од 2001 и се гушка со гнасата Али! Ебаве вмровците-предавнице, ебаве! И не ви е доста што фотељашите со терористите, туку и симболички со амнестијата им ја тргнавте одговорноста за тероризмот! Ебате лажните преродбеници!

Едно прашање - строго

Едно прашање - строго процедурално. Зошто Сорос е во заграда и кај Геополитички стратег и кај Бранител ? Да не ви е страв да кажете нешто против Сорос без наводници (И по Тито Тито). Многу бре тоа увиѓајно. Шо сте културни. За мерак.

А што е тогаш Бранко, кој

А што е тогаш Бранко, кој дојде на власт во 2002 само заради конфликтот кој го создаде Али?
Си заборавил дека СДСМ коалицираа со терористите уште додека не беше развеан чадот од 2001ва?
Реално, знаеш ли кој имаше најмногу корист од „конфликтот“ во 2001ва?
СДСМ.
А кој би имал корист ако се создаде пак таков вештачки конфликт сега?
СДСМ.

Ур-фашизмот сеуште е покрај

Ур-фашизмот сеуште е покрај нас, понекогаш и во цивилка. Би ни било полесно кога на светската сцена би се појавил некој кој би рекол: „Сакам одново да го отвориме Аушвиц, сакам црнокошулашите одново да парадираат низ италијанските плоштади“. Но животот не е толку едноставен. Ур-фашизмот може да се врати под најневини маски. Наша должност е да го разобличуваме и да го вперуваме прстот во секое од неговите нови отелотворенија - секој ден, во секој дел од светот.

Умберто Еко

Валтер Бенјамин за историјата

Валтер Бенјамин за историјата и нацизмот

Историјата сега е во сопственост на нацистите, оние кои можат да го надзираат и манипулираат нејзиниот дискурс. Хитлер ја заговара верноста спрема историјата како доблест со која Германија ќе се одмазди за нанесените неправди.

Во нацистичка Германија историјата е фашистичка. Фашизмот се легитимира во име на националниот идентитет, на темелите на единството во континуитетот на историјата.

Историцизмот затоа се темели врз разбирањето на историјата како победа. Фашизмот навистина е филозофија на историјата како победа.

Задачата на историчарот денес се состои да ја избегне соработката со криминалниот режим и со фашистичкиот дискурс. На сличен начин, историчарот на иднината ќе треба да биде внимателен за да го избегне соучесништвото со историскиот варваризам и со прикриените (а сега отворени) злосторства на културата. Историчарот мора да биде револуционерен за да не биде случаен соучесник. Соучесништвото е многу поголема опасност и поголема казна дури и од смртта.

Види, види , па тоа и

Види, види , па тоа и Геополитички стратег и Бранител имале скриени агенди за кои не сме знаеле. Па вие воопшто не ги сакате своите соседи. Се дружите и пајдашите со нив зошто морате, а не заради вашата ви високо развиена граѓанска свест. Не е ни чудо што толку многу знаете за фашизмот. Како беше оноа за хомофобичарите дека се у ствари скриени педери ?

Добро си не’ провалил,

Добро си не’ провалил, „Сорос“, по обичај. Ние уствари работиме за албанската кауза и мрзиме и Словени и Хелени истовремено. Ние сме за Зелена трансверзала, јебига. Само ти, така бистар, моеше да го укопчаш тоа, па ти честитаме, крембилу.

Коле Коле, пак немаш

Коле Коле, пак немаш попаметна работа и коментираш на твојот сајт...
(барем пцуј поразлично, може нема да те познаат)
XD

А бе дај боже да имате агенда

А бе дај боже да имате агенда и да знаете што сакате. Албанците не ве примаат и да ги молите. Немате доволно карактер за нив. Албанците може живеат по примитивни социолошки закони и традиции, ама почитуваат став. Вие став немате. Вие сте само незадоволни луѓе од својот живот кои бараат влакна во јајцето само за да најдат оправдание за својата неуспешност. И цело време напагате таму кај што мислите дека е најслабо. Врз македонскиот етникум. Со сите можни манифестации на фашизмот околу Македонија,во Албанија, во Косово, Бугарија, а во Грција дури добија и место во парламентот, вие сте се закачиле за демек фашизмот во Македонија. Која е причината , имате лиценца за борба против фашизмот само за Македонците, другите не смеете да ги пипате? Влегувате во територија на други НВО-а, која е причината ? Или пак сте обични серковци кој за да си обезбедат платичка без работа се во состојба сите околу себе да ги продадат. Ако треба да ве споредам со америчките национални телевизии највеке личите на Фокс (Fox news) телевизијата која се служи само со негативни реклами, невистини и оцрнувања на секој кој мислат дека е противник на нивната кауза.

“Симпатични се помирливоста и

“Симпатични се помирливоста и позитивниот тон на твојата дистинкција, Име Диме, но таа е уште понепрецизна и понелогична од, да речеме, поедноставените ставови на Ноневски (поедноставени затоа што се форма на колумна од 40-50 реда, а не се академски текст).“

Киро-практичар, се прашувам дали ти е “симпатичен“ тонот на мојата дистинкција поради тоа што е неконвенционален (не е црно-бел во лице на простиот дуалитет на македонското општество?) или затоа што не ја препознаваш прагматичноста помеѓу пристапот кој е урамнотежен?

“Зарем текстовите кои „девалвираат некого“ се невистинити или, недајбоже, теориски невтемелени?!“

Не. Текстовите кои девалвираат се гневни и бесни. Гневните и бесните не прават разумни и логички постапки. Гневот и бесот се акумулираат до точка на вриење по што енергијата, животната сила да се турка понатаму еволуцијата на поединецот и општеството, спласнува. Само погледни околу себе- толку гневни луѓе а толку малку постигнале.

“И обратно, зарем текстовите „кои влеваат (таборска) самодоверба“ се вистинити ем бајаги поткрепени со добрите (а не злите) намери?! Какво е тоа (вмровско?) морализирање, Име-Диме, кога разговараме за валидноста на одредени теориско-политички тези?!“

Киро, пропатен си од црно-белото и си огледало на твојата идеолошка антитеза. Алудираш дека моето морализирање е вмровско. На тоа би алудирал и вмровец на кого би му го приложил истото резонирање. Ете го вашиот гнев на дело. Толку е голем гневот во македонскиот интелектуалец што создава орвелов комплекс- дали, и оние зборови насочени против Големиот брат можат да бидат само зборови (убави, дотерани) а да не пренесуваат никакво суштинско значење? Во случајов ти застануваш на страната на теориско-политичка теза која не пренесува теориски заклучоци. Теориите нудат решенија. Текстот не нуди решение. Вие не нудите решение.

Смирете се и инвестирајте ја силата во практични дела.

Соросоидите се попиздени

Соросоидите се попиздени зашто веќе многу години пијат вода од само едно изворче (што по нивни зборови не е многу издашно) и никако да се доберат до државата цицка, а ги пцујат оние што ја молзат зашто мислат дека нема да остане за нив.

ОкоБоли главаВицФото