Шатори на првата одбранбена линија на градот

30.05.2012 14:35
Шатори на првата линија на одбрана на градот

Откако беше објавен контроверзниот проект за урбан развој и реконструкција на градската железничка мрежа Штутгарт 21 (инвестиција од 4,1 милијарди евра, која би требало да биде најголем градежен зафат во Европа), жителите на градот со сите сили јурнаа на локалната власт.

Протестите кои прераснаа во вистински, континуиран граѓански бунт ја чинеа партијата CDU губење на власта, а во наследство, меѓу другото, ни ја оставија и серијата фотографии „Развој на новите урбани окрузи во градот“.

Уметниците Франк Бајх и Штеф Розенбергер-Охс го овековечија т.н. „град на шатори“, бариера која беше подигната за време на протестите на локациите предвидени за градба. Привремените структури беа импровизирани од сите можни рециклирачки материјали (пластични столчиња, чадори, шатори, палети, церади и сл.) и иако веќе одамна ги нема физички на спорните места, фотографските сеќавања одлично го доловуваат протестансткото заедништво во борбата за просторот на сопствениот град. Секој подигнат „шатор“ е демонстрација на личната креативност и жарот кои заедно придонесуваат за истата, заедничка цел.

Ви звучи познато? Манипулативните, прескапи егзибиции замаскирани во недолжно лице на „јавното добро“ се домашно секојдневие. Со таа разлика што во локалниот случај сеќавањата на бунт и организираната одбрана на заедничкото од паразитските агресивни поединци ретко (читај: никогаш) наоѓа сатисфакција во (какво и да е) признание, дури ни во документирање на истите.

Од друга страна, фотографиите на штутгартските мини-тврдини собраа низа награди како што е третото место во категоријата архитектура на World Photography Awards 2011 на Sony и прво место во категоријата Oceans series на Photo Annual Awards 2011, а учествуваа и на низа меѓународни изложби.

Повеќе за овие фотографи можете да најдете овде.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото