Манифест на отворениот урбанизам

28.05.2012 11:40
Манифест на отворениот урбанизам

1.

Градот е комплексен систем, организам од човечки суштества заснован врз принципот на соживот. Градот е олицетворение на човековата потреба за заеднички и близок социјален живот и како таков не може да се заснова врз принципот на поделба. Градот е нешто повеќе од збир на сите свои фактори – тој во својата основа го содржи потенцијалот на човештвото како заедница.

2.

Урбанизмот како пракса е нуспроизвод на човековата потреба за заеднички живот. Во својата основа урбанизмот произлегува од градскиот живот и со него е дефиниран. Неговата единствена цел е да овозможи заеднички живот така што ќе служи како систем кој им помага на луѓето полесно да ги остварат своите потреби за ресурси, комуникација, движење, создавање, живот.

3.

Моменталната ситуација во која урбанистичките планери произволно или информирано ги донесуваат одлуките кои го одредуваат градскиот живот е неприродна и вградува конфликт и стрес во градското ткиво. Хармонијата во градската средина може да произлезе само низ меѓусебна соработка на граѓанките и граѓаните.

4.

Самиот начин на осознавање во нашиот свет, одреден од економски, културни и други околности, претпоставува несовршена поделба на информации. Некои жители и жителки на градот сами по себе ќе имаат корисни знаења и вештини при организацијата на меѓусебниот живот. Тоа не значи дека автоматски поради своето знаење, легитимирано со диплома или титула, тие имаат право да го одредат начинот на функционирање на градскиот живот. Напротив, тие имаат еднаква должност и потреба како и останатите граѓани и граѓанки – да предложуваат решенија кои ќе се дебатираат и создаваат во јавноста.

5.

Отворениот урбанизам во основа е сличен со принципите на движењето за отворен код. Тој се заснова на признанието дека сите жители и жителки на градот го создаваат и го сочинуваат градот и притоа имаат еднаков интерес за подобро функционирање на градот како заедница. Отвореноста значи лично право на град по своја мерка и заедничко право на град по сечија мерка. Тие две права се неодвоиво лице и опачина на принципите на отворениот урбанизам.

6.

Присилени од политиката на идентитет, економските прилики, личните амбиции и фрустрации, луѓето ги одржуваат постојните и создаваат нови поделби помеѓу себе, како лично така и социјално, просторно, физички. Градот кој е заснован на пречки престанува да функционира како хомогена целина и станува место на судир. Тој судир се манифестира лично во главите на сограѓаните и сограѓанките како нервоза, анксиозност, замореност од градската врева. Истиот судир социјално се манифестира низ контрасти – него го одредува симбиозата меѓу уличните продавачи и големите маркети, нефункционалните јавни услуги и врвните лични простори за уживање, високотехнолошките зелени згради и луѓето кои немаат дом. Овој судир е пример за бучност – тој е излишен и непотребен, тој го отежнува личното и колективното сфаќање на процесите кои го сочинуваат, создаваат и постојано го менуваат нашиот град.

7.

Градовите се постојано променливи средини – секој обид промената во градот да се заузда значи смрт за градот како отелотворување на животниот импулс на човековиот вид и почеток на постоење на градот како музеј. Зачувувањето на „градското јадро“ како мртов простор во основа е погрешно.
Историските простори и облици имаат неизмерна културна вредност, но само доколку оперираат внатре во постојниот живот на градот. Зачувувањето на придобивките од минатото е потребно и возможно само преку жива пракса и отворен пристап кој го сфаќа секое историско наследство како заедничко.

8.

Градот е место и израз на човековата слобода. Концентрацијата на различни луѓе во градот, комбинирана со отворената природа на јавните простори, овозможува израз и развој на човековата слобода. Јавниот простор е неодвоив дел од градот – градот без јавен простор е фабрика. Создавањето нови и рехабилитацијата на старите јавни простори е посакувана.

9.

Дали отворениот урбанизам е во судир со основите на државата, капиталистичко економскиот систем, јавниот ред и мир? Не е сам по себе. Тој може да биде тоа само доколку некој нов поредок произлезе од потребите, желбите и активностите на самите граѓани и граѓанки. Единствената и најважната предност на отворениот урбанизам е што неговите механизми на отворено планирање и имплементацијата на заеднички урбани проекти отвораат можност за создавање нови решенија и општествени организации. Градот (како отелотворување на нашето заедништво) самиот ја создава секоја своја стварност. Во таа логика принципите на етничка, верска, родна, класна или политичка поделба се туѓи, а логиката на науката, пазарот или напредокот е подредена на интересите и желбите на самите жители на градот.

10.

Отворениот урбанизам е урбанизам на решенија, урбанизам на слобода решенијата да се предлагаат, заеднички да се создаваат, и заеднички да се применуваат. Тој произлегува од самата природа на градот како човекова творба. Решенија можат и треба да предлагаат сите, за нив мора да разговараат сите, и да одлучуваат сите. Решенијата не смеат да се засноваат врз принципот на сила, туку врз принципот на учествување и врз доброволните желби на заедницата.

11.

Градот не смее да биде дефиниран како производ, како единица за потрошувачка од страна на туристите. Тој мора да биде едноставен за навигација за сите дојденци и дојденки поради основата на отвореност, поради тоа што отвореноста значи ефикасност. Градот не смее да ја крие својата грда страна, туку да работи на тоа грдата и убавата страна да престанат да постојат.

12.

Одлуките за градскиот живот мора да бидат донесени заеднички и провидно. Буџетите не се ограничувачки фактор или мерило за успех – тие се дел од заедничкиот производ на градот и затоа мора да постои не само заеднички увид во нивното користење, туку и принцип на заедничко донесување одлуки. Канцелариите или службениот весник на општината не претставуваат пример за заеднички увид. Општината на градот или градските избори не претставуваат пример за заедничко донесување одлуки.

13.

Право на град значи право на граѓаните и граѓанките да постојат и да се изразуваат во секој дел од процесот на меѓусебната комуникација, информација и размена кои го сочинуваат градот.

14.

Сите граѓани и граѓанки мораат да бидат видливи еден на друг. Отворениот урбанизам се заснова врз принципот на хоризонталната, а не вертикалната структура на моќ. Тоа значи дека идеите можат и мораат да бидат една над друга, но човековите суштества никогаш.

15.

Основна желба и краен производ на отворениот урбанизам е отворениот град.

Имаме План (Imamo Plan) е активистичка група од Белград, посветена на поттикнувањето граѓански потфати.

Извор: imamoplan.com

Tocno, no so ova dodadeno koj

Tocno, no so ova dodadeno koj sto nasiot Blaze najubavo go rece sa gradot Shtip, citiram: Dva rida so sivi pogledi, stisnata studena usmevka.Pladneva suvost na stenite. Ne rapravajte mi za onie stari kujki dolu sto se ronat, raskazete mi za edna ubava lubov tuka sto proziveala.

Има некој наш манифест или

Има некој наш манифест или увек ќе прајме “немам што да додадам“ и “потпис“ фазони? Дечкиве од Беге имаат цел план разработено на сајтот како контра на случувањата кај нив. Нашиот кај е? Ќе чекаме од нив на пауза да ни го напраат?

Кај нас за попристоен град се

Кај нас за попристоен град се борат Прва архибригада (имаат сајт) и Плоштад Слобода. Еви го манифестот на Плоштад Слобода и некои други линкови:

http://okno.mk/node/401
http://okno.mk/node/16977

Останува впечатокот дека

Останува впечатокот дека нашиве праат само лош шоу програм од кој има повеќе штета него ли корист, иритираат место да предизвикаат внимание со конкретни решенија како во белградскиот пример. Ноу хард филингс, можда нешто пропуштам.

А добро, да те прашам, Жалим

А добро, да те прашам, Жалим случај, ти што си направил да го спречиш уништувањето на Скопје? Плоштад Слобода, колку што знам, повеќе се активистичко и културно здружение, не толку архитектонско. Прва архибригада е строго атрахитектонско здружение, составено од студенти по архитектура. За власта, двете се непријателски. Како и секој друг што не мисли како власта. А за тебе, Жалим случај, они се лош шоу програм од кој има повеќе штета него ли корист. Машала! Каков дембелизам! Какво одвратно подаништво и сеирџиство! Ради тоа земјава ни е ваква, Жалим случај, ради таквите ко тебе, а не ради Бранко Грујо итн.

Заради мене е земјата таква?

Заради мене е земјата таква? Ок, еве ја сум крив што не се разбирам од активизам и архитектура. Тие што се разбираат, кои застанале на чело на отпорот, што праат? Понудиле контра со јасни предлози каква што гледаме кај белградскиот еквивалент, за да јас имам што да поддржам или само ќе “гинат“ со песна од Златно славејче на усните пред распаднатата факултетската зграда што личи на затвор и ќе пуштаат линкови као глејте како е во Белград? Неспремноста за критика кон начинот на отпор е поголем проблем од “таквите како мене“ (не разбрав каквите). Што уопште се заебав да коментирам, ко да ќе прочита некој со акал во глаата. Продужите, одлични сте.

Само да се бунело. Кој им

Само да се бунело.

Кој им дава право на тие, колку се, 40 души, ај нека бидат и 1000, да одлучуваат во името на сите?

Јас не сакам да одлучуваат во мое име.

И, Скопје не е само на Скопјани бидејќи е главен град на држава.

Мислиш, кој му дава на мали

Мислиш, кој му дава на мали црни Грујо и на неговите 40 алибабини разбојници да потроши 500 милиони евра на будалаштини на помрачен ум? Прав си тука, колега - никој не му го дал тоа право. И за тоа треба да биде бутнат во зандани и во самица барем дваесетина години.

На општината Центар и на

На општината Центар и на Министерството за култура граѓаните преку избори им дадоа легимитет. Може да се спори затоа што беше нетранспарентна постапката (недоволно објавени датумите за јавна расправа), но што било транспарентно кај нас.

Премиерот никаде не стои како потписник на изградбата на објектите од проектот Скопје 2014. Исто како што почитуваниот лидер на најголемата опозициска партија никаде не стои како потписник на приватизацијата изведена на чесен и транспарентен начин, нели.

Ако некој проневерил, испрал пари, ќе си одговара на суд, макар и кога ќе се смени власта. Ако.

Последното „Ако.“ се

Последното „Ако.“ се однесуваше на „Ако некој проневерил...“, а не „Ако се смени власта“. Смената на власта е неминовност на некои идни избори.

„Ако“ и затоа што досега гледавме, слушавме и читавме само рекла-казала и скандализирање од тоа што биле големи сумите, а никој никаде не излезе макар и со еден документ како доказ.

Normally I'm aagnist killing

Normally I'm aagnist killing but this article slaughtered my ignorance.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Екологија
Активизам / Јавни простори / Европа

ОкоБоли главаВицФото