Сендвичот прослави 250 години

14.05.2012 10:42
Сендвичот прослави 250 години

Вчера, на 13 мај, во гратчето Сендвич, грофовија Кент, Велика Британија, се одбележаа 250 години од пронаоѓањето на истоименото јадење кое се прошири низ целиот свет.

Во ова гратче на југоистокот на Англија група глумци, облечени во костими од 18-от век, ја доловија ноќта кога Џон Монтагју, четвртиот гроф од Сендвич, страствен љубител на играњето карти, побарал да му донесат месо меѓу две парчиња леб за да не ја прекине играта.

Приказната вели дека оттогаш луѓето почнале да нарачуваат „истото што и Сенедвич“, и на тој начин ова јадење си го добило името.

Сегашниот гроф од Сендвич, кој исто така се вика Џон Монтагју, приреди ручек во чест на јубилејот кога неговиот предок, миг на инспирација, го измислил ова универзално јадење.

Британското здружение на сендвичи, кое ги обединува производителите и продавачите на ова јадење, на 12 мај организираше фестивал во чии рамки се спроведува и конкурс за најдобриот рецепт за сендвич.

Извор: b92