Зашто режимот создава непријатели

29.05.2012 12:31
Зашто режимот создава непријатели

Зашто режимот по весниците објавува скапо платени потерници по сосема обични луѓе кои немаат врска со високата политика или криминалот? Зашто власта ги криминализира и жигосува сите оние кои не мислат како неа? Зашто опозиционерството, политичко, граѓанско, културно, за власта е непријателство и предавништво?

Се разбира, има повеќе одговори на прашањава. Наједноставните велат дека станува збор за технологија на владеење, одржување динамика во јавното и политичкото поле. Корупцијата на медиумите и рекламните агенции, кон кои изминативе години власта испрати стотици милиони евра, исто така е релативно едноставен одговор на прашањето зошто режимот постојано и во толкав обем создава непријатели. Во понатамошниот текст ќе се обидам да дадам уште неколку одговори на овие важни прашања.

Најпрвин, ми се чини дека логиката на режимот тргнува од себе: ако устројството на власта е мафијашко (втемелено во корупција, непотизам, подаништво, насилство) тогаш е разумно да се заклучи, смета режимот, дека и „непријателот“ е ист. Оти, инаку, која е логиката власта на една Фамилија (два кума, двајца братучеди и нивното најтесно опкружување) да бара непотистички поврзаности кај опозицијата?! Сликата во огледалото тера на аналогии. Криминалната структура со помош на која денес ги тормозам „непријателите“ утре може да се сврти против мене – така резонира режимот. И во стравот сè повеќе забегува.

Друга причина зашто режимот жигосува толку многу луѓе (потенцијално, „непријатели на државата“ се сите 450 илјади луѓе кои пред една година гласаа за опозицијата) е технологијата на владеење која почива во создавањето непријатели. Ништо подобро не ја легитимира власта од сликата на големиот непријател. Големиот непријател е оправдување за секојдневното намалување на човечките права и слободите, оправдување за несопирливата и непрекинатата пљачка од големи размери. Сликата на непријателот врши најголема работа за власта: ја хомогенизира, ја прави уште побескрупулозна, ги подигнува емотивните влогови (а емоциите ја движат политиката, не разумот) и има јака пропагандна и пренасочувачка функција. Поумно и поздраво за народот е да се возбудува од клетиот непријател отколку од дубарите на власта.

Следна причина за создавање „непријатели“: теророт на паланката. Поттикнување на најниските страсти на луѓето. Кон поинаквите (од власта) треба да се примени комбинацијата од воајеризам и специјални истражни мерки. „Непријателот“ треба да се соголи, а толпата ужива во соголувања и јавни линчувања. За тие потреби режимот ја смисли и лустрацијата. Освен тоа, пак се јавува едноставниот но мошне мотивирачки момент на грабеж: режимот ќе му ја дрпне симболичката и реалната сопственост на жигосаниот и ќе ја раздели кон своите поданици. Титулата, парите, имотот на жигосаниот стануваат „народно добро“, т.е. во нашиот конкретен случај, добро на Фамилијата. Која е добра и која добрата ги дели. (Ширењето на оваа малограѓанска култура, пљачкашка, сеирџиска и поданичка, лично го сметам за најголем грев на груевистичкиот режим. Спомениците и кичот исто се во функција на ширење на најцрната малограѓанштина. Преземањето и брутализацијата на целото поле на културата е дел од таа стратегија целокупното граѓанство да се претвори во питомо и глупаво малограѓанство издресирано како кучињата на Павлов.)

Зависноста од моќта исто така е јак мотив моќта да не се препушти никому и никогаш веќе. Самите моќници во изминативе шест години железно владеење наполно се оддалечија од почетните цели и дојдени се на подрачје кое им станува поважно од сè друго и не се грижат за ништо друго надвор од својата зависност од моќта. Иако зависноста од моќта веројатно има патолошка природа (некои психоаналитичари сметаат дека нејзиниот корен е во нарцистичкото либидо, кога блиските луѓе се доживуваат како објекти во поседување а идеологијата е само инструмент за задоволување на нарцистичките фантазии), зависноста од моќта е општествен феномен и на таа патологија ѝ треба соодветно лекување.

Освен зависноста од моќта, режимот во Македонија се храни и од завист. Толку снажно присутните слики на „непријателот“, меѓу другото, зборуваат дека зависта во голема мера ги управува постапките на завидникот. Зависта е самоуништувачка алчност, страст која го мрази сето она што е снажно, исправно, среќно, јако, автономно... Зависта своето задоволување го наоѓа само во обезвреднувањето и уништувањето на оној кому се завидува.

Да заклучам: гледајќи до кој степен режимот манипулира со сликите на стварноста, ми доаѓа на ум разликата меѓу детето и адолесцентот, за која зборува Фројд. Според него, детето не го меша светот на своите игри со стварноста, за разлика од адолесцентот, кој верува во своите претстави. Следејќи ја аналогијата, на таа скала на регресија би можеле да го придодадеме груевистот, детето-адолесцент (спасителот-монструм, свирачот од Хамелн) кој ем верува во своите игри како во стварност, ем манипулира со перцепциите на другите.

За ние граѓаните да ја видиме вистинската природа на работите можеби ни требаат очила како во филмот на Џон Карпентер, „Тие живеат“. Но, според Жижек, нам не ни треба да ги симнеме „идеолошките очила“ за да ја видиме стварноста, оти ние „природно“ сме во идеологијата, нашиот природен поглед е идеолошки. Но, важно е да се каже дека денес, за разлика од порано, идеолошкиот налог е подлабоко скриен. Според Жижек, денес налогот на господарот е невидлив, имплицитен, под површината. Вистина, идеологијата секогаш во голема мера и се одвивала под површината, низ имплицитни пораки. На пример, следи ја големата Идеја, стани фашист... и ќе можеш да крадеш од Евреите, да ги тепаш и линчуваш – е скриениот дел од пораката, никогаш јавно изречен, но кој се подразбира.

Затоа денес е важно да разбереме дека сите ние живееме во идеологијата и дека еден од начините да ја разбереме стварноста е употребата на разобличувачките очила од филмот на Карпентер: зад патриотските говори на водачите тогаш ќе го видиме отчукувањето на регистер-касите, зад достоинството ќе видиме алчност помешана со страв, зад грижата за народот ќе видиме целосен презир спрема граѓаните, зад решителноста подлост, зад херојството профит, а зад големите начела – мали чела.

Слики: Свирачиња

Ваква аналитичарска наивност

Ваква аналитичарска наивност и површност одамна не сме прочитале. Тези стопати повторени во разна форма, цитати искористени во најбанална конотација, досада. Или критикувај промислено, продлабочено и сериозно, или ако немаш да кажеш нешто паметно молчи. Инаку, правиш противуслуга на оние против чии идеи се бориш. Јас сум поддржувач на опозицијата (поточно со две раце потпишувам против оваа власт), но ваквите како тебе воопшто не ни помагаат.

Наивност:

Најпрвин, ми се чини дека логиката на режимот тргнува од себе: ако устројството на власта е мафијашко (втемелено во корупција, непотизам, подаништво, насилство) тогаш е разумно да се заклучи, смета режимот, дека и „непријателот“ е ист.

Евтин популизам

Големиот непријател е оправдување за секојдневното намалување на човечките права и слободите, оправдување за несопирливата и непрекинатата пљачка од големи размери. Сликата на непријателот врши најголема работа за власта: ја хомогенизира, ја прави уште побескрупулозна, ги подигнува емотивните влогови (а емоциите ја движат политиката, не разумот) и има јака пропагандна и пренасочувачка функција.

Евтина и површна психологизација

Зависноста од моќта исто така е јак мотив моќта да не се препушти никому и никогаш веќе. Самите моќници во изминативе шест години железно владеење наполно се оддалечија од почетните цели и дојдени се на подрачје кое им станува поважно од сè друго и не се грижат за ништо друго надвор од својата зависност од моќта.

Освен зависноста од моќта, режимот во Македонија се храни и од завист. Толку снажно присутните слики на „непријателот“, меѓу другото, зборуваат дека зависта во голема мера ги управува постапките на завидникот.

Не разбирам, Ух, во што се

Не разбирам, Ух, во што се „наивноста, евтиниот популизам и „површната психологизација“? Дури ни со полуреченица не објаснуваш што е проблемот. Ако трите издвоени параграфи се проблематични во оценувањето на режимот, која е ненаивната слика? Која психологизација на груевизмот не би била евтина? Објасни, Ух. Тргнуваш помпезно („Ваква аналитичарска наивност и површност одамна не сме прочитале.“), а не нудиш ни полуаргумент, освен изветвени, банални етикети. Важи сосема обратното, би рекол: одамна не сме виделе толку помпезна најава и толку брзо издишување на критиката, мртва во зачеток.

Сосема обични луѓе кои немаат

Сосема обични луѓе кои немаат врска со високата политика или криминалот?

Сосема обични луѓе кои немаат врска со високата политика или криминалот?!

Сосема обични луѓе кои немаат врска со високата политика или криминалот?!?

?!?

Од триесетината луѓе објавени

Од триесетината луѓе објавени на потерниците на озлогласениот тоталитарен режим повеќето немаат врска ниту со високата политика, ниту со криминалот. Ако имаа врска со второво досега ќе беа во пранги и ќе им правеа друштво на Велија и Љубе. (На пример, тоталитарниот режим на Фамилијата ги прогласува за криминал аферите Надеж 1 и 2. Камо постапување спрема криминалците? Зашто не се во затвор Савова, Црвенковски итн.)

Дури и да е точно дека

Дури и да е точно дека олигарсите од транзицијата се криминалци, сите до еден денес се во редовите на Груевски. Дури и Велија беше со Груевски, штавише Велија го донесе Груевски на власт. Мене Груевски ми личи на убедливо најкриминалниот политичар во историјата на самостојна Македонија. Такви политичари ко Бранко, кои приватизирале државен или општествен капитал, во источна Европа ги има многу. Некои од тие политичари реално биле во спрега со приватизациската мафија, некои не. За Бранко не слушнавме ни еден издржан аргумент за неговата инволвираност во приватизациски криминали. Зад Груевски, пак, има неколку флагрантни криминали: Окта, Аналитико АИ, Национална платежна картичка, Скопје 2014 и стотиците милиони евра потрошени за адвертајзинг и медиуми.
Потерниците кон луѓе од граѓански здруженија и роднини на политичари се дно дна, најмизерни испрдоци на еден одвратен тоталитарен режим за кој, вообичаено мошне проникливо, пишува Никола Гелевски.

До, кога господине Гелевски

До, кога господине Гелевски самиот себе ќе се фалите во коментари потпишани под разни псевдоними? Од авион се гледа дека под псевдонимот „Преродбеник (од следните“ се крие Никола Гелевски. И што изјавува, како врв на својот коментар, Никола Гелевски? Цитирам: „...Најмизерни испрдоци на еден одвратен тоталитарен режим за кој, вообичаено мошне проникливо, пишува Никола Гелевски“.
Особено воодушевува ова „вообичаено мошне проникливо, пишува Никола Гелевски“.
Не Ви е срам што себеси така се оценувате? Или и Вие докажувате дека „секое дно е дупло дно“, што би рекол Горан Стефановски?

Ах, Гелевски, Гелевски -

Ах, Гелевски, Гелевски - Валтер! (Малтене Бетмен:) Фашистиве те гледаат под секое дрво и камен! Држ се, пријателе, пред загарите на Малиот Големиот, т.е. Златниот Црниот! (не се мисли на Бетмен:)

Разбирам дека некој може да

Разбирам дека некој може да не се согласува со ставовите на Гелевски. Ова особено важи за стотиците илјади луѓе кои вака или онака го вадат лебот од милоста на Пастирот и неговата држава. Но, да кажеш дека Гелевски е површен и наивен и популист тоа само ја разоткрива пословичната глупост на преродбеничките коментатори и нивната неспособност не само да остават компетентен коментар, туку едноставно да разберат текст. За нив разбирањето е прекомплицирано.

Пријателе од внатрешноста,

Пријателе од внатрешноста, очигледно не сте го разбрале горниот коментар. Не се укажуваше на тоа дека Гелевски е наивен, туку дека неговиот аргумент е наивен.
Тоа дека неговите ставови се површни (премногу често) се однесува на тврдењето дека премногу лесно и површно зема одредени теории (кои најчесто и не ги има читано во целост, туку во дајџест верзии како интервјуа, текстови на други автори за конкретни автори итн. -) и само ги аплицира (со компјутерска терминологија - ги лепи) на своите тези и во конкретниот контекст.
Тоа јас го нарекувам copy-paste теорија, или copy-paste аналитичност, толку карактеристична за Гелевски. Концепцијата според која аналитичноста претставува земање цитат од овде-онде и само прилепување на конретген контекст - постапка типична за „аналитичарот“ Гелевски.

Се сеќавате на серија

Се сеќавате на серија текстови на Окно во која се земаа текстови од Виктор Иванчиќ, се преведуваа, а само место хрватските имиња се ставаа македонски? Ете, тоа е нивото на уредничкото перо на Гелевски.

Тоа беше брилијантна идеја и

Тоа беше брилијантна идеја и изведба! Ем се виде колку Иванчиќ е маестрален писател и во превод, ем се потцртаа сличностите на транзициско-мафијашките држави и контексти! Башка, и виртуозните Свирачиња завршија работа:-)
Со оглед на тоа дека не можам да поставам линкови, оној што го интересира за што збориме нека укуца Виктор Иванчиќ во Барај, горе лево.

Свирачиња се толку опседнати

Свирачиња се толку опседнати со машки полови органи што треба да одат да се лечат.

Но можеби ќе испадне дека тоа се две-три алтер-ега на Гелевски кои научиле малку од малку Фотошоп, така што терапијата не би имала ефект.

Гелевски, браво! Ова

Гелевски, браво! Ова психолошко парче особено ми остави впечаток:
Зависноста од моќта исто така е јак мотив моќта да не се препушти никому и никогаш веќе. Самите моќници во изминативе шест години железно владеење наполно се оддалечија од почетните цели и дојдени се на подрачје кое им станува поважно од сè друго и не се грижат за ништо друго надвор од својата зависност од моќта. Иако зависноста од моќта веројатно има патолошка природа (некои психоаналитичари сметаат дека нејзиниот корен е во нарцистичкото либидо, кога блиските луѓе се доживуваат како објекти во поседување а идеологијата е само инструмент за задоволување на нарцистичките фантазии), зависноста од моќта е општествен феномен и на таа патологија ѝ треба соодветно лекување.

Така е Гелевски, ти само

Така е Гелевски, ти само продолжи да се фалиш себеси... и да разговараш со себе... тоа е вистинскиот пат.

Мене ова парче ми е

Мене ова парче ми е омилено:
„ако устројството на власта е мафијашко (втемелено во корупција, непотизам, подаништво, насилство) тогаш е разумно да се заклучи, смета режимот, дека и „непријателот“ е ист. Оти, инаку, која е логиката власта на една Фамилија (два кума, двајца братучеди и нивното најтесно опкружување) да бара непотистички поврзаности кај опозицијата?! Сликата во огледалото тера на аналогии. Криминалната структура со помош на која денес ги тормозам „непријателите“ утре може да се сврти против мене – така резонира режимот. И во стравот сè повеќе забегува.“
И според загарите на Грујо се гледа колку режимот е забеган. Два кума и тројца братучеди (не се двајца) целата земја ја држат во пат (т.е. во мат) шест години, а вмровската стока објавува потерници по некој што бил братучед на Шеќеринска?! Јаки коментатори, стварно! Јак режим!

Кој си вика за себе си

Кој си вика за себе си вика.

Општо е познато дека комуњарите со својот прљав ум секаде гледаат криминал и мешање во судство и во даноци и во уредувачка политика на телевизии и во се` што може да се замисли (а имаат фантазија, не да немаат).

Стварта е што овие се уште зелени и не се толку искурназени (барем досега) и затоа тие критики не наоѓаат на одзив. Можеби и крадат, но црвените бандити се шампиони во тоа (а сега им стигаат и децата за вдомување) и затоа народот никогаш нема да ги донесе на власт по легален пат.

Therefore, ги гледаме сите педерски сценарија за доаѓање на власт. Од купување пратеници од кај Љубчо и Тупурко, преку војната 2001 и сите други пи*дарии што ги прават. Секој ден да се кукало тие да бидат калиф наместо калифот. Па аман, олабавете малце, нели се изнакрадовте доволно за 53 години, да им дадеме шанса и на други (не да крадат, туку да видиме што ќе направат). И молам без броење години, затоа што дефакто до 2006 (а и тогаш со Титета) другата страна беше решетана со тројанци. Дури во 2006 настана вистинска смена на власта.

Додека не им дојде во глава да расчистат со баграта во своите редови, народот - не О'Гвујо - ќе ги казнува.

Без разлика дали некој го

Без разлика дали некој го сака или НЕ Гелевски(јас лично барем не гледам зошто нешто посебно би го сакал или не би го сакал), се согласува или не со него, со тоа што јавно го работи и кажува, треба да му се одаде признание, затоа што неговото јавно ангажирање не е нималку лесно и едноставно.

Го читам редовно и не можам да кажам лично дека се согласувам со сите негови ставови, па сакам тука да потенцирам нешто.

Македонија никојпат не била ниту ќе биде разумно и рационално општество.За рацио и разум ние немаме памет уште помалку ум и традиција.

Без разлика дали на власт се едните или другите кумови.Никојпат ама баш никојпат нема да може да се постави линијата до каде е партијата и партијанството од каде е граѓнинот и граѓанството. тоа е практично невозможно па не знам колку ние се труделе тоа да го промениме или јавно да вршиме едуцирање на простите маси.

Секоја ама баш секоја власт пропаѓа кога ќе забега во својата сопствена декадентност и кога истите оние кој ја хранеле и протежирале ќе се свртат против нејзе.

Тоа ќе се случи и со оваа власт. Таа нема да падне затоа што Гелевски и неговите следбеници успеале да ги убедат простите маси во девијатноста на сегашното владеење, ниту затоа што опозицијата ќе понуди подобра перспектива,туку затоа што тие кои до вчера се колнеле во власта ќе излезат од истата заради многу различни причини...од лукративни, идеолошки па се до човечки лични причини.

Тоа веќе се осеќа во воздухот и прашање е на време кога лавината произлезена од сопствените редови ќе се струполи врз власта исто така произлезена од истите редови.

Но тоа не значи дека треба да се молчи и да се остават работите сами на себе. Напротив говорот на незадоволството на јавна сцена е итекако потребен, ако не за нешто друго барем за правилна ментална гимнастика и зачувување на мозочните вијуги во физиолошка нормална позиција...или накратко кажано за здраво тело и здрав дух.

„Тоа веќе се осеќа во

„Тоа веќе се осеќа во воздухот...“

Што је баби мило, то јој се и снило.

Србин, пошто си склон српским

Србин,

пошто си склон српским пословицама ево мало.

Ако је неко луд, не буди му друг.
Што ти је суђено доћи ће ти и преко плота.
Чини добро, радуј се, чини лоше, надај се.
Тешко томе ко за туђом памети иде.
Свака камена глава, једним ударцем чекића се разбија

ајт

КОЛИБРИ ми није друг.

КОЛИБРИ ми није друг.

Дали постои премиер на некоја

Дали постои премиер на некоја демократска држава кој јавно ги етикетира и ги дискредитира луѓето само затоа што се нечиии роднини?
Ги познавате ли, премиере, Соња и Никола? Сте прочитале ли барем еден текст од Никола? Сте чуле ли колку се посетени журките на кои пушта музика Соња? Поради недостаток на слух, Ви пречат “Распеани Скопјани”?
Сте биле ли некогаш на театар? Сте чуле ли за делото “Среќна нова 49-та”? Ја знаете ли репликата: “Живот пише романе”? Сакав друга да цитирам, но од пристојност кон плусинфо.мк тоа не го правам. Можете ли да ги доброите наградите на Петар Арсовски за неговите остварувања?
Спремен ли сте со Радмила и Наташа да дебатирате во Парламент за ЕУ и за надворешната политика на Македонија?
Ви кажуваат ли Вашите пратеници дека Билјана знае повеќе за образованието од целата Ваша влада?
Па Вие немате видено колку што Митре има прочитано книги во животот!
Ќе соберете ли конечно сила да се појавите со Бранко на дуел?
Сте се запознале ли со Изи? Сте чуле за неговите „Бубачки“ или „Соба со пијано“?
Дали знаете дека најнаградуваниот владин спот „Македонија вечна“ е негово дело? И дека наградата Ви е предадена Вам лично и за тоа може да прочитаме на страната на Вашата партија, на истата страна на која го девалвирате само зашто е нечиј син?
Уживате ли кога слушате дека Вашите братучеди си ги покачуваат крвните зрнца на Малдиви?
За Вашето стебло нема да објавите вакво табло?
Не Ви доаѓа мачнина Вие да обвинувате дека некој е нечиј братучед?
Ако подобро размислам и сосема природно е што не се ставате себе си на табло. Има ли што да напишете? Или би се повторувало: „Прво вработување пратеник или министер“.
Јани Макрадули на плусинфо.мк

Коља, одлучи се веќе еднаш.

Коља, одлучи се веќе еднаш. Те си Сдсмаш, те Окнаш, те Лектор и Коректор, те Прес Клипер... Напорно е да те броиме више.

И најде кого да го цитираш, еее дааа бееее...

Гелевски, си направил грешка

Гелевски, си направил грешка во насловот и воведот.
Требало да ставиш „зошто“ онаму каде си ставил „зашто“.

Има разлика, со „зошто“ се започнува прашање, а „зашто“ е скратена форма од „затоа што“, и затоа со „зашто“ се започнува одговор.

Читај повеќе книги на македонски.
Благодарам.

Тој ќе ми го бранел

Тој ќе ми го бранел идентитетот, а Груевски наводно ќе го продадел зашто седнал на маса на која пишувало ФИРОМ.

Толку му е гајле за јазикот од кој леб вади. Поправилно ќе беше да напишеше ЗШ.

ОкоБоли главаВицФото