Источните Германци не веруваат во Бог

17.05.2012 10:42
Источните Германци не веруваат во Бог

Статистиката е највпечатлива помеѓу оние под 28 години, повеќе од 71% од младите Германци од истокот на земјата велат дека никогаш не верувале во постоењето на Бог ниту дека имаат намера да започнат. Тоа е речиси идентичен процент како оние помѓеу 38 и 47 години, од кои 72.6 % се „неверници“.

Истражувањето покажува дека во источна Германија ставовите на младите луѓе се еднакви со ставовите за верата на генерацијата од средна возраст. Со други зборови, политичката трансформација во поранешна Источна Германија не влијаела многу на мислењето на луѓето за постоењето на Бог.

Иако има помалку атеисти помеѓу испитаниците помеѓу 28 и 27 години, „само“ 63.6 проценти, тие во следната генерација се нерелигиозни исто колку и нивните родители.

Во неодамна објавената студија под наслов „Верување во Бог низ времето и низ земјите“, истражувачите кои работеле со социологот Том Смит од Универзитетот во Чикаго прикажаа како со текот на времето се менувало верувањето во Бог.

Овие истражувачи не ги произвеле своите податоци, туку наместо тоа ги користеле резултатите на Меѓународната општествено истражувачка програма (ISSP) која во 1991, 1998 и повторно во 2008 г. го истражувала степенот на религиозност ширум светот, од Австрија и Израел до Русија и Кипар. Поради тоа што Германија била поделена на Западна и Источна, се покажало дека поранешната Источна Германија има најмногу атеисти на планетава.

Запрашани дали се сложуваат со изјавата „Не верувам во Бог“, 52.1 проценти не одговориле потврдно. Наспроти тоа, во Западна Германија само 10.3 проценти изјавиле такво нешто. Во Русија, Соединетите Американски Држави и Филипините, процентот на нерелигиозни е 6.8, 3 и 0.7 проценти.

Просечно околу 46% од Германците од истокот на земјата себеси се опишале како атеисти во споредба со 15.3 % Холанѓани и 4.9% од нивните сонародници на запад.

Во Италија, само 1.7 проценти од луѓето се гледаат себе си на таков начин. Она што е посебно интересно е дека овој тренд на истокот на Германија само растел од падот на Берлинскиот ѕид до 2008 г., кога бројот на атеисти пораснал за 3.4 проценти, додека во истиот период тој процент опадна во Русија за 11.7 проценти.

Споредувањето на генерациите низ светот покажало дека атеизмот апсолутно насекаде е попопуларен помеѓу младите отколку што е кај постарите луѓе од 55 години па нагоре, што го истакнува значајнато влијание кое модернизацијата го има врз верниците.

На пример, во Полска 79.3 проценти од испитаниците над 68 години веруваат во Бог во споредба со 58.4 проценти од граѓаните помеѓу 28 и 37 години. Единствен исклучок е Израел, каде верувањето во Бог е значајно поизразено помеѓу младите. Тоа може да се поврзе со миграцијата на несекуларните Евреи во Израел, но авторите на студијата исто така мислат дека тоа дело е заслуга на сè поголемата поделба на основа на еврејска и муслиманска верска линија во тој регион.

Во услови на конкуренција и раздвојување, верските убедувања имаат големо значење при формирање на личниот идентитет, велат авторите на студијата. Верска конкуренција од таков вид практично не постои во источна Германија бидејќи мал број на муслимани живеат на тој простор.

Истражувачите ги пронашле причините за атеизам во поранешна Источна Германија меѓу кои се и трагите останати од национал-социјализмот и комунизмот. Но, тие исто така истакнуваат дека многу Словени и нетрадиционални заедници присутни во регионот се исто така нерелигиозни, дека секуларните движења за време на Вајмарската република (1918-1933) биле посебно силни во соседните држави Тирингија и Саксонија, дека отпорот на дисиденти од ГДР не бил поврзан со црквата како што било тоа случај со католичка Полска.

Ова истражување покажа дека Германија во целина зазема средна позиција на скалата на атеизам, бидејќи верувањето во Бог и понатаму е силно за западот на земјата, многу повеќе отколку во околните земји како што се Република Чешка или Франција, на пример.

Исто така, студијата покажува дека сериозното верување во личен Бог, спротивно од некои видови раширена духовност или верување во религијата во целина, значајно опаѓа во Европа.

Извор: Die Welt

Колажи: Брајан Ву

ОкоБоли главаВицФото