1023 hPa
52 %
17 °C
Скопје - Чет, 13.11.2025 14:59

Што би помислиле кога, шетајќи низ градот, ќe здогледате на врвот од некоја зграда човечка силуета која стои на самиот раб од покривот? Самоубиец.
Токму тоа беа првите реакции на минувачите низ улиците на бразилскиот град Сао Паоло, низ чиј центар деновиве се поставени скулптурите на британскиот скулптор Ентони Гормли од серијата Event Horizon.

Дури 31 скулптура со човечки пропорции се поставени на покривите од зградите во центарот на овој огромен бразилски град, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните. Навидум суицидалните скулптури се разместени по врвовите на градбите, во склоп на изложбата на овој скулптор во Бразил, која се одржува во Centro Cultural Banco do Brasil. Во тамошните медиуми, поради паничните реакции на јавноста, скулптурите веќе се здобија со прекарот „сиуцидални статуи“.

Оваа контроверзна серија на Гормли истиот ефект го постигнува два пати. Првиот пат во 2007 г., кога премиерно беше поставена на лондонските покриви, каде што тамошната итна служба доби неверојатни 999 повици поврзани со „луѓето на покривите“, и во 2010 во Њујорк, каде што полициската управа беше присилена да даде изјава за да ги увери граѓаните дека „самоубијците од покривите“ се дел од уметничко излагање.

Иако на многумина првото нешто што им доаѓа на ум кога ќе ги видат скулптурите се фрлањето од зграда и самоубиството, Гормли во интервјуата поврзани со оваа инсталација истакнува дека тој контекст не е негова цел, туку претендира на истражување на концептот гледање и чувтството дека некој тебе те гледа.

Осамените статуи кои гледаат долу кон градот се изработени од лиено железо, а како модел за нивно обликување на авторот му послужило сопственото тело.
Извор: pogledaj.to