НАТО

22.05.2012 10:04
Нато

Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Ниту ве фатиле љубовни проблеми, ниту сте во прединфарктна состојба. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина. И ние, што сме на опашката на овие прогресивни сили кои така лудо, да не кажам безглаво, јуришаат напред, жестоко ги чувствуваме ваквите нуспојави, а можете да замислите како им е на предводниците, на преродбениците, на авангардата на македонската нова реалност, на оние кои шибаат 24/7...

Уште премиерот не сфати во која временска зона се наоѓа, а веќе, во онаа бестежинска состојба во која што мора да се наоѓа за да биде истовремено и во Кина и во Бунарџик, само не во Чикаго, со посредство на МИА, ѝ се обрати на нацијата, а богами и на НАТО. На воодушевување на штотуку прогледаниот народ, аргументирано го докажа она што, на пример, Слободан Милошевиќ одамна го знаеше: дека НАТО е лицемерна организација, која ги користи малите држави за свои потреби, а во суштина им работи зад грб; дека станува збор за лицемерие и безобразлук итн. И, нормално, политичар од таков формат каков што е Груевски, нема намера да се појави во Чикаго ниту на било кој друг самит на НАТО, барем до оној момент додека не добиеме покана за членство. Под уставното име, се разбира. Згора на тоа, според Груевски, таму не смееше да биде ниту министерот за внатрешни работи Поповски, а камоли претседателот Иванов. Наша мерка, вели Груевски, би била присуство на заменикот министер за надворешни работи.

По ваквите изјави и последиците беа очекувани. Откога Груевски така вешто откри дека претседателите и шефовите на влади на околу 60 земји што во моментов присуствуваат во Чикаго, под маската на договори за Авганистан, во суштина кројат планови како да ѝ го сменат идентитетот на Македонија, јасно беше дека во Чикаго ќе избијат крвави демонстрации, а Самитот ќе западне во криза. Дека ѓаволот ја однесе шегата, можеше да се види и од моментот кога Обама демонстративно и револтирано одби да му намигне на Иванов.

Но, ние, ниту по цена на намигнувањето на Обама, нема да дозволиме да бидеме европска, а уште помалку НАТО-провинција. Ние имаме План Бе. Ние ќе бидеме - кинеска провинција. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да нè направи тајванска провинција, ама со оглед на фактот дека Тајван не произведува двокатни автобуси, оваа симбиоза мораше да пропадне. Конечно, кинеските искуства можат да бидат и тоа како корисни за нас. На пример, да нè научат како се гради Кинески ѕид. Таква една инвестиција ем ќе обезбеди работа за сите овдешни невработени во наредните два века, ем политички ќе ги изолираме и Европа и НАТО, со што ќе им зададеме конечен удар на овие преживеани политички форми.

Од друга страна, од аспект на граѓанин на општината во која живеам јас, значи Аеродром, онаа за која власта милува да каже дека е најурбана општина во државата, изгледа дека Груевски не бил во посета на Кина, туку на Јапонија. Тука, што би се рекло, како споменици по дожд, никнуваат бонсаи-цркви. Уште човек не стигнал „амин“ да каже, а веќе седум црквички го обиколиле. Под мотото „Кај ќе видиш згоден пешачки остров, ти црква засади“, целиот Аеродром се пошуми, или поточно поцркви со овие чудни зданија.

И покрај најдобра волја не можам да разберам за што служат овие закржлавени верски храмови. Ако и оваа мода влегува во папката „зачувување на идентитетот“, тогаш идентитетот мора да ни е минијатурен, недоразвиен и прилично грд. Просто плаче да се смени. Но, можда се други варијанти во прашање. На пример, тивка одмазда за укинувањето на веронауката во училиштата, па затоа се прават цркви за дечиња. Сепак, за волја на вистината, црквите што се пред мојот влез, повеќе изгледаат како верски храмови за некој вид на Штрумфови, отколку за деца. Или, уште повеќе, за некои калимера, кои нон-стоп плачат дека нема правда, отколку за гордиот библиски народ.

Еве уште една корисна работа од Министерството за внатрешни работи. Потпишаа договор за соработка со Факултетот за драмски уметности. Сега идните актери ќе глумат криминалци, а полицајците ќе глумат дека ги ловат наводните криминалци. Ваквата соработка е корисна од неколку аспекти. Прво, актерите, на кои до сега резервна професија им беше пеењето, сега ќе можат да научат уште еден занает што и тоа како ќе може да им се најде во иднина. И, второ, полицијата, која и онака глуми дека го спречува криминалот, сега ќе може да се усоврши во својата специјалност.

Овие денови се изнаслушав муабети за фудбалот. Те „Јувентус“ нешто, па „Наполи“, па „Челзи“, па... Само што никој не знаеше да ми каже дали заврши македонското фудбалско првенство. Некои злобници ќе кажат: каква политика, таков фудбал. Тешко, значи, може човек да смисли позалудна работа од Македонската прва фудбалска лига. Освен можеби македонската надворешна политика. Инаку, за ваша информација, првак е „Вардар“. Тоа е оној клуб што годинава требаше да игра во Втората лига, но бидејќи Македонија, за разлика од НАТО, е позната по правичноста и фер-плејот, клубот што има обратнопропорционален број навивачи од бројот на седиштата на неговиот стадион, ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Тоа го нема ни во Кина.

Томислав Николиќ стана претседател на Србија. Се чини дека балканските работи доаѓаат на свое место. Речиси сум убеден дека ни е обезбеден силен ветер во грб на нашето патување кон Кина. Затоа е препорачливо да се врзете.

Извор: globusmagazin.com.mk

Исто и ти, Ѕвездане. Исто и

Исто и ти, Ѕвездане. Исто и ти. Уште (електронското) мастило од интервјуто не се исушило, ти имаш спремна анализа на него и на последиците.

Се движиш со суперсонична брзина, Ѕвездане, а обвинуваш други дека тоа е многу лошо.

Е Sвеки, Sвеки... појела те

Е Sвеки, Sвеки... појела те туга "жута"... твојот идентитет со сигурност не би можела да го спаси ниту најголемиот соборен храм или катедрала во светов, а уште помалку да ти ги испере гревовите.
Греота е што сеуште некој воопшто отстапува простор за изгубени души како тебе по медиумиве, ама за жал тоа никој неможе да го спречи. Ни останува само да се молиме (па дури и во тие најмалите штрумф црквички) господ да не чува од "новинари" како тебе.

За авторот на оваја бљувотина

За авторот на оваја бљувотина само ке речам дека пати од синдромот *мало куре* шииииироко дупе.

Da vi kazam ama preku takvoto

Da vi kazam ama preku takvoto mi e od nato i od nivnata otvorena vrata. Abe promaja me skina daj vise neka ja zatvorat aman vise a i bajagi smrdi od kaj niv.

Ajde raspalija po Zvezdan

Ajde raspalija po Zvezdan prerodbenicite!

Свездан е цар! „Конечно,

Свездан е цар!
„Конечно, кинеските искуства можат да бидат и тоа како корисни за нас. На пример, да нè научат како се гради Кинески ѕид. Таква една инвестиција ем ќе обезбеди работа за сите овдешни невработени во наредните два века, ем политички ќе ги изолираме и Европа и НАТО, со што ќе им зададеме конечен удар на овие преживеани политички форми.“

И ова е многу добро: И покрај

И ова е многу добро:
И покрај најдобра волја не можам да разберам за што служат овие закржлавени верски храмови. Ако и оваа мода влегува во папката „зачувување на идентитетот“, тогаш идентитетот мора да ни е минијатурен, недоразвиен и прилично грд. Просто плаче да се смени. Но, можда се други варијанти во прашање. На пример, тивка одмазда за укинувањето на веронауката во училиштата, па затоа се прават цркви за дечиња. Сепак, за волја на вистината, црквите што се пред мојот влез, повеќе изгледаат како верски храмови за некој вид на Штрумфови, отколку за деца. Или, уште повеќе, за некои калимера, кои нон-стоп плачат дека нема правда, отколку за гордиот библиски народ.

Си осеќаат преродбениците

Си осеќаат преродбениците кога некој ќе ги нагази. И рипаат одма, ко мачки од цртани филмови ко ќе проголтаат динамит... Јадни преродбеничиња, јадни штрумфчиња...

Штрумфастично!

Штрумфастично!

Јој, ал` ме нагази, ма шта да

Јој, ал` ме нагази, ма шта да ти причам.

Оваа Жалосна Сова не може ни земја да нагази.

Очигледно е дека ве гази по

Очигледно е дека ве гази по нерв штом волку напињате. Мислам дека ОКНО треба да воведе рангирање на написите според преродените реакции. Добар текст, нервозни вмроиди

Е ај кажи што има толку добро

Е ај кажи што има толку добро во текстот, искулиран бандиту.

ОкоБоли главаВицФото