Мост за мир или нерационално расфрлање со пари

16.05.2012 11:17
Мост за мир или нерационално расфрлање со пари

Пред неколку месеци во канадскиот град Калгари беше пуштен во употреба нов пешачки и велосипедски мост, Peace Bridge, долг 136 метри, кој ја премостува реката Боу, а е во изведба на шпанскиот архитект Сантиаго Калатрава.

Градбата која траеше две години и за која се потрошени 17,99 милиони долари од градскиот буџет, на Калатрава му донесе повеќе финансиска корист одошто слава. Иако ова остварување прилично отстапува од неговите постоечки извитоперени решенија, Мостот на мирот во Калгари е замислен како две завиени спирали кои наликуваат на челичен молекул на ДНК.

И покрај силните критики на кои беше изложен, почнувајќи од фактот дека два пешачки моста на истата река се наоѓаат на само 400 метри подалеку, трошоците за изградба кои надминаа 30.000 долари за квадратен метар, давањето на капиталниот објект на странска компанија или дека дизјанот е премногу генерички, факт е дека дизјанот на Калатрава често игра на картата „Билбао ефект“.

Колку и да е проследен со контроверзи, властите се надеваат дека мостот ќе привлече одреден број туристи кои се подготвени да потрошат некој долар во околината за да се прошетаат по мостот-споменик на Калатрава. Но, треба да се напомене дека овој мост во целост ја афирмира велосипедската култура, па содржи и велосипедска патека.

Дека Калатрава знае да ја испровоцира јавноста докажа и со интерполацијата на мостот во ткивото на стара Венеција, каде што беше исто така напаѓан подеднакво поради дизјанот и поради гигантските трошоци за изградба кои изнесуваа околу 12,5 милиони евра.

Повеќе за неговите проекти можете да најдете овде.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото