Либертаријанци VS. Европска комисија (за Акта)

25.05.2012 11:15
Либертаријанци VS. Европска комисија (за Акта)

При ненамерен пропуст, Европската комисија ни открива дека АСТА навистина ќе ни донесе цензура на интернет. Како и обично, тие го велат ова со најблаг и смирувачки глас.

Европската комисија, којашто е Администрацијата на ЕУ, објави официјално побивање на „гласините што кружат на интернет околу АСТА“ и се обидува да ги објасни нештата.

Забележете ги првите две поенти: „Со АСТА луѓето насекаде ќе можат да продолжат да споделуваат не-пиратизиран материјал и информации на интернет. АСТА не ја ограничува слободата на интернет. АСТА нема да цензурира или да исклучува сајтови.“

Еден збор на нивната страница стрчи и открива многу нешта за целта на АСТА: „Не-пиратизиран“. Секој ќе може да споделува „не-пиратизиран“ материјал. Одеднаш имаме квалификатор за тоа какви информации може да споделуваме на интернет; овој квалификатор не постоеше претходно. Отсекогаш можевме да праќаме што и да сакаме, и евентуално да одговараме за тоа по тоа.

Ова е многу, многу сериозно. Зашто тука се вели дека интернетот ќе може да се користи само за комуникација одобрена од власта; власта си зема за право да одреди за што може да се користи интернетот, а за што не. За 250 милиони Европејци што имаат слична култура и не гледаат ништо лошо во спротивставувањето на неморален монопол, ова е арогантна шлаканица, но е и повеќе и пострашно од тоа. Секој квалификатор за што може да се комуницира – „не-пиратизиран“ во случајов – секогаш значи „одобрено од власта“, дека ќе може да се одвива само комуникација што власта ќе ја одобри.

А ова е сериозно заради најдлабоката демократска причина: Секоја технологија за комуникација мора да биде компатибилна со граѓанското незадоволство.

Во оној момент кога власта си зема за право да одреди што може да се комуницира, а што не, дадената комуникациска технологија престанува да биде компатибилна со граѓанското незадоволство. Е, сега, мудрото прашање што може да се постави тука е дали не е вистина дека некои информации никогаш не ни биле слободни за споделување и дека можело да ве тужат за такви активности? И ова е навистина релевантна забелешка.

Има многу нешта што не смеете да ги споделувате во поглед на информации. Воени тајни, медицински журнали, клевета или тековни криминални истраги се само некои од нив. Сите тие отсекогаш можеле да се споделуваат на итнернет, но ако ве фатат ќе ве однесат на суд заради тоа. Откако ќе ве фатат. Поштата сè уште може да се користи за споделување на вакви информации.

Па сепак, единственото нешто наведено како невозможно за споделување преку интернет се прекршувања на монополот на авторски права. Ако Комисијата навистина наведува нешта што легално не можете да ги споделувате, би очекувале воените тајни да бидат први, а веднаш по нив владини шуш-буш документи. Ама не. Ова е очигледен пропуст што се обидува да ги смири луѓето велејќи дека се ќе биде како порано, но неговата изнасилена фактичка исправност ни открива дека навистина станува збор за цензура.

Друг приговор тука ќе биде дека делот што ги принудуваше интернет провајдерите да вршат контрола на пристапот е изваден од АСТА. Ама тоа… не е баш така. Да, конкретната реченица е извадена во една ревизија. Но, во истата ревизија, истата реченица е ставена на друго место. Конкретно, овој дел од текстот:

Со желба да се унапреди соработката помеѓу интернет провајдерите и сопствениците на правата за да се разгледаат релевантните прекршувања во дигиталната средина.

Ова изгледа прилично невино, како и секој правнички текст каде што го немате целиот контекст. За целосно да го сфатите влијанието на овој текст, треба да ја знаете приказната што доведе до него и преговорите. Hax пишува за тоа тука (на шведски: henrikalexandersson.blogspot.com). Суштината на неговиот текст е дека станува збор за спроведување на вонсудска цензура, јасно и гласно, преку закани за одговорност на трето лице.

АСТА ќе донесе со себе цензура. Противзаконска цензура. На барање на проклетата индустрија за забава. Тоа е срамно.

Превод: Бојан Антиќ

(оригиналот се наоѓа тука: http://c4sif.org/2012/02/falkvinge-on-acta-censorship/ )

Извор: kontraplan.org

Исто како што ОКНО спроведува

Исто како што ОКНО спроведува цензура. Пред некој ден ми беше избришан коментар, а многу понавредливи коментари се оставаат, само затоа што ја протежираат истата политичка опција како сопственикот, модераторот или не знам што е на сајтот.

ОкоБоли главаВицФото