Лесна бескорисна економија

16.05.2012 09:25
Лесна бескорисна економија

Пред неколку дена, прочитав еден наводно сериозен труд во списанието American Economic Review, од водечки новинар во професијата, кој надолго обајснува како нашата висока стапка на невработеност има длабоки структурни корења и дека за неа се несоодветни било какви брзи решенија. Авторската дијагноза е дека американската економија едноставно не е доволно флексибилна да излезе на крај со брзите технолошки промени. Во трудот посебно се критикуваат програмите како што е осигурувањето за невработените, бидејќи наводно само им одмагаат на работниците зашто го намалуваат поттикот работникот да се прилагоди.

Добро, нешто премолчив: тој труд е објавен во јуни 1939. Само неколку месеци подоцна, изби Втората светска војна, а Америка – иако сè уште не беше влезена во војна – отпочна масовни воени подготовки, што конечно обезбеди фискален стимуланс на ниво на соодветната длабочина на кризата. Две години по објаувањето на таа статија за неизводливото брзо вработување, американската стапка на неземјоделска вработеност порасна за 20% - што е исто како кога денес би отвориле 26 милиони работни места.

Сега се наоѓаме во друга депресија, не толку страшна како претходната, но сепак доволно страшна. И одново наводни експерти инистираат на тоа дека нашите проблеми се „структурни“, дека не можат да се решат брзо. Мораме да се концентрираме на долг рок, зборуваат овие луѓе, убедени дека постапуваат одговорно. А всушност се исклучително неодговорни.

Што значи кога ќе се каже дека имаме структурни проблеми на невработеност? Вообичаената верзија го подразбира тврдењето дека американските работници се заробени во погрешна индустрија или дека имаат погрешни квалификации. Една често цитирана статија на Рагхурам Рајан од Универзитетот во Чикаго вели дека е потребно да се преместат работниците од „надуениот“ граѓански, финансиски и државен сектор.

Всушност, бројот на вработени во државниот сектор по глава на жител практично не се менуваше со децении, но нема врска – поентата е дека работните места, наспроти пораките од таквите приказни, од почетокот на кризата не се губеа во индустриите кои наводно премногу нараснале во годините на пумпање на меурот. Напротив, работните места се затворани ширум спектарот, практично во секој сектор и секоја професија, исто како и во триесеттите години на минатиот век. Според тоа, ако проблемот е тоа што многу работници имаат погрешни квалификации или се на погрешно место, од работниците со вистински квалификации и на вистинско место би се очекувало да го зголемат приходот; меѓутоа, помеѓу работоспособното население има многу малку победници.

Сето ова јасно ни збороува дека не страдаме од болки на некаква структурна транзиција која постепено мора да претече, туку од сеопштиот недостаток на доволна побарувачка – недостаток кој би можел лесно да се излечи со државни програми за поттикнување на потрошувачката.
Која е тогаш поентата на ова опсесивно настојување нашиот проблем да се прогласи за „структурен“? Да, навистина мислам дека е опсесивно. Економистите за тоа расправаат веќе неколку години, а структуралистите едноставно не сакаат да го разберат проблемот, без разлика на сите силни докази.

Одговорот е, ми се чини, во тоа што тврдењето дека нашите проблеми се длабоки и структурни дава изговор дека ништо не се работи за да се ублажи страдањето на невработените.

Секако, структуралистите не признаваат дека само наоѓаат изговори. Велат дека не е поентата во тоа да најдеме брзо решение, туку да се концентрираме на долг рок – иако најчесто не е јасно за каква точно долгорочна политика се работи, освен дека таа им нанесува болка на работниците и сиромашните.

Во секој случај, Џон Мајнард Кејнз пред повеќе од 80 години одлично ги проценил ваквите луѓе. „Но, овој долг рок“, напиша тој, „е лош патоказ за денешната ситуација. Долгорочно гледано, сите сме мртви. Економистите себеси си поставуваат премногу лесна и бесконечна задача, ако во овие збркани времиња умеат само да ни кажат дека, кога бурата ќе помине, морето одново ќе биде мирно.“

Би додал само дека измислувањето причина да не се направи ништо во врска со денешната невработеност не е само свирепо и штетно, туку е и пример на лоша политика. Бидејќи постојат бројни докази дека нездравите ефекти на високата невработеност ќе фрлат сенка на економијата за многу години. Кога следниот пат некои амбициозни политичари или стручњаци ќе тргнат да објаснуваат дека дефицитот е товар за наредната генерација, сетете се дека денес на младите во Америка најголем проблем некој иден товар на задолженост – товар кој, патем, само се влошува, а не олеснува со прераното кратење на трошоците.

Напротив, тоа е недостатокот на работни места кој спречува многу образовани луѓе да го отпочнат својот работен век.

Понатаму, ваквите слични приказни за структурната невработеност немаат за цел соочување со вистинските проблеми, туку нивната цел е да ги избегнеме проблемите, и да тргнеме по полесниот, бесконечен пат. И време е да се престане со тоа.

Извор: The New York Times

Илустрации: Алекс Грифин

ОкоБоли главаВицФото