Злоупотребени симболи

21.05.2012 14:12
Марија Оршиќ

Во секојдневниот живот се користат огромен број симболи за чиешто вистинско значење најчесто не сме свесни. Симболите ни се нудат на државните знамиња и грбови, во логоата на разни компании, на плакатите и во рекламните кампањи. Уште одамна луѓето биле свесни за моќта која се ослободува преку користењето одредени симболи, па поради тоа со големо внимание ги користеле во верски обреди и за време на управувањето со државата. Во 20-иот век тајните знаења почнаа сè повеќе да се изнесуваат во јавноста, па во допир со нив можеа да дојдат луѓе од најразличен профил. Резултат на овој тренд беше привидната демократичност во контактот со вечните вистини, но истовремено и профанацијата на поранешните возвишени симболи.

Езотериката го доживува својот врв во текот на Втората светска војна, кога германското нацистичко движење се поврза со разни окултни групи и понесено од нивните учења ја создаде една од најмонструозните идеологии. Повикувајќи се на победата и воспоставувањето нов светски поредок, водечките луѓе на Третиот Рајх штедро ги користеле светите симболи од различни традиции. По завршувањето на војната, на симболите им е одземена нивната оригинална моќ, а во очите на неизвестените луѓе им е доделена и негативна конотација. Кој денес може на нормален начин да ја доживее свастиката, која од симбол на Сонцето е претворена во злокобен симбол на уништувањето?

Малку е познато дека клучна улога при формирањето на идеологијата на Третиот Рајх и изборот на симболи кои се презентирани во јавноста имала една личност родена во Загреб. Станува збор за Марија Оршиќ, загадочна жена која уште од раното детство се истакнувала со способноста за комуницирање со духовите. Нејзиниот татко бил од Загреб, а мајка ѝ од Виена. Како млада девојка, таа се залагала за приклучување на Австрија кон Германија и била исклучително активна во окултното друштво Thule. Околу себе собрала група девојки кои исто така се одликувале со екстрасензорни способности и се нарекле Друштво „Врил“. Сите девојки носеле мошне долга коса, собрана во опавче. Според нивното верување, долгата коса им овозможувала контакт со другите димензии на постоење.

Важен миг во кариерата на Оршиќ бил оној кога таа воспоставила контакт со интелигентните суштества од планетарниот систем околу ѕвездата Алдебаран. Тоа биле фамозните Аријци, кои во далечното минато биле на Земјата и влијаеле врз развојот на цивилизациите од областа на Месопотамија. Освен нив, во општење со луѓето доаѓале и други вонземјани, кои вршеле негативно влијание врз населението на нашата планета. Според она што го канализирала Марија Оршиќ, проектот Третиот Рајх требало да го исчисти населението на Земјата и да ја востанови ариевската раса. За време на целата војна „Врил“ примала пораки од вселената која потоа на дело ги спроведувала германската војска. Во различните езотериски концепции за светот, во пораките се појавувале и загадочни симболи и многу конкретни планови за летала со тркалезен облик.

Се верува дека Марија Оршиќ била одговорна за започнување на германската вселенска програма и за почетокот на истражувањата поврзани со изградба на уреди за патување во други димензии. Кон крајот на Втората светска војна, во миговите кога станало очигледно дека се урива проектот за Третиот Рајх, Марија Оршиќ и нејзините долгокоси пријателки едноставно исчезнале, без никаква трага. Подоцнежните претпоставки за тоа се движеле од варијантата дека со подморница се префрлени во Јужна Америка, па сè до митот за заминувањето кај Аријците кои живеат околу ѕвездата Алдебаран. Зад нив останаа милиони загинати луѓе, уништени градови и симболи загадени со негативност. Германската вселенска програма се пресели во САД и таму послужи како основа за подоцнежните американски успеси во освојувањето на вселенските пространства. Езотериските идеи на тајните окултни друштва се инфилтрираа во популарната култура и на крајот доведоа до создавање на движењето New age.

Извор: novossti.com

Па дај бе Коља, плати им

Па дај бе Коља, плати им нешто на преведувачиве, не само да се жалиш дека малку трошки ти фрлаат за сајтов.

Без да барам други грешки, само ќе посочам една што ми го уништи написов:

“таа се залагала за пруклучување на Австрија кон Виена“

и не мислам на печатната грешка.

Антички, фала ти ко брату! Да

Антички, фала ти ко брату! Да имаме само еден процент вакви фини и конструктивни читатели ко тебе - Окно ќе леташе! Низ другите димензии:)

Па и вие браќа соросоиди сте

Па и вие браќа соросоиди сте луѓе, да ви помогнеме малку, се жалите дека малце ви се 1000 евра месечно за сајт каде што 90% теми се (лошо) преведени од странски сајтови/весници, а 10% се преземени од домашни (кои било, само да плукаат по Премиерот и партијата на власт).

И 1% се бладања на Коља.

И 1% се бладања на Коља.

ОкоБоли главаВицФото