Една убиена телевизија и девет гулаби на гранка

11.05.2012 10:26
  Една убиена телевизија и девет гулаби на гранка

Многу често, деновиве, од претставниците на меѓународната заедница слушаме дека Македонија имала „проблем со слободата на медиумите“, и не можеме да им се изначудиме. Каков проблем?

Македонската влада и гласноговорниците на нејзината пропаганда веќе безброј пати убаво ни соопштија – и нам и на светот, дека во нашата земја немаме проблем со слободата на информирањето. И така е. Можеби за прв пат, но сосем се сложувам со власта по ова прашање. Проблем со слободата на медиумите во земјава навистина нема, зашто веќе нема ни слободни медиуми.

Проблемот го снема заедно со укинувањето на слободата на информирањето и политичкото изјаснување, а денот на нивното исчезнување од македонскиот етер се совпаѓа со уништувањето на А1 телевизијата и печатените медиуми од улицата Перо Наков. Од минатото лето, кога здружените банди на македонската државна мафија ги уништија медиумите и семејството на Велија Рамковски, во земјава завладеа контролирана медиумска хармонија, многу, многу поконтролирана отколку што постарите паметат дека била и во времето на „пустото комунистичко“.

По убивањето на А1, националните телевизии продолжија непречено да работат и „објективно и професионално“ да го забавуваат народот, да ја затапуваат јавноста со лажна слика на стабилен социјален мир и насмеана демократија, во која не постојат никакви проблеми со слободата на информирањето. И додека неколкуте преостанати „независни“ телевизии се мачат да информираат нападно внимателно, со нагласена и тегобна автоцензура, симетрично и уплашено, телевизиите на власта, на чело со јавниот сервис, го полнат медиумскиот простор со пропагандна порнографија од најдолен вид, рекламирајќи ја и величајќи ја власта и озлогласувајќи ги неистомислениците и опозицијата.

Пропагандното загадување на медиумскиот простор во Македонија доби размери забележани само во еднопартиските општества, а најзагрижувачки аспект од оваа општествена несреќа е изопачувањето на етичките норми за кои мислевме дека се општочовечки константи. До скоро беше срамно и да се помисли дека слободата на медиумите ќе се толкува како нивна слобода да ја критикуваат опозицијата и да го фалат режимот. А тоа дека како нормално може да поминува секојдневното озлогласување на неистомислениците на власта, на афирмирани личности кои се изјасниле против режимот и на опозиционери – тоа не можеше да се сонува ниту во кошмарни ноќи. Дека медиумите ќе станат преполни со црни страници со фотографии и листи за прогон, отстрел или „легална“ омраза, полни и црни како старите скопски катраносани бандери на кои во слоеви висеа смртовници и некролози, е тоа мислевме дека е потполно невозможно. Лепливиот примитивизам на режимската пропаганда и одвратните дневни соопштенија на ДПМНЕ ги испоганија домовите на граѓаните со најдолни мотиви, неетичност и омраза, како со мачји измет на чевлите. Луѓето цел живот се трудат да не стапнат на таква смрдејца и невнимателно да не ја внесат дома, а македонскиот режим преку своите медиуми денес им ја фрла в лице на граѓаните и со неа им ги полни душите!

Но, да се вратиме на слободата на медиумите: интересно е што сè уште има многу луѓе на кои не им е очигледно дека со убивањето на А1 во потполност е укината слободата на телевизиските медиуми во Македонија. Им делува нелогично со укинувањето на само една телевизија да им се укине слободата на сите. За нив, загубата на една национална телевизија од десет, е загуба од 10% или – со оглед на турските серии кои братските телевизии ги преземаа од А1, длабоко нурнувајки ги повиените клунови во нејзиниот крвав и уште топол леш – уште помалку.

За да го објаснам нумеричкиот парадокс на македонските контролирани телевизиски медиуми, каде 10 – 1 = 0, се присеќавам на математичка задача од првите класови осмолетка... Всушност, задачата е трик прашање со измама во која идеалниот свет на математичката апстракција се меша со законитостите од реалниот свет. Елем, прашањето гласи: ако на гранките од едно дрво седат десет гулаби, а ловџијата отстрели еден, колку гулаби останале на дрвото? Сите деца, концентрирани на математичкиот резултат, брзаат да ги кренат рацете со два прста и го викаат нестрпливо одговорот: останале девет гулаби, учителке! А учителката, со широка насмевка и супериорност на благороден итрец, одговара дека на дрвото, деца, не останал ниту еден гулаб, зашто сите летнале уплашени од истрелот и смртта на нивниот другар. Забележувате ли длабоки сличности на трик задачата и состојбата со медиумите во нашата земја? За нас прашањето треба да се постави инверзно и да гласи: колку телевизии треба да уништи власта за да ги замолчи и контролира сите останати? Без оглед на вкупниот број телевизии, одговорот е секогаш ист: доволно е да се убие само една.

Особено интересно, од етички и психосоцијален аспект, е начинот на кој власта избра да го накаже гулабот што се осмели да ѝ серка в лице. За да го застраши целото општество, а не само останатите независни телевизии, партиската власт и судство на ДПМНЕ спроведоа криминална, драконска и непропорционална, дури старозаветна одмазда над Велија Рамковски, неговото семејство, А1 телевизијата и сите фирми од Перо Наков. Еве ви го рецептот за „праведна казна“ од Стариот завет: „Затоа иди и убиј го (...), и сотри го како проколнато сето што го има; не жали го, туку убиј ги и луѓето и жените и децата и сè што е на женски гради и воловите и овците и камилите и магарињата.“ Со ваква пустинска патријархална „правда“ од пред 2500 години, газејќи по правото и Уставот, режимот на ДПМНЕ го казни Велија за слободно политичко изјаснување и противвладино информирање, ја затвори А1 телевизијата за вечност, ги осуди како заложници и ќерка му и синот му и брат му и другите, и му „сотре, како проколнато, сè што има...“ Со ова злосторство на власта беше убиен симболичкиот гулаб на слободните медиуми, и беа избркани деветте гулаби на слободната мисла и информирањето. Затоа, од пред една година во нашата земја не постои „проблемот со слободата на медиумите“, а на медиумското дрво царуваат головрати мршојадци со крвави клунови и, заедно со нив, жално купче усрани гулаби.

Слики: Свирачиња

Интересен пример, мегутоа

Интересен пример, мегутоа мислев дека новинарите во Македонија се похрабри од гулаби на гранка. Да беа такви новинарите светски, од демократијава немаше ништо да видиме на планетава. Доволно е еден одстрел и се е средено. Пробај да утепаш еден лав во група од десет лава. Ке видиш колку ке траеш. А не е јасно зошто оние силни пари кај Милчин, негде прочитав 100 милиони долари до сега, не ги концентрирате на едно место и отворите независна телевизија, или барем независна емисија, или барем независни вести или радио, што е тоа што ве спречува?
Тешко ке си ги поделите парите бидејки ќе бидат концнтрирани на едно место или.....

„Сорос“, абе нели вие

„Сорос“, абе нели вие работевте 24/7?! Нели Грујо ве умира од работа, ко што самиот вели?! Зашто се брукаш, бе, „Сорос“, и ризикуваш да ти го укинат и тој рецесиски сендвич што ти го даваат од штабот?! Нели си определен да ги следиш и хејташ соросоидите?! Зашто си мрзлив? Зашто не копаш малку? Зашто не го отвориш сајтот на македонскиот Сорос? Па, добога, имбецилу, го користиш името на Сорос а не знаеш елементарни информации!
Значи, глупчо, „Сорос“, прво базично информирај се за да бидеш колку-толку рамноправен учесник во коментариве... Вака си јадна боксерска вреќа, ко и повеќето штабски крембилчиња што навраќаат навака по работа...

Соросоид, морону вазалски,

Соросоид, морону вазалски, сајт не е мас-медиум за кој другар ти Грчев жали. Сајтот ви е направен за вас вазалчињата да имате кај да си идете на чешма и да се тапшате по рамења. Traffic estimate вика дека околу 1000 независни посетители има на тој сорос сајт тотално со околу 20000 посети месечно. Трагедија. Имате 1000 луге кои се посетители на тој сајт со 100 милиони инвестиција, и тоа ми го кажуваш вака гордо, како тоа е правиот пат до слободни медиуми. Да не мораат лугето што ви ги даваат парите да ги трошат секоја година фондовите, (зошто и тие ке останат без работа), немаше динар ни од нив да видите. Вака сте си поврзани во светска мрежа чија единствена цел е граѓанско општество кое никој нејке да бидне. Затоа што тогаш нема од каде пари без работа, драги мој соросоиду.

„Сорос“, само ги потврдуваш

„Сорос“, само ги потврдуваш претпоставките дека си мрзлив и ништо не работиш. Не го сработуваш дури ни она за што си задолжен, следење на „непријателот“! Затоа и треба да ти го укинат сендвичот!
Окно има стабилни над сто илјади различни посетители месечно, т.е. над 4 илјади дневно (викендите се малку послаби). Но, Окно не е портал што брка кликови по секоја цена. Тоа се гледа од целокупниот профил на Окно, од целата уредувачка политика.
Што се однесува до парите со кои се финансира Окно: доаѓаат од Сорос и во изминатите три и пол години трошевме околу 1000 евра месечно, за сите можни трошоци. Ни денар повеќе од тоа, за ништо.
Инаку, што се однесува до кликовите, имаш обратен пример: Плусинфо исто добива пари од македонскиот Сорос и имаат неспоредливо поголема посета од Окно (они велат 40.000 различни посетители дневно).
„Така што, „Сорос“, мрзлив груевистички идиоту (ве размазија парите и неконтролираната моќ), кога станува збор за медиумите, не е се’ во квантитетот (на пример, зарем Плусинфо е десет пати подобро од Окно?). Битно е, значи, на луѓето да им се нудат и малку покомплексни содржини и еманципаторски политики, и во сферата на културата и воопшто. Тоа е една од целите на Окно. За среќа, дури и во згазената (од груевизмот) Македонија се покажува дека постои публика за Окно. И таа цело време расте. А и да не постоеше, пак ќе го правевме Окно и со тоа ќе правевме и публика.

Па кој збори за Окно

Па кој збори за Окно соросоидно манијачен шупаку. Прочитај прво за што се дискутира. Темата е слобода на медиуми. Ако толку луге има на Фокус и Окно и сорос.мк дневно тогаш која слобода на медиуми ви фали. Сакате селанецот кога ке се врати од нива да седне да чита за атеизам и фашизам. Сакате да ловите плашици со јадица за сом. Е па тешко иде факањето. Толку е. Македонија со се партали има 200 илјади претплатници на интернет. И по вас секој петти претплатник секој ден оди на плус-инфо. Ако го знаете фактот дека Македонија има 120 илјади високообразувани луге , тогаш бројкиве што ги кажувате се бајаги високи. Па, по ова личи дека монополот на информациите во Македонија го држи сорос.мк. Па пуштете малку слобода бе шупаци едни. Исфрустрирани Фашистички манијаци. Што се падавичарите цело време, тешко е, нема слобода на изразување.

Што се однесува да парите што

Што се однесува да парите што во Република Македонија ги вложила фондацијата Сорос: станува збор за околу 100 милиони долари во период од 20 години (1992-2012). Од тие пари приближно пола се на самиот Џорџ Сорос, а другата половина се грантови што овдешната фондација успеала да ги обезбеди од други извори. Во секој случај, преку македонската Сорос фондација изминативе 20 години во земјава влегле сто милиони долари! Голем дел од тие пари отишле директно кај државата (даноци и други давачки), но во секој случај парите завршиле кај македонските граѓани.
Од друга страна, за само шест години Фамилијата на Мали Црни Грујо (кумови&братучеди) потроши околу 15 милијарди евра народни пари. Од тие 15 милијарди барем една милијарда (а некои проценки зборуваат: неколку милијарди евра) отидоа директно во џебовите на Фамилијата и за нејзини коруптивни потреби (ПР агенции, медиуми, споменици итн.)
Па сега народот нека направи проценка кој е предавник, кој е вазал, кој е крадец, кој патриот...

И Турција од 15 до крајот на

И Турција од 15 до крајот на 19 век "вложи во Македонија" едно
20-тина милијарди долари во денешни пари. Нешто како џамии, нешто како патишта, доста гарнизони и затвори, а богами и запосли доста луге во јаничарската служба. Па ти сега види кој е патриот а кој предавник.

Абе Грујо треба да го затвори

Абе Грујо треба да го затвори Окно, ич да не му ја мисли... Ионака сме 120 место по слобода на медиуми... Едно мочано Окно, една позиција горе или доле јак кур...

Не ми се јасни вмровциве...

Не ми се јасни вмровциве... Ги имаат сите медиуми во земјава (за тоа збори и текстот на Грчев), тврдат дека Окно е гола вода шака јада итн., и пак доаѓаат тука до го хејтаат и да го уништат Окно! И притоа се вреѓаат ако им кажеш дека се насилници и тоталитарци! Какви карактери, боже!

Види сега Антигруевист, зошто

Види сега Антигруевист, зошто е некој против Окно ако не мисли дека во Македонија се фура фашизам или пак дека апсолутно ништо не фали на слободата на говор во Македонија. Па Окно треба да е пример за слобода на израз и нецензура. Да бидеш про-Окно значи да пиеш само од кулаид-от што петорица луге го нудат како став константно на сајтов ? Која е таа слобода кога не видовме ништо од неистомислениците. Моментално, ова е киднапиран сајт од една партија која се бори за власт. Не видовме ни еден интелектуалец кој не е контра ВМРО да напише нешто на Окно. Зошто ?

Soros veli:"Моментално, ова е

Soros veli:"Моментално, ова е киднапиран сајт од една партија која се бори за власт..." , po analogija ze zakluchuva deka site ostanati sajtovi, vesnici, tv, se kidnapirani od vlasta!

Добро, може јас не знам , ама

Добро, може јас не знам , ама на кој сајт или весник пишуваат само ВМРО високи функционери? Аналогијаtа ти е детска. По аналогија може да се заклучи само дека другите сајтови, весници, тв станици не се киднапирани од никого. Може новинарите да имаат свои политички инклинации, меѓутоа високи функционери од партијата да се јавуваат како исклучиви колумнисти може само во партиски весник.

Kako mi izgleda na

Kako mi izgleda na pro-vmrovcite im stana dosadno na nivnite sajtovi zasto nema za sto da zborat pa neli se ni e odlicno i sega dojdoa na okno da solat pamet. Ne mi treba mene nekok da me ubeduva kolku sme demokratski i slobodni , duri i komentarite bi gi ukinal na okno . Ne e ova WC dupka pa koj stigne da se ispraznue. Problemot e sto obicniot covek koje kriticki nastroen go cenzuriraat na nivnite sajtovi .Zatoa edna poraka do site nepismeni provladini kenjaci , zemete si toaletna rolna podolga zasto mnoru smrad izleguva od vas , nee higienski

Точно така левиот, без

Точно така левиот, без коментари, еднонасочна пропаганда , тоа е она што ви треба. Како во старите добри времиња на Тито, Сталин и Хитлер. Јас со моите глупи коментари би требало само да докажам дека сте во право. Ама изгледа дека не е така. Изгледа дека моите коментари ги доживувате како некој да ви го крши "стакленото звоно " кај што милувате да се криете и да си викате еден на друг сите други надвор од звоното се сељаци и ништо не знаат. Демократија нема да има во Македонија се додека вие тука не прифатите дека и најмутавиот граганин на Македонија е вреден колку и вие самите, и се додека селаните Македонски не се уверат дека Македонската елита ја сака Македонија повеќе отколку парите и "европските идеали".

Чудно, целиов напис се темели

Чудно, целиов напис се темели на тезата дека Рамновски е жртва на лажни обвиненија за криминал, а авторот не се ни обиде да наведе макар и еден аргумент, а уште помалку доказ, дека криминалот со кој се товари Рамковски е измислен. Во ист стил се и коментарите под написот: типично меѓупартиски препукувања, а никој не се сети да го праша Грчев на што го базира сериозното тврдење дека Рамковски е невино осуден.

za glupiot Boshevski: ne se

za glupiot Boshevski: ne se raboti za Ramkovski dali napravil kriminal ili ne, se raboti za zatvoranjeto na televizijata! Ajde da ti crtam: ako fatat nekoj gazda na firma za kriminal dali i firmata ja zatvoraat ili taa si raboti i ponatamu a gazdata odi vo zatvor. Drug primer, Mardok, mediumskio mogul, pred povekje godini mu podnesoa krivichna prijava za neplaten danok no toa nemashe vrska so negovata televizija i so vesnicite. Tie PRODOLZHIJA DA RABOTAT, a postapkata za gazdata si techeshe ponatamu (da, go plati danokot)! Dali sega barem malku ti e pojasno??? se somnevam

За абдалот што меша баби и

За абдалот што меша баби и жаби. Она што не си го разбрал во приказната е дека Рамковски е затворен заради кривичните дела, а телевизијата е затворена поради долгови кои неможе да ги плати, па целиот имот мораше да и се конфискува. Тоа што медиумите на Мардок беа оставени да работат е затоа што тој имал доволно за да си ги подмири обврските и за да продолжи со работа.

za kolegata abdal Boshevski,

za kolegata abdal Boshevski, ete, konechno prizna deka vsushnost znaesh za shto se raboti vo sluchajot so Ramkovski i A1. Televizijata A1 MOZHESHE finansiski da se spasi, no toa NE SE DOZVOLI!!!!

А1 можеше да се спаси ако

А1 можеше да се спаси ако некој се понудеше да ја откупи со се нејзините долгови, односно да даде ,прво, од свој џеп, за отплаќањето на нејзините долгови (неколку милиони евра), а потоа да инвестира во нејзиното натамошно работење. Колку што јас знам, никој не се јави со таква понуда, па затоа мораше имотот на телевизијата да се распродаде, за да се подмират нејзините долгови. Што подразбираш под „Телевизијата А1 МОЖЕШЕ да се спаси, но тоа НЕ СЕ ДОЗВОЛИ!!!“?. Како можеше да се спаси и на кој начин тоа не се дозволи?

А1 можеше да се спаси ако

А1 можеше да се спаси ако сопственикот не переше пари преку неа.

ОкоБоли главаВицФото