Нова перцепција на Њујорк

22.05.2012 11:17
Нова перцепција на ЊујоркНова перцепција на Њујорк

На покривот на познатата њујоршка музејска институција Metropolitan museum of art пред неколку дена за јавноста беше отворена инсталацијата „Cloud City” на аргентинскиот уметник Томас Сарацено.

Инсталацијата се состои од шеснаесет шестоаголни модули, просторно меѓусебно поврзани. Елементите се составени од геометриски и транспарентно разновидни стаклени плочи, врамени во челични рамки и зглобови кои заедно составуваат нов динамичен простор со невообичаени амбиентални карактеристики.

Рефлективните, провидните и сјајните компоненти на стаклата, нивното насочување, одразување и реакција на светлото и визурите на околниот град внатре во инсталацијата, создаваат просторни илузии и нови перспективи на обиколниот хоризонт на Големото јаболко. Покривната „молекуларна“ инсталација е долга 16, а висока 9 метри, и содржи низа скалила во структурата која на посетителите им овозможува достапност во горниот модул.

Концептуално инсталацијата на Сарацено реферира на неговите вообичаени сфери на интерес, хемија, биологија, физика, инженерство и проучување на вселената, додека инспирацијата за дизајн може да се прочита во формата на бактеријата, облакот, соѕвездијата, пената или невронскиот комуникациски систем. Во своите просторни инсталации, вклучувајќи го неодамна подигнатиот „Град во облаци“, Сарацено создава користејќи елементи на архитектура, комплексна геометрија, биологија, експериментирајќи со затекнатото опкружување.

Со оваа инсталација Сарацено се обидува да го реконтекстуализира познатото окружување, овозможувајќи им на посетителите низ интерактивна инсталација да ја доживеат (невидената) перспектива на градот низ потполно ново и различно искуство.

Поради временските ограничувања, лимитираниот број на посетители кои истовремено можат да пристапат до инсталацијата и посебната облека која мора да се носи, музејот МЕТ отвори посебен дел на својата интернет страница на кој можат да се добијат упатства и новости за оние кои сакаат да го посетат Cloud City.

Извор: tomassaraceno.com

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото