1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
По Чикаго, „вториот Букурешт“ (или третиот?!), и по хировитата реакција на премиерот, работите во општеството драматично се усложнуваат. Се покажува дека ние имаме поголем проблем од шестгодишните погрешни политики. Се покажува и дека дезориентираниот водач не е нашата најголема мака. Оти, да беше проблемот само во погрешните политички проценки, македонското општество немаше да биде во вакво очајание. Трагедијата на општеството, за жал, е поголема од погрешните политики.
Треба јасно да се каже (иако е кажувано, но ретко кој сака тоа да го слушне): груевизмот е деградација на македонскиот капацитет за држава. И тој е таков од самиот почеток, откако Груевски партијата ја поистовети со државата, а државата ја поистовети со општеството, за челично да владее со сите нив. Најновите хистерични и вообичаено неодговорни изливи на бес на Никола Груевски, неспорниот господар на земјата, само уште еднаш на најсоголен можен начин покажуваат дека Македонија во моментов не е ништо повеќе од племенска заедница во која владеат трансовите на шаманите и поглавиците. И затоа велам, дури ни самиот водач веќе не е најголемиот проблем на општеството. Поголем проблем е слепилото на македонската елита да го согледа Груевски не само како неуспешен политичар, туку како ретардација и исмејување на нашиот историски капацитет да имаме држава.
Зашто го констатирам ова? Затоа што груевизмот секојдневно го укинува просторот за рационалност и за разумна размена на спротиставени аргументи. Реакциите на премиерот, после сите многубројни интернационални порази, сите шест години се исти: најпрвин, самиот тој и неговата екипа се сосема невини, а потоа судиите се против нас, публиката не нè сака, атмосферските услови не ни одговараат, а и боговите најчесто ни вртат грб. Инаку, ние, со него на чело, сме најдобрите, најчесните, најискрените итн. Самиот водач е еманација на тие нај-нај особини на најстариот народ на светот. Сите други народи се подли, неискрени, итромани, сплеткари, само ние се бориме за правдата, идеалите и вечноста. Додуша, има грст плевел и во нашиот народ, тоа се злотворите околу Бранко и Сорос, ама здравиот ген ќе надвладее и под истото знаме племето ќе ни трае уште неколку милениуми, и по пропаста на ЕУ, Америка и другите зли и нечесни сили.
Политиката би требало да биде рационална работа. Потпрена само на емоции и на постојано подгревање на ирационалниот национализам политиката ризикува да го запали и да го пеплоса целото општество. Популистите кои ја злоупотребуваат политиката обично немаат проблем да ги разгорат емоциите, бидејќи огнот на страстите поснажно блеска во просторите со кои владеат помрачени умови. Нам, во нашиот мрачен вилает, ни се случува токму огнот на помрачените умови.
Всушност, ни се случува она што Виктор Иванчиќ го нарекува мастурбационализам – експлоатација на настраданите сонародници поради тековни сетилни и политички потреби. Таквиот мастурбационализам службено се води како искажување пиетет спрема нацијата. Таквата политичка порнографија се прикажува непрекинато на раширените платна низ плоштадите по градовите. Насликаните ќупови на изобилието заедно со сликите на националните непријатели толпата ги гледа на екран, во една хипертрофија на реалноста, сè со цел да се постигне што поголема надразба. А заправо, како што вели Иванчиќ, целокупната историја на националистичката (или на тоталитаристичката) реторика се сведува на големата низа обиди олошот да се претстави како олош од нужда, од немајкаде. Монструмот треба да се прикаже како спасител. (Нам токму груевизмот низ фигурата на „преродбеникот“ ни покажа дека со симбиозата на стариот и младиот болшевик, од една страна, како и со спојот меѓу тајкунот и политичкиот моќник, од друга страна, како во мермер да се отелотворува средишната фигура на нашата вечна транзиција - „преродбеникот“, суштество со особини на монструм и свест на спасител.)
Но, велам, мастурбационализмот (или „зомбификацијата“ или, ако сакате, „преродбата“) до тој степен ги умртви енергиите во општеството што дури и најдраматичните укажувања (налик на моите, налик на ова) наидуваат или на отворено непријателство од нераскинливиот блок меѓу поглавицата и неговите шамани или на игноранција од страна на т.н. неутрална елита која во критиките гледа само неважни борби за власт, а не подраматични историски искушенија. Таа збунетост на граѓаните, тоа лудило во кое сме фрлени, најдобро го покажуваат анкетите: две третини од граѓаните мислат дека земјата оди во погрешна насока, но тешко го лоцираат виновникот за погрешната насока. Исто така, ретко кој ја лоцира сопствената одговорност за состојбите во земјата, и сегашните и, особено, идните состојби. Како сите ние да не сме тука, како некој да нè заспал, или како да чекаме работите да се расплетат сами од себе.
Дури и новата држава Косово изгледа неспоредливо посериозно и поодговорно од Република Македонија. Да не зборуваме за Србија. Не само што Србите во Хаг мораа да ги испратат своите воени „херои“ (на чело со Милошевиќ), туку вака или онака мораат да ја голтнат и независноста на Косово. И покрај сето тоа, опустошена Србија наоѓа капацитет за демократски развој и деновиве присуствуваме на европеизирање дури и на некогашните шешељевци. Во Македонија, под груевизмот, како да се одвиваат сосема обратни процеси: деевропеизација и, ако сакате, „шешељизација“ (шашардизација) на земјата под водство на опасните медиумски кловнови-злосторници предводени лично од Пастирот.
За крај, уште еднаш ќе ја раскажам старата легенда за свирачот од Хамелн. Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот кој требало граѓаните да ги ослободи од стаорците. За возврат требало тој да ја побара и добие ќерката на градоначалникот. Свирејќи на флејта Свирачот навистина ги извел стаорците од градот, но за награда не ја добил раката на градоначалниковата ќерка туку кутија за својата флејта. Резигниран и разочаран во граѓаните на Хамелн, Свирачот решил да им се одмазди. Сите деца од Хамелн Свирачот ги однел во смрт, така што, како стаорци, ги извел од градот со помош на волшебната музика што ја создавал свирејќи во волшебната флејта.
И таа прастара приказна за свирачот од Хамелн уште еднаш ни зборува за нашиот свет, за изневерените очекувања, измамите, хипнотизирачката музика, очајниот народ и, не најнакрај, за стаорците и монструмот-спасител.
Ама мораше да ставиш ограда
Испратено на 22 мај 2012 од AntičkiАма мораше да ставиш ограда (од загради) во насловот. Миленко ти ја позајми?
Накратко, авторот сака да
Испратено на 22 мај 2012 од tl;drНакратко, авторот сака да каже „Во Грција сеуште има нацисти што не можат да се помират со фактот што постојат Македонци, и затоа сега сите треба да гласате за Бранко. Сите што не мислат како мене се примитивни и непрогресивни мрачни сили, a пишуваат коментари на мојот сајт зашто некој ги плаќа повеќе отколку што мене ми плаќа Бранко.“
Патем, авторот е член на СДСМ.
Приказната за Свирачот од
Испратено на 22 мај 2012 од АнтигруевистПриказната за Свирачот од Хамелн е совршена за Македонија. Архетип за нашата состојба. Треба повремено да им се навраќаме на легендите и бајките. Секогаш зборуваат за нешто што е важно и денес.
Точно, треба да им се
Испратено на 22 мај 2012 од tl;drТочно, треба да им се навраќаме на бајките зашто само со прикаски Бранко може да се врати на власт.
Мислам дека нема потреба веќе
Испратено на 22 мај 2012 од СдсмашМислам дека нема потреба веќе да се лажеме и да го штедиме лажниот Пастир. Треба се’ да му плеснеме во лице, токму како што самиот плеска. Во таа смисла, Гелевски е на правиот пат. На секој оној кој на Гелевски ќе му каже дека претерува, дека состојбите не се толку црни, дека реагира преемотивно итн, вака може да му се одговори, од сега па надаље: „Во таа смисла, да, нашата реакција е емотивна. Нашата реакција е логична и реална! Што треба да правиме? Да се радуваме? Да ја криеме реалноста и да забошотуваме и замајуваме сопствениот народ? Да бидеме политиканти од профилот на еден политичар кој ни се промовира на македонската сцена цели 20 години (т.е. 10, ако мислиме на вториот политичар, заб. на Сдсмаш)? Ние не сакаме и не знаеме да бидеме лицемерни... Не. Ние кажуваме директно. Јасно и прецизно. Искрено и чесно. Никогаш не очекувајте дека ќе лажеме.“ (Никола Груевски, во писмото до пратениците на СДСМ)
Гелевски не претерува,
Испратено на 22 мај 2012 од tl;drГелевски не претерува, Гелевски пишува по нарачка. И како што му напоменуваат секојдневно од СДСМ - недоволно претерува, затоа што не успева да им го крене рејтингот.
Кој за што, курвата за
Испратено на 22 мај 2012 од СдсмашКој за што, курвата за чесноста, а преродбениците за рејтингот. Само тоа им е во глава. Би го продале и лешот на својата баба (завиткан во тепих со антички шари) само за рејтингот. „Све све, ама рејтингот...“
Јасно е дека и најновово падавичарење на Малиот-Големиот (Златниот-Црниот) е околу рејтингот, што друго.
Инаку, ко што објави екстремно прорежимскиот Дневник, односот меѓу ДПМНЕ и СДСМ е 21:18. А дека земјата ни оди во погрешна насока во истата анкета рекоа 67% од граѓаните.
Хмм, гледајќи ги ставовите на
Испратено на 22 мај 2012 од tl;drХмм, гледајќи ги ставовите на СДСМ би рекол дека баш тие би ја продале мртвата баба завиткана во тепих, и би и пишале на гробот „Тука почива нашата Славобаба, но барем е во НАТО“.
Секако, тоа би им го кренало рејтингот, но треба ти првин да ја натераш бабата да си го смени името, па дури после ќе ја закопаат :)
И не жали по Дневник! Ти не беше доволно добар за таму дури ни кога беа од другата страна :)
Па, добро, зашто Гелевски
Испратено на 22 мај 2012 од Теоретичарка на хаосПа, добро, зашто Гелевски нема право да се повикува на емоции, чесност, логика и реалност, исто како Пастирот? Ако заклучуваме дека Гелевски пишува по нарачка, со слични аргументи како на пастирот, зарем не е логично да се заклучи дека тогаш и пастирот работи по нечија нарачка? Која логика е вистинска? Која реалност е стварноста?
Но, во едно има право Гелевски: со преродбениците тешко се разговара. Калапот на нивниот пастир е целата нивна стварност.
Перверзна е тактиката на мали
Испратено на 22 мај 2012 од Преродбеник (од следните)Перверзна е тактиката на мали црни Грујо да биде жртва. Додека на сите нас мајка ни расплакува, на најгруб можен начин, во исто време изиграва жртва кон надвор. Македонија ја газеле и понижувале, вика пастирот. Исто како што тој нас не’ гази и понижува? Се бори за правда, искреност итн. во надворешните односи. А зашто бе за истите вредности не се бори и внатре во земјата? Зашто се’ е партизирано? Зашто судовите, медиумите, јавните претпријатија и се’ друго во земјава е под контрола на партијата? Зарем тоа е фер, чесно, искрено „создавање вредности“? Зарем тоа не е терор многу пострашен од игноранцијата што ЕУ ја има кон РМ? Најпосле, од ЕУ не ни очекувам да бида фина и милозлива кон мене, како граѓанин на РМ. Но, од црни мали Грујо очекувам да биде фер. А не е фер.
Коментаторските војничиња на
Испратено на 22 мај 2012 од сдсмашКоментаторските војничиња на ДПМНЕ само го потврдуваат совршено опишаниот профил:
Нам токму груевизмот низ фигурата на „преродбеникот“ ни покажа дека со симбиозата на стариот и младиот болшевик, од една страна, како и со спојот меѓу тајкунот и политичкиот моќник, од друга страна, како во мермер да се отелотворува средишната фигура на нашата вечна транзиција - „преродбеникот“, суштество со особини на монструм и свест на спасител.
Овде нема „партиски
Испратено на 22 мај 2012 од tl;drОвде нема „партиски коментатори“, освен ти Гелевски :)
Никако да сфатам како е можно некој, кој е член на Советот за култура на СДСМ и од нив добива пари за окно, може да ми пишува „колумни“ во кои се зборува за некаква непартизираност и размислување ослободено од политича пропаганда.
Јас не добивам пари за да го мислам ова што го мислам. Не добивам ни медиумска поддршка, упатство, финансии од некаков фонд или тапкање рамо (како што добиваш ти) за да го искажам МОЕТО мислење.
Не добивам ни пари за да го одглумам ова што го пишувам како да е мое, сопствено мислење.
Го пишувам тоа што го мислам, онака како што сакам.
И имам право на тоа.
Можеш да го замислиш тоа, некој да размислува со СВОЈА глава, без да добива „препораки“ како да го прави тоа на некаква седница на партија (ВМРО, ЛДП, ДУИ, ДПА, или еве СДСМ како во твојот случај) ?
Не мачи се да одговориш, реторички е де :)
И биди им благодарен на читателите што го посетуваат твојот сајт и оставаат по некое нивно мислење, бесплатно. Сепак, 40% од коментарите овде (т.е. оние кои не се напишани од тебе), се токму од твојата публика :)
„Мастурбационализам –
Испратено на 22 мај 2012 од Преродбеник (од следните)„Мастурбационализам – експлоатација на настраданите сонародници поради тековни сетилни и политички потреби. Таквиот мастурбационализам службено се води како искажување пиетет спрема нацијата.“
И така Груица ги дрибла сите, истовремено џелат и жртва, истовремено Воин на коњ и ситно стаорче-македонче.
она што некогаш беше Слобода
Испратено на 22 мај 2012 од Пресклиперона што некогаш беше Слобода и кое за овие шест и кусур години се сведе само на именка со која деликвентите на Ленинова си играат мајтап, не е нешто што е загрозено само од силеџиите на власт појачани со сите тепачи распоредени на клучни места во сите пори на општеството, а најмногу во судството, обвинителството и Министерството за внатрешни работи. Во поголем дел Тие-се-Тие кои, заедно со милијардите евра “ја однесоа“, безмалку, во неврат. Но, да немаме илузии, асистираа интелектуалци, а особено деликвенти на, овојпат мораме да се погрижиме, на привремена работа во новинарството. Идната управа на Идризово ќе треба да биде претпазлива и да не им се случи при некаква контрола, некој од овие злосторници да го пронајдеме како уредник или соработник на затворскиот зиден весник!!
Ѓунер Исмаил, sky.mk
Многу големи зборови од еден
Испратено на 22 мај 2012 од ЉокаМногу големи зборови од еден ситен кодош.
Проблемот на Гелевски не е во
Испратено на 22 мај 2012 од CitatelПроблемот на Гелевски не е во тоа што претерува или што е во право или не е во право.
Неговиот проблем е што е екстремно, неподносливо здодевен и повторлив.
А тој за кој што Гелевски
Испратено на 23 мај 2012 од ....А тој за кој што Гелевски пишува и предупредува, не е уште повеќе повторлив и досаден? Сакаш да солира?!
А што му фали на Гелески
Испратено на 23 мај 2012 од BontonА што му фали на Гелески толку што секој ден предвидува апокалипса? Си има сајтче, си го уредува, си пишува на него што сака, си препишува од странски сајтови што сака, си коментира што сака...
Но, човечката душа е алчна. Тој би сакал еден ден да биде министер за култура, па затоа мора да одработи. Дури и да не добил такво ветување, тој во својата глава си го замислува.
Преродбена перцепција: Коља е
Испратено на 23 мај 2012 од ПсихогерилаПреродбена перцепција: Коља е против Грујо бидејќи е член на СДСМ. (Неговото противење е платено, односно тој можеби искрено и го почитува пастирот, само ете, тие 1000 евра месечно се слатки.)
Проста обсервација: Коља е член на СДСМ бидејќи е против Грујо.
Опсервација на дечкото на
Испратено на 23 мај 2012 од УлтрапрогресивенОпсервација на дечкото на Коле: Коле има мал „коле“.
Никола Гелевски ти мора да си
Испратено на 23 мај 2012 од ЧитателНикола Гелевски ти мора да си глуп, слеп или некој те плаќа. Сите услови се исполнети за влез во НАТО. Проблемот е ветото на Грција. Текстот ти е непотребен!...инаку Кољевизмот е многу поинтересен феномен за проучување и критика! Синоним за јадење „слатки“ со пари од фондации и ништо конструктивно освен добар дизајн на Маргина и создавање на цела армија на фразеолози и квазиинтелектуалци. Стар си сега, почни да размислуваш кај ќе ти оди душата и фати се за вистинска работа!
иде грујевски у поход на
Испратено на 23 мај 2012 од апокалиптичариде грујевски у поход на далечен исток, антинато варијанта, да поебе шо има по кина торино и милано за на крај да се исповрати у црквата со жута табла: фпро, ради грешни партнери за дупчење. тоа далечен исток му иде ко премин на камени мост до даут пашин амам, тука, тој празен шуплив безмозочен простор, грујо се препозна пошо мозокот му е таков, тука на местото на чудата кај шо господ последен пат си го бришел газот во црквата светла праодрта мртвоотесана димитрија, кај шо он решава да тоа е исток и да он тука се постеле ко чергар со милионите шо ги бутал со години у шупак. сега тие, милионите се извадени од пупак, али тоа има историја, тоа не е тек така сеа он да сади кај шо му текне и све тоа.
му тукнуе значи на печуркароф; иначе печуркар, е новиот надимак со кој овие од педерскава процесија од фпро - фекално педерскиве (ем) ретарди, го завикаа - пошо се дешава демонстрација на ментално малтретирање врз плебсот на секои петнаес до дваес дена, по основ, данок и печурки ко алтернатива на скулптури, даночни обврзници и скулптури по основ данок на оставена печурка кај ти текне, паркинг и рамка на устав и закони според фпро за скулптурирање и остатоци од стрес поради тоа што во нато нема педери кои шо него го разбираат, од типот орбан.
нешо за шо пишуеше професорка маја, ако ви текнуе, она, дисторзијата на реалноста која тешко се спознава, заедно со секој закон кој што е неразбирлив освен за печуркариве. има и други основи за печуркосад, шо нато тато, шо еу мјау, шо триста до четрсто миљона позајмици на стаорот за потребите на печуркарската диктатура итн. шо мед поматен со ум, медиум под контрола на чизмашите; он значи сади печурки по град кај му текне, причини разни: некој од меџународна зеједница го одјебал тврдо, потврдо амин, одгоре ако е намачкано со грчки намаз + ако дома внатре у некоја од споредниве камери од двособниоф стан некој му закачил пајажина на ќош и фаќа муви без негова дозвола. јебига, мора да се тргне внимание од нато тато и со хронична болест на забрана за правење друга конфесија освен ортодокс парадокс или тип јован вранишковски. тип ко тип, ако се замерил со фпро ќе оди курбан ко неискористен прдеж у мировни цели анти-фокус од стварноста.
печуркароф према тоа, решава дека е време да врнат пари, а на местото на врнежот да никнуваат печурки од бронза, бетон, шо мермер и друг градежен материјал. печурки чоече, доволни да нараниш цело стадо јадни поддржувачи на фпро, стоката. јебига, гадно е со педери печуркари.
dafuq did i just read?
Испратено на 23 мај 2012 од dafuqdafuq did i just read?
Пропуштените апчиња на Коља.
Испратено на 24 мај 2012 од ПсихичПропуштените апчиња на Коља.
Секогаш, секаде, било е и ќе
Испратено на 24 мај 2012 од Љубомир БочваровСекогаш, секаде, било е и ќе биде како кај нас, ние само сеуште не сме отрпнале па крекаме.
Во 1957 година, во САД, поетот Чарлс Буковски ја објавил оваа
“Песна за кадровските менаџери“
1
Стариот човек ми побара цигара и јас две му дадов.
Барал работа, да е на сонце и да може да се пуши -
а беше толку парталосан и лигав - на смртта јадот!
Денот беше навистина студен, ни ѕемнеа нозе и уши,
а шлеперите, претоварени и тешки како курви стари,
стенкаа и чуреа по улиците, како коњ да им го зарил.
2
Ние бевме отфрлени како штици од скапан патос,
како власта да си го расцепила черепот за да ù лекне
така што грижата на совеста во мозокот да ù секне -
без добар бифтек, Бог е осамено место и на Атос!
Ние бевме птици на умирачка, бродови што тонат,
власта нè затрупуваше со бронза, камења и бетон;
ние претавме со раце и нозе, како стонога склона
своите смртни бакнежи да му ги завешта на светот:
додека лидерот `политики` ги нарекуваше штетите
слугите негови добронамерно ни ги кршеа`рбетите.
3
И така си пушевме, мали луѓе со мисли на риби на суво!
Не победуваат сите коњи и сите не ги топлат ќебиња!
И дур`затворите и болниците облекуваат светлосно руво
а слуги држат знамиња грижливо како да се бебиња,
знај дека ти си само едно опустошено срце и стомак,
и како слеп патник со најдобриот авион оди си дома,
или, ако в ресторан, беспари си решил да јадеш пиле,
гледај да си нарачаш мисирка (што јас ја викам Лиле!)
4
И ако си решил да отепаш некого, убиј кој и да било
а не токму некого, зашто некои се од специјална лоза,
направени како дупки на чевли со позлатеното шило:
не убивај ако ти е цел некој што има посветена поза,
претседател ил`крал, ил`човек во фотеља од сафијан -
таму не чачкај, тоа се луѓето од рајската географија.
Еве, нас отепај нè, оти пушиме и гледаме напоречки,
`рѓосани од качувањата по скали со скршени пречки.
5
Отепај нè нас, може Бог сака на тебе да нè подари
оти во љубовните песни не знаеме што е амфидеум;
нема штета, и онака лицата ни се испукан линолеум,
разгазен од тешките стапала на нашите господари.
Нè погоди сачма од првокласен морков и маково семе,
нашата најдобра патерица е пак исчанчена граматика;
како лудиот кос в шума, го расфрламе нашето време
и се молиме алкохолните ноќи да ни се без драматика.
6
Нашите свиленоболни насмевки наоколу нè шират
ко да сме нечии конфети што некој ги фрла со сласт,
ние сме карневалот којшто не треба да го смират
иако дури и не припаѓаме на Партијата на власт.
Емајлот ни го збриша четката на Времето, иако болна,
и сега позаспани чадиме како чинија со смокви полна;
отепај нè брзо за имињата да ни излезат во весници:
мртви ко магла, најдени во када распорени кресници!
7
И така, за момент, конечно се осознаени факти,
за оние милиони нељубопитни и затупавени очи,
кои искрат и пламнуваат сал на палјачовски акти
што кантри-комичари им ги сервираат без почин.
Конечно, тие ќе бидат забележани, а и ти со нив,
од седиот јавач на седиот коњ, што го викаат Смрт,
за чиј меч нема земска`рѓа што може да го срони,
што е подолг од ноќта и од било кој планински срт,
подолг од сите надежи, молитви и палења темјан,
подолг од криковите на луѓето под атомски бомби
што ќе беа среќни да поживеат дури и како зомби
ама грлата им експлодираа во непланирана земја.
8
Ние чад сме и облаците не ни прават евала,
мачка сме што Шекспира со сугреби го кити,
лој, лој за свеќите сме, и заглавени кревала:
нашата свест гори на кусиот животен фитил.
9
Стариот човек, без желба нешто да ми ќари,
ми побара цигара и простодушно разврза
за гајлињата кои ги имал и еве што ми кажа:
дека Времето за нас злосторнички забрза,
дека Милосрдието си одбра мермерна лажа,
а дека Омразата си ги прибра готовите пари.
Тој старец можеше татко да ви биде, или мој,
може беше манијачиште, или од Божјиот сој.
Но што и да беше, тој беше отпишан дедо,
и ние стоевме на сонце, пушејќи чат-пат,
и во нашето безделничење вртевме врат -
за да видиме на кого тоа му дошол редот.