Одмаздата на глобализацијата

22.05.2012 13:15
САД – Одмаздата на глобализацијата

Ерик Магиковски, млад претприемач од Силиконската долина, деновиве треба да отпатува во Кина за да преговара за тамошно производство на неговиот изум „pebl“ (камче).

Станува збор за рачен часовник кој е многу повеќе од традиционалниот инструмент за покажување време: комуницира со мобилниот телефон, покажува кој ѕвони, мери пулс и може да се програмира за многу други работи.

Тоа е проект во кој, на повик преку интернет, своите пари ги вложија 67.000 луѓе, а веќе, само на основа на прототипот, порачани се 85.000 примероци. Ќе чини 150 долари и, секако, ќе се произведува во Кина.

Сепак, најголем феномен и најголем парадокс на глобалната економија е „Кимерика“, како што од неодамна ја нарекуваат симбиозата на, од една страна најголемата, а од друга страна најбрзо растечката светска економија. Америка и Кина имено во исто време се и ривали и партнери. „Кимерика“ е економски организам кој настана со комбинација на кинескиот развој и американската суперпотрошувачка. Америка својот дефицит, односно својата потрошувачка ја финансира со продажба на своите обврзници во Кина, која ги купува со доларите од трговскиот суфицит со Америка.

Минатата година Кина во САД извезе 295 милијарди долари повеќе одошто увезе, а слично ќе биде и годинава. Поради тоа врз американско-кинеските економски односи може да се примени онаа прочуена формула од Студената војна: доктрината на „обострано загарантирано уништување“. Имено, секоја страна може економски да ѝ наштети на другата, но на подеднакво сопствена штета.

Кога Обама минатата година, на вечерата која ја приреди во Калифорнија за шефовите на информатичката индустрија, ги повика ги своето производоство од Кина да го вратат во земјата, еден од нив му објасни зошто е тоа невозможно. Тоа беше тогашниот шеф на „Apple“ Стив Џобс (на кого тоа му беше едно од последните појавувања, пред да почине од рак на панкреасот).

Она што им е потребно на производителите на модерните електронски уреди, мобилни телефони, компјутери и слично – ефикасност, флексибилност, масивност, брзо ангажирање на работна сила – денес е можно само во фабриките на Кина.

Во исто време, за време на изборната кампања, иако изборите се дури во ноември, Обама како едно од своите достигнувања ја истакнува „реиндустријализацијата“ на Америка, земајќи ја за пример автомобилската индустрија. И навистина, иако само пред три години двајца припадници на детроитската „голема тројка“ банкроитраа, а третиот беше со огромни загуби, „General Motors“, „Ford” и „Chrysler” (чијшто мнозински сопственик во меѓувреме стана италијанскиот „Fiat“) денес се повторно профитабилни.

Инаку, во изборната кампања доминираат прашања од економијата, а најмногу американскиот економски раст (околу два проценти), високата невработеност (моментално 8 проценти), големиот буџетски дефицит (10 проценти БДП). За секој буџетски долар, државата позајмува 40 центи.

Тоа е повод и за големата национална дебата во која учествуваат речиси сите интелектуалци и политички капацитети на нацијата, чиј фокус е прашањето дали Америка го достигна својот зенит и дали, иако е сè уште најголемата економска, политичка и воена сила во светот, сепак назадува.

Тоа е и повод за дијагонозата од типот дека „првата деценија на 21 век воедно е и декада на ’американското столетие’“.

Дали е токму така? Америка несомено има големи проблеми, но факт е дека речиси сите земји во светот своите економски неволји со задоволство би ги замениле за нејзините.

Со околу 15 трилиони (илјада милијарди) долари бруто национален производ, Америка е далеку најсилната светска економија. Следните две, Кина и Јапонија, годишно произведуваат и низ услуги разменуваат дури една третина од она што за исто време се постигнува овде.

Но, Кина расте со стапка од 8,5 проценти, додека Америка се надева дека во догледно време ќе ја достигне својата традиционална стапка од 3,5 проценти. Ако обете земји го задржат ова темпо, тогаш Кина би можела веќе за 10 години да стане светска економија број еден.

Но, тоа не значи дека Кинезите ќе бидат побогати од Американците. Просечниот американски доход по глава на жител денес изнесува околу 48.000 долари, а кинескиот само 4.000. Затоа што има четири пати повеќе жители, Кина тешко може да го достигне американскиот животен стандард.

Но, да се присетиме на предвидувањата од крајот на осумдесеттите дека Јапонија за десет години ќе ја престигне Америка и ќе стане светски економски шампион. Не се остварија: наместо тоа, Јапонија назадуваше и местото број два ѝ го препушти на Кина.

Од друга страна, европскиот предизвик ослабе: кризата во еврозоната ја соочи ЕУ со неопходноста да ја преиспита формилата за својата интеграција, што за резултат денес ја има борбата за гол опстанок во некои земји на нејзината периферија.

Најреалистична дијагноза на денешниот економски (па и политички) светски поредок, всушност, гласи дека САД остануваат најголемата економија и најголемата политичка и воена сила – но во пременет свет.

Главна карактеристика на таа промена е „падот на останатите“. Улогата на локомотиви на глобалната економија ја презедоа Кина, Индија, Јужна Кореја, Бразил... Америка, освен тоа, се соочува и со „одмазда на глобализацијата“: во потрага по профит, нејзините корпорации производствата ги преселија таму каде што работната сила е поевтина и таму инвестираат во индустриски погони. Резултат се нивните големи заработки – но и деиндустријализација на Америка.

Затоа „реиндустријализација“ е политичка парола на денот, која, како и слични други пароли на друго место, е повеќе желба отколку реалност.

Извор: Политика

Илустрации: Хенри Кемпбел

I'm not wrohty to be in the

I'm not wrohty to be in the same forum. ROTFL

ОкоБоли главаВицФото