Mаркетинг на идиотите

25.05.2012 11:22
Mаркетинг на идиотите

Идиоти има и на Јужниот пол, но никаде нема идиоти кои се во состојба да произведат така трајни, трагични, волшебни, речиси нестварни последици од општ карактер како македонските таленти во егзалтирачките средби со моќите на власта. Се шетав деновиве низ француската метропола и во едно бистро на Сент Мишел со асистенција на оросено бело совињонче од регионот на Бордо, успеав да пресметам дека една чета комити би можела темелно и непоправливо да го девастира Париз за помалку од еден мандат.

Немојте да бидете не такви какви што сте туку такви какви што јас ве замислувам. Тоа е како кај сталинизмот: жртвата прво треба да признае дека е тоа што не е, а потоа да се обиде да се преобрати од тоа што не е во тоа што никогаш нема да биде. Ако ја има таа несреќа претходно да не ја убијат. Со тоа што македончињата не ги праќаат во Лубјанка туку ги седнуваат пред малите екрани од кои се пенат разни продиксани и ариели за перење на најтврдокорните мозоци, шарени, распојасани, лефтерни, миризливи етикети и спотови за тоа што треба да биде нашиот човек ако реши да не е тоа што е (Фуко). А нема да нè реши. Тоа е суштината на спорните видеа: пресинг на идејата дека идиотизмот кај македонската популација не е болест или некаква исклучителна појава, туку нормална состојба на духот. Како очајот во Хондурас или депресијата во Гватемала. Луда нација.

Нацијата која на судбината ѝ се препушта како женска на дрогирана будала.

Македонецот сака да го водат типови што знаат историските порази да му ги преведуваат на победничкиот јазик на солзите и мрсулите. Патетични поети, злотвори и мазохисти во чие тело живее душата на ѓаволот. Чикашката одбиеница, во таа смисла, нема да ја загрози суицидалната симбиоза на македонскиот патос и Луцифер, туку ќе ја оснажи.

Груевски ќе победи на следните избори не затоа што од другата страна ја има сламнестата фигура на опозицискиот лидер туку зашто тој е единствената фрекфенција на која свири народното радио. Затоа што е чипиран. 

Тонот на неговото интервју е тон на селски боксер. Кој на друштвото му објаснува дека судиите му ја украле победата во мечот со Гркот. За народот кој не се движи кон целта туку чека целта да дојде и да му се поклони, за народот кој нема цел, тоа е феноменологијална филозофија која му овозможува да верува дека целта која тој, наводно, ја заслужил и која, историски погледнато, отсекогаш му припаѓала, мора да го стигне: колку подолго не го стигнува толку полошо за целта (Маркс).

Власта на Внатрешната антимакедонска

контрареволуционарна инсталација го премести НАТО од фиоките во кои се сортираат целите на македонската политика во фиоките со инструменти за шкопење на националните идеи.

Тоа е еден многу интересен случај кој покажува дека со исти зборови и фрази со исти декларации, со исти реферати и трактати, можете една иста идеја да ја користите за патување кон две дијаметрално различни цели.

Врз хумусот на традицијата преродбата произведе културен модел во кој е многу паметно, општествено и политички опортуно, човекот да се се враќа во статусот на свиња. Спремен сум да се обложам дека министерот не би стрелал во голиот газ на кумот ако кумот или жена му под него најдат начин да му соопштат дека тие не се ебат, дека не го ебат ниту него, туку дека ја ебат Грција.

Ние што немаме ништо друго не би можеле да го дадеме името. Името за Македонецот е помалку болно прашање од анусот за младата проститутка од Пукет. И затоа, ми се чини, дека не треба да се утврдуваме околу името како што сугерираат јагнешките бригади на вемеровската инсталација туку дека концентрацијата од темата за името треба да ја пренасочиме кон некои други форми и теми на животната реализацијата: анусот, порано или подоцна, ќе падне.

Самитот ќе ја оснажи монструозната групација на чипираните идиоти: екипа на културни и градежни, политички и институционални демолери од највисоките школи на планетата Мелмак кои со првиот интерпланетарен лет допатуваа во Скопјанг и работат 24/7, еве, има, веќе шест години.

Македонија е, односно, може да биде интересна територија во геополитичкото разигрување на Западниот Балкан ако престане да се однесува како девица на континенталната забава на курвите односно ако престане да мисли дека нејзините процеси за меѓите на баба ѝ ќе го сменат моралниот код на светот. 

Спотовите за промоција на туризмот се лажна слика за Македонија. Полажна е само сугестијата дека ако ја смениме сликата во лагата, а не лагата како таква, работите ќе тргнат на подобро. Ако ја елиминираме митската македонска домаќинка која влага во анусот на гостинот со маската на својата изворност и во таа инспекциска мисија го потсетува несреќниот Холандез да се испразни пред да реши да легне во нејзините чисти чаршави. А не ако се осврнеме на општото срање, политичко, геополитичко, еколошко, културолошко, идејно, угостителско, хотелиерско, гастрономско, комерцијално и така натаму - една целина која како огромен ориентир ги држи пристојните туристи на линијата Будимпешта-Виена како јужна црвена линија.

Ако се однесуваме кон таа лага како кон вистина и ако се потрудиме да ги смениме работите што не постојат, успехот ќе нè чека како што победата го чекаше Челзи на Алијанс арената во Минхен. Тоа е како на Французите да им се порачува да престанат да се облекуваат како Инуите ако сакаат да испратат топла слика за себе и за својата татковина.

Да сум таксист, а не пропаднат новинар, јас би ја тужел владата. И, да се разбереме, веднаш би прифатил штетата да ми се плати во бронза. Некое лавче, коњче или револуционерче во високите печки на Минчо, тоа би било сосема доволно.

Не е в ред во приказната за ендемските видови во резерватот „Фиром“ да се пикаат таксистите, домаќинките и келнерите, не затоа што новинарите и Милето Јанакиевски можат да се почувствуваат повредени во оваа неправедна селекција, туку зашто сите знаеме дека охридската пастрмка и чипираните идиоти на привремена работа во власта, се единствените репрезентативни претставници на исклучителната фауна во овој, слободно можеме да кажеме, најатрактивен европски простор за фотосафари, научни експедиции, за лов, риболов и времеплов.

Слики: Paweł Kuczyński

Извор: „Глобус“, 22.05.12.

Па дај подели му на народот

Па дај подели му на народот во провинција нешто од паричките со кои се шеташ по Франција и пиеш француски вина (претпоставувам дека не се баш евтини), за да не го лажат коекакви боксери, да може да пркне и тој во бел свет и да види нешто.

Комуњаро.

You're trashy journalist

You're trashy journalist indeed.

Со сите овие ануси, набивања

Со сите овие ануси, набивања и навлегувања, женомрзење, менување идентитети, и слично, Тричковски делува ко да минува низ фаза на coming out of closet на стари години. Душата му бара цврста машка љубов, ама тој нема сила да му каже не на хомофобот во себе, па после Македонците му се криви. Да се надеваме дека во Франција, со "асистенција на оросоено бело совињонче" ќе си најде тоа што му треба.

Браво Царе! Мислам дека никој

Браво Царе!
Мислам дека никој не ги дрка преродбениците подобро од тебе. Затоа и толку се жештат по коментариве.
Им го пљаскаш по преродените ануси како големиот Начо Видал.

Поздрав

Тој си прави што сака, и ние

Тој си прави што сака, и ние си правиме што сакаме.

Мир во земјата, мир во светот.

хахаха...тричковски на

хахаха...тричковски

на гомнарот со гомнарски цевки...шо ти се вика стара добра маалска школа, без рукавици

Во наше маало таквите ги

Во наше маало таквите ги викавме сељаци.

Good ol` Tricko. Македонскиот

Good ol` Tricko. Македонскиот Hunter S. Thompson :)

Јаоо, ултрапгоресивно човече.

Јаоо, ултрапгоресивно човече. Ги поштуев ВМРО као цел живот, али сеа коа ми кажа дека овој ти бил Хантер Томсон се преобратив човече! Свака част! Обавезно гласам за СДСМ на наредни избори! Кој ја еббе Македонија, да е жив бранко!

Одлично! Тие што треба - ќе

Одлично! Тие што треба - ќе разберат. За останатите не е ни битно, бидејќи тие и така истото ќе си го мантраат ко навиени.

"чипираните идиоти на

"чипираните идиоти на привремена работа во власта, се единствените репрезентативни претставници на исклучителната фауна во овој, слободно можеме да кажеме, најатрактивен европски простор за фотосафари, научни експедиции, за лов, риболов и времеплов."

Нема што да разберам, и НЕ

Нема што да разберам, и НЕ САКАМ да анализирам курови, пички и говна. Се каам што го прочитав текстов.

ОкоБоли главаВицФото