Квир палма за филмот Laurence Anyways

30.05.2012 13:46
Квир палма за филмот Laurence Anyways

Наградата која за време на фестивалот во Кан се доделува за најдобар долгометражен филм на тема хомосексуалност ја доби канадскиот режисер Гзавие Долан за филмот „Laurence Anyways“.

За најдобар краткометражен филм од истата категорија е прогласен „Ce n'est pas un film de cow-boys“ на Бенжамен Пернат.

За разлика од Берлинскиот фестивал, каде што најдобриот филм на тема хомосексуалност се наградува веќе 25 години, во Кан ваквата награда е воведена во 2010, но сè уште не е дел од официјалната програма на фестивалот. За наградата годинава се натпреваруваа 13 долгометражни и 4 кратки филма, а претседателка на жирито беше француската глумица Жили Гаје.

Главната улога во „Laurence Anyways“ ја толкува Мелвил Пупо, а филмот претставува приказна за еден човек кој се обидува да ја одржи врската со својата свршеничка откако ѝ признава дека сака да стане жена.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Во наградениот краток филм „Ce n'est pas un film de cow-boys“ се појавуват двајца адолесценти кои го коментираат филмот за љубовта помеѓу двајца мажи „Планината Кршенгрб“.

„Фактот дека наградата Квир Палм е воведена на најголемиот филмски фестивал во светот веќе оретставува победа“, оцени филмскиот критичар и основач на наградата Френк Финанс Мадереира. Според него, воведувањето на награда за филмови со тема хомосексуални односи претставува дел од борбата за еднаквост на сите без оглед на нивната сексуална определба.

Жили Гаје вели дека е забележлив напредокот кога станува збор за квалитетот на филмовите, но дека сè уште има многу работа за да се промени ставот на луѓето кога станува збор за хомосексуалноста.

Во 2010 г. Квир палмата ја освои филмот „Kaboom“ на американскиот режисер Грег Аракоја, а лани „Beauty“ на Оливие Херманус.

Извор: e-novine