Премиер плачко

24.05.2012 11:07
Премиер плачко

Груевски сакаше да биде плачко, а испадна палјачо. Тоа, нормално, не му е прв пат. Како и во многу други случаи, македонскиот премиер се претстави во своето трагикомично издание. Секогаш кога сакал да шири емоции и да споделува патетика со народот, тоа било сигнал дека Македонија испишала уште една црна страница.

Но, со интервјуто за МИА, Груевски го достигна врвот, се надмина себеси – преку комуникацијата со земјата и со светот, тој одново ги загрози државните интереси, тој одново нè потсети во колку сериозна ситуација е доведена Македонија под негово водство. Груевски избра комуникациска обланда по волја на народот за да се сублимира една политика која трае шест години. Во овој случај, новото и шокантното беше острината во дискурсот при отсликувањето на неправдите што НАТО ѝ ги прави на Македонија.

Оттука, беспредметно е да се елаборира како и зошто еден популист изведува арлекинска точка во циркусот наречен Македонија. Неговиот настап е бизарен и мизерен. Неговата плиткост и кусогледост се запрепастувачки. Неговото хазардерство е застрашувачко.

Бидејќи Груевски постојано живее со паранојата дека е опкружен со непријатели – и дома и во светот, ред да се воспостави реципоприцитет, па работите да почнеме да ги гледаме од аспект на или-или. Ние сме доведени во ситуација да избираме: или Груевски, или Македонија. Заврши времето на анализирање, објаснување и на едуцирање. Поточно, заврши таа фаза кога мислењето, ставовите, интелектуалните позиции итн., беа алибито за да се вртиме во круг и да не правиме ама баш ништо конретно. Мора да се прифатат правилата што ги наметна посилниот во оваа борба и така да се позиционираме. Новиот пристап тргнува од едноставна оцена дека Груевски е непријател број 1 на Македонија и дека примарна задача е тој да се тргне од политиката.

Ваквиот став заличува на маникејство, фатализам и на најпримитивен детерминизам. Каде е тука рефлексивноста, најсилното и најлегитимното средство на една критичка свест?

Рефлексивноста, во нашиот случај, нормално, не смее да изостане. Рефлексивноста (разбиструвањето и разбирањето на нештата), секако, нема да се троши на тоа за да се опише нашата тешка состојба. Тоа е горе-долу апсолвирана работа. Свесни сме дека добар дел од народот се пијанчи на вересија, а цехот станува се повисок. Цехот од популистичката напивка ќе мора да се плати. Цената ќе биде висока.

Во нашиот случај, рефлексивноста или критичкиот дискурс, треба да ни помогнат да се ослободиме од некои утопии, кои различно се доживуваат и се интерпретираат, но, во крајна инстанца се сведуваат на наивната свест дека – правдата ќе победи на крајот, популистот ќе мора да си замине или, пак, дека некој друг освен нас ќе нè ослободи од ова зло, итн. Критичкото мислење треба да биде првиот филтер против залажувањето дека битката против еден режим ќе помине безболно и мазно.

Исто така, мора да се има јасна свест и за ризиците и за предизвиците во времето што доаѓа. Јас се согласувам со тезата на Фрчкоски дека власта и нема некој силен адут в рака освен да се обиде да заигра на меѓуетнички тензии. Конфликт во сегашните констелации ќе биде девастирачки и погубен за Македонија. Ќе станеме полоши дури и од Босна и Херцеговина. Тоа мора да се спречи.

Затоа, многу е важно албанскиот политички фактор, односно, албанската заедница во Македонија, да настапуваат паметно и одговорно. Албанскиот фактор не мора да биде демијургот на радикализацијата, во прв ред, бидејќи проблемите со кои се соочува државава се од семакедонско значење, тие ги тангираат сите, без разлика на етникум или на вероисповед. Токму затоа, ми се чини, ДУИ не смее премногу да се притиска, и од македонска, а особено од албанска страна. Без оглед како се интерпретира сегашната поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, што ја храни таа коалиција, кои се мотивите за блискоста, итн., важно е очекуваната владина криза да не заличи на меѓуетничка драма.

Но, од друга страна, во дадениов момент, се зголемува многукратно одговорноста на македонскиот опозициски блок. Од опозицијата, во сегашниот формат, значи без целосно окрупнување, се очекува да искреира една нова конфигурација на теренот и да понуди нови форми на дејствување кои водат кон реален притисок врз власта. Што може конкретно да понуди опозицијата во долгото и топло лето, искрено, не знам, но сигурен сум дека нема да има поштеда ниту од непријателите, а богами и од пријателите.

Во еден подолг временски период, меѓународниот фактор беше често критикуван поради т.н. неактивен однос кон македонскиот проблем. Но, што да прават странците во пријателска држава која е водена од една опасна и од една недржавотворна политичка елита? Дали да се притиска или да се замижува? Дали да се молчи или да се каже вистината гласно и јасно?

Многу медиуми, на пример, изразија чудење зошто Запад, односно, Америка, не изреагираа жестоко по интервјуто на Груевски. Според мене, во тоа нема ништо чудно и необично. Некогаш, молкот вреди повеќе од илјада зборови. Тишината е погласна од зборот. Таа зборува сама за себе.

Америка го остави Груевски да се чатали. Нека му биде! Тоа е негов филм и тој нека си го гледа.

Една од нашите поголеми заблуди, секако, е и тоа што очекуваме дека работите ќе се одвиваат со филмска брзина и тоа, инспирирана од меѓународниот фактор. Сега, кога работите можат да добијат опасни димензии, полека разбираме дека има некаков систем во однесувањето на Запад, кое ни изгледа тромаво и апатично. Секако, нивната апатија е некаков сигнал до јавноста дека постојниот политички партнер во Македонија не е расположен за соработка, дури, дека е забеган со своите концепти кои немаат врска со реалноста и со разбирањето како функционира западниот свет. Запад има доволно време да чека ние да созрееме, да се соземеме, бидејќи она што ни недостига не се става преку инка, туку треба да биде сфатено и интериоризирано.

Според тоа, ако веќе мораме да ги дефинираме прецизно очекувањата што ги имаме во однос на Запад, треба да се биде скромен и реален. Како што сега стојат работите, доволно ќе биде ако Америка и ЕУ помогнат меѓуетничката клима и вкупните политички односи да се одржуваат барем во некои подносливи граници.

Во сета оваа мачна и комплицирана ситуација, се појави и Томислав Николиќ, новиот претседател на Србија. Западните медиуми беа многу директни и изразија стравување за европската агенда на Србија, па и за состојбите во регионот. Точно е дека Николиќ се дистанцираше од екстремниот национализам, со елементи на фашизоидност, и се преобрази во еврочетник, како што духовито го нарече Перо Златар. Но, факт е и тоа дека Николиќ победи со една популистичка платформа од десна провиниенција. Тоа е уште потврда дека популистите добро поминуваат во т.н. мали и средни земји. Таков е случајот со Македонија и со Унгарија, а стравувањата се дека и Србија ќе се приклучи кон оваа двојка. Што би се рекло: „Јужно од Будимпеште“ – сè сами вистински популисти.

Кога се критикува Груевски, многу често се прават паралели со Србија на Милошевиќ. Некои работи се слични, но суштината е различна. Имено, во Србија царуваше популизмот (и диктатурата, бездруго) во едни луди времиња. Тогаш, Македонија се одбрани од популистичкиот бран. Македонија го доби популизмот во т.н. мирни времиња. Тоа е парадокосот и тоа е нашата трагедија.

Вториот парадокс е тоа што сега Србија може да има популизам и во мирни времиња и притоа да учи од македонскиот пример. Ако Николиќ остане Европеец само на зборови, како што прави нашиот премиер, работите ќе се искомплицираат опасно.

Така, популизмот нема да биде само балканска и средноевропска енклава, туку ќе стане европска вертикала.

Извор: globusmagazin.com.mk

Слики: Стив Пејн

Што ти прави горливата желба

Што ти прави горливата желба за власт. Си снимаш филмчиња таму каде што ги нема.

Проѕирни сте више, бандити

Проѕирни сте више, бандити црвени. Ај нека биде и Груевски ненормален, забеган, диктатор и све. Како барате да се урне легално избрана власт? Поднеси тужба против него за некое кривично дело (ама нема, само бла-бла обвинувања) и нека го замени некој од неговата партија. Но, не, вие би сакале да дојдете на власт без мотика и само бладате небулозни обвинувања за се и сешто, па дури и фашизам (најголемото зло на човештвото). Ги девалвиравте зборовите, хохштаплери приватизациски.

калиопка љоп букефалска тиква

калиопка љоп букефалска тиква блеквајтска мотико тикво глупа, добро е шо се зборови, од нив се прават басни и анегдоти, до тука разбирате, овој фирерот изглеа ви спие у фронтлен кортекс и ви се моча врз диспечерскиот команден центар, па дури и едно просто најпросто четиво не сте способни да го процесирате, само блек вајт за вас, лузери. која мизерија и гнилизам и понижуење би бил, незамислив ни за папата бенедикт 16ти, стоко ретардирана да изгубите од бранко, уше сеа се смеам, јебо вас кардељ, фидел, сервантес, макондо, аљенде и тито, заедно со лазар колишевски, а на комплетен сфрофски крај, моша пијаде, глупаци, мизеријо, дојде ситуација од неизгубливото да губите, говна, зар има структура која би можела од бранковистите да се изгуби, после све, морони?! ортодокс ем парадокс + словенизам паганизам и филипизам и папизам, одлучете се да ве ебе господинот стефан, за комунизам. ако ципрас направи влада, ќе се дешава тешко срање у македоња, ја мислам ако го решите името со тој комунист, да му стаиме улица у скопје у негова чест? замисли идеш по ципрас стрит, тогаш ќе ве видам, а глеам горе николич на ваша фреквенција ќе ебе, јако, нема што, плус интегрирал ретарди демони пагани македонци у парламент, така што добро е што мракоња ќе стануе афтомобилски центар на балкан. сега е време да се одлучите, за фашизам или за губење од бранко безидеолошкиот, па враќање на власт преку улица или мењање у циристи, па преку комунисти у платонисти, па после у догматисти и на крај у каљописти?

да ви ебам мамицата да ви ја ебам

Да даде Господ да се храниш у

Да даде Господ да се храниш у аптека.

Упс, изгледа тоа веќе се остварило.

па кај може ваков гаф да

па кај може ваков гаф да лупне премиер бре, проверете да не се лупале по шупаци по кулоарите на ватикан со мистер бин, прати вамо: 'има две личности што не поврзуваат нас со рим, една е светите кирил и методиј а втората е мајка тереза'. јеботе, математика, јеботе, бранко има сестра, си ја викавме бранкица, зашо неа не ја спомнете бре, тикви, да го покриете 2 + 1 = 2 срање од мизансцен изјава.

Thinikng like that is really

Thinikng like that is really amazing

That's a slick answer to a

That's a slick answer to a challenging qusetoin

I was looking everwyhree and

I was looking everwyhree and this popped up like nothing!