Заз: Ми кажаа дека публиката во Македонија научила уште една моја песна

14.05.2012 14:10
Изабел Жефрој

Изабел Жефрој, пејачката на ЗАЗ, во ексклузивната изјава за Пара вести, неколку недели пред концертот во Скопје вели дека се радува што ќе настапи во Македонија.

„Многу сум возбудена што ќе пеам во Скопје. Знам дека таму луѓето многу ме сакаат и однапред се радувам што ќе можам да ја испеам песната ’Je veux’. Организаторите ми кажаа дека публиката во Македонија научила уште една моја песна, но не сум сигурна која. Можеби сака да ме изненади. Во секој случај, едвај чекам да чујам која песна фановите ќе ја пеат со мене“, возбудено вели убавата французинка Изабел Жефрој.

Заз исто така изрази желба да пее во Стара Чаршија.

„Ми недостигаат старите времиња. Оние кога се влечкавме по улиците на Париз. Монмартр. Навистина ми недостигаат. Слушнав дека во Скопје постои прекрасна чаршија, па после концертот, јас и мојот бенд може да навратиме таму. Немој да се чудите и ако нè видите дека свириме на улица. Сè зависи од расположението и времето кое го имаме на располагање. Во секој случај, нестрпливо чекам да се сретнам со македонската публика.“

Изабел исто така крече дека до пред некој недела не знаела каде се наоѓа Македонија, ниту дека некогаш мислела дека ќе ја посети и оти се радува што ќе ја посети нашата земја.