Светските лидери го изневерија угнетениот човек

24.05.2012 11:43
Светските лидери го изневерија угнетениот човек

Храброста која ја покажаа демонстрантите на Блискиот исток во текот на 2011 година не наиде на искрена подршка од светските лидери, се вели во објавениот 50-ти глобален извештај за човекови права на Amnesty International, со повик за што побрзо усвојување на силен глобален Договор за трговијата со оружја.

Оваа организација за одбрана на човековите права вели дека иако многу светски и регионални лидери изразија вербална подршка за протестните движењa во текот на 2011 г., таа не е преточена во конкретна акција.

Египет е еден од бројните примери, наведува генералниот секретар на Amnesty International, Саил Сети.

„Jазикот на човековите права е ставен настрана кога е неугоден или кога стои на патот на профитот“, рече Сети.

„За време на изминатите години стана јасно дека опортунистичките сојузи и финансиските интереси ќе ги отстранат прашањата за човековите права од масата поради финансиските влијанија на Блискиот исток и северна Африка“, додава тој. Станува речиси правило, предупредува оваа организација, дека шансите за демократизација на општеството создадени со протестите во Египет се трошат.

Amnesty тврди дека неуспехот на Советот за безбедност да одобри интервенции во Шри Ланка и да започне процес за злосторство против човештвото во Сирија, покажа дека оваа организација на Обединети нации повеќе не е чувар на глобалниот мир во светот.

„Постојат јасни и убедливи докази за Меѓународниот кривичен суд да отпочне истрага за злосотрство против човештвото во Сирија“, вели Сети. „Одлучноста на некој членка во Советот за безбедност да ја штити Сирија по секоја цена ги прави одговорни за овие злосторства и за предавство на сирискиот народ“.

Тој смета дека во изминатата година „глобалното лидерство покажа неспособност во занимавањето со политичари кои на протестите одговараа со бруталност или незинтересираност“.

Владите, вели тој, мора да покажат легитимно лидерство и да ја отфрлат неправдата штитејќи ги немоќните и совладувајќи ги моќните. Сите овие неуспеси, наведува Amnesrty, „прават Советот за безбедност да изгледа како уморна организација, надвор од времето и сè понеподготвена да ја извршува својата функција“.

Amnesty исто така тврди дека земјите во развој, Индија, Бразил и Јужна Африка, често биле „сооучесници со нивното молчење“ во слабеење на влијанието на Советот за безбедност како чувар на светскиот мир.

„Соборувањето на диктаторите не е доволно за да се постигне долгорочна промена“, се вели во извештајот на Amnesty International.

Владите мора да ја подржат слободата на изразување во земјата и странство, да преземат меѓународни обврски за сериозност и да инвестираат во системите и структурите кои ја осигуруваат правдата, слободата и еднаквоста пред законот“.

Amnesty смета дека состанокот на Обединетите нации, по повод прифаќањето на Договорот за трговија со оружје, ќе биде клучен тест за политичарите, дали ќе ги стават правата пред сопствениот интерес и профит.

Во извештајот исто така се наоѓаат документи за кршење на слободата на изразување во најмалку 91 земја, како и случаи на измачување и други злоставувања во 101 земја. Меѓутоа, организацијата заклучува дека 2011 била „навистина бурна година“, за време на која милиони луѓе излегоа на улица барајќи слобода, права и достоинство.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото