Твитерашка имала секс

22.05.2012 12:28
Твитерашка имала секс

Членката на друштвената мрежа Твитер под име shmizzla_s имала сексуален однос ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, дознаваат Пара вести.

Според наводите на пријателите кои сакаа да останат анонимни, сè започнало кога shmizzla_s не се појавила на Tвитер цели 48 часа.

„Навикнавме на нејзините твитови на сметка на сексот, машко-женските односи и слични теми за кои пишуваат многу твитерџии. Кога нејзините твитови изостанаа цел ден, сите забележавме дека нешто не е во ред, па ја алармиравме заедницата и некако дознавме што се случило“, вели твитерашката anna_bananna.

Како што дознавaме, твитерашката имала секс во вторникот околу 23 часот, по што цели два дена немала потреба да се логира и да твита. Инаку, момчето со кое имала секс е од „Фејсбук“, што е предизвика прилично контраверзна реакција меѓу Твитер заедницата.

„Не можам да поверувам, каква дволичност!“, вели zoricaso2lica, влијателна твитерашка, „со месеци твиташе како на Фејсбук сите се глупави и прости, како на Твитер е елитата, а тогаш се сплетка со Фејсбуковец. Дали таа девојка има малку мозок! Дали воопшто не се почитува себе си! Сите веднаш престанавме да ја следиме“, додава zoricaso2lica.

Доколку овој секс тренд помеѓу твитерџиите продолжи, вкопниот број на твитови и активности на Твитер во Македонија би можел да се намали за околу 89%, преценуваат аналитичарите.

Инспирирано од www.njuz.net

Апаши!

Апаши!

Веста ви е здиплена од

Веста ви е здиплена од нјузнет. Бидете чесни и пишете од каде ви е.