Две илјади години во шеесет минути

18.05.2012 15:53
Две илјади години во шеесет минути

Time Travel Vienna ветува едночасовно забавно патување низ историјата на градот, кое започнува на 1 јуни оваа година, во уредените подрумски простории на Салваторијанскиот манастир во самиот центар на Виена.

Новата атракција за посетителите на царскиот град во улицата Хабсбургерштрасе нуди патување низ времето: 2000 години во 60 минути. „Туристите во музеите можат да видат реални слики, а ние сме лесен оброк за сето тоа“, вели директорот на компанијата Time Travel Vienna, Пол Ранкин. Во вкупно седум простории, за историско патување од 60 минути, има место за 32 лица, а се патува од времето на Римјаните, преку турската опсада, до императорска Виена, Виенскиот конгрес, воените години и потпишувањето на државниот договор.

На почетокот на патувањето еден монах ги дочекува гостите и ги води низ времето, при што посетителите можат да прислушкуваат разговорите со Моцарт, царицата Сиси, Марија Терезија и Сигмунд Фројд. Потоа во кино со 5D формат следи трансфер во времето на Римјаните и турската опсада. Специјалните ефекти треба да го доловат впечатокот на учествување во случувањата: „Посетителите ќе почувствуваат ефекти на ветер и стаорци како им претрчуваат по стапалата“, вели Ранкин.

Потоа следи царскиот период на Виена, проследен со валцери во балските сали во градот, разговори на Моцарт и Јохан Штраус. Низ опуштени балски атмосфери патувањето води во мрачното поглавје на историјата: атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево, се слушат сирени за напад од воздухот, а следната станица е бункер. По излегувањето од бункерот следи возење со кочија низ Виена, подобро речено, над Виена. Ова необично патување низ историјата на градот го овозможи најмодерната техника, а во проектот се инвсетирани 6 милиони евра. На околку 1.300 квадратни метри просторот ги пресретнува посетителите во желба да се забавуваат и набрзина да дознаат барем малку за историјата на градот.

Извор: danas.rs

ОкоБоли главаВицФото