Велосипедистите конечно го освоија Скопје

31.05.2012 11:19
Велосипедистите конечно го освоија Скопје

Неколку стотици велосипедисти, вчера попладнето, еден и пол час целосно ги освоија и ги контролираа улиците во центарот на Скопје. Од сите возрасти, на скапи, евтини, нови, стари на брзинци, со контра, маунтбајкови, тркачки, дамски, градски, детски, машки, женски, со мали деца во дополнителни седишта, го изведоа најголемиот велосипедски собир и групно возење што досега се одржале во македонската метропола.

Поаѓање од Зоолошка градина

Вртејќи ја турата од Зоолошката градина, преку улицата Рузвелтова, по булеварот Партизански одреди, преку Буњаковец, на Рекорд, покрај Собранието до Црвен Крст, по булеварот Кочо Рацин, покрај Мавровка, пред зградата на Владата и завршувајќи пред бараките на Градот Скопје, тие не упатија официјална порака, но секој умен би можел да го заклучи следното:

Велосипедите не се само хоби туку главно превозно средство за огромен број на жители на Скопје, и нивниот број расте секој ден.

На фонтана

Велосипедистите протестираат поради тоа што не се безбедни во скопскиот сообраќај, поради тоа што велосипедските патеки во најголем дел се узурпирани од автомобили, сообраќајната полиција не ги чисти, а возењето по десниот раб на коловозот многу често е опасно по живот.

Возачите на автомобили често ги прекршуваат сообраќајните правила и ја загрозуваат безбедноста на велосипедистите, а за тоа не се казнуваат.

Велосипедските патеки во должина од 40-тина километри не се доволни за Скопје, бидејќи цели делови од градот се изоставени од таа мрежа. За споредба, Загреб има околу 150, а Љубљана 120 километри патеки.

Прво да се направи инфраструктура за непречено возење на велосипеди во целиот град и да се подобри безбедноста, а дури потоа да се воведуваат казни од по 25 евра за велосипедистите кои не возат по означени патеки.

Пред Град Скопје - фотографија преземена од Gjoko Pargo

Собирот заврши кај фонтаната на влезот на Градски парк со групна фотографија со велосипедите во вис. Ваквите собири на критична маса се одржуваат во повеќе од 300 градови во светот, вклучувајќи ги и метрополите од регионов. Вообичаено тие се одржуваат во последната недела од секој месец и се начин за вршење на притисок врз властите за подобрување на условите за велосипедизмот. Идејата на активистите кои го организираа настанот преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер е Критична маса – Скопје исто така да прерасне во месечна манифестација. Следниот собир би требало да се очекува кон крајот на јуни.

Повеќе фотографии од настанот можете да најдете овде.

Извор: greenbox.com.mk

\o/

\o/

Никому не му чуе за

Никому не му чуе за велосопедистите у градов, дури ни на самите велосипедисти.
Да се соберат само 100ина велосопедисти од 500 000 народ у Скопје е поразителна бројка.
Али ок, битно пуштивме глас дека сме овде.

Велосопедисти двапати

Велосопедисти двапати напишав, бравос.
Иначе сам си пишувам, сам си се корегирам, одлично.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото