17-ти мај – меѓународен ден на борба против хомофобијата и трансфобијата

17.05.2012 11:16
17-ти мај – меѓународен ден на борба против хомофобијата и трансфобијата

По повод Меѓународниот ден на борба против хомофобијата и трансфобијата, Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’ организира проекција на филм и дискусија во клубот ГЕМ, на 17.05.2012, четврток, со почеток од 19.30 часот.

’Bent’ (1997) е адаптирана филмска верзија на претставата на Мартин Шерман, во режија на Шон Матијас. Филмот претставува ингениозен приказ за прогонот на хомосексуалците во нацистичка Германија инкорпорирајќи вознемирувачка приказна за насилството, отпорот, љубовта и идентитетот.

Филмската прокција ќе биде проследена со дискусија на тема: ’Национализмот, (биополитиката) и хомосексуалноста’. Гости на дискусијата ќе бидат: проф. Љубомир Фрчкоски, Артан Садику и Велимир Жерновски.

По дискусијата ве покануваме на скромен коктел во Менада.

Извор: coalition.org.mk

ОкоБоли главаВицФото