1020 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 05:59
Можни ли се демократски избори под недемократски режим? Категорично не: демократски избори организирани од нелегална и недемократска власт се теоретски невозможни. Да можеше да генерира владеење на правото, слобода на политичкото изјаснување и на медиумите – сите основни услови за демократски избори, недемократската власт немаше да биде тоа што е, туку ќе беше своја спротивност. Значи, потврдниот одговор на прашањето е contradictio in adjecto, или, како што велат филозофите, противречен по себе, спротивен на сопственото својство.
Зошто тогаш ми требаше ова навидум глупаво воведно прашање? Веројатно за да ве подготвам, почитувани читатели, на поразителниот факт дека целата македонска политичка стварност веќе шест години се темели врз противречноста со сопственото својство, на илузијата (или на самозалажувачката надеж) дека недемократскиот режим кога било спровел или е во состојба да спроведе фер, слободни и демократски избори. Веќе цели шест години една недемократска власт ги организира сите наши избори, а ние се однесуваме како тие да биле помалку или повеќе регуларни и демократски. На ова наше халуцинантно однесување му противречи не само теоријата, туку и куп очигледни докази. Доволно е да ги протриеме очите и да ги разгледаме условите во кои се случија сите избори од 2008 до 2011 година, и без какво и да е колебање да заклучиме дека сите, без исклучок, беа нефер, корумпирани, лажирани и недемократски, зашто беа спроведени во суштински нерегуларни услови.
Да се потсетиме на некои основни дефиниции за изборите: тие се јавен политички натпревар меѓу власта и опозицијата. Структурно гледајќи, тие се изградени од истата супстанца како и секоја натпреварувачка игра. Играта практично егзистира низ правила и нивното почитување е основен услов за нејзино постоење. Затоа основното правило во сите игри е казнување и исклучување од игра на оние што ги прекршуваат правилата. А најважниот принцип на играта, за чие утврдување не се штеди бројот правила, е принципот на еднаквост на учесниците, односно обезбедувањето рамноправни или фер услови за натпревар. Затоа постојат промени на страните на теренот, точно пропишана опрема, категории во боречките дисциплини, допинг тестови и други проверки на рамноправноста на натпреварувачите. Затоа е невозможно да видите фудбалски натпревар во кој едната екипа брои 111 играчи на терен, а другата 11, при што некои од стоте „јунаци“ носат безбол палки, некои ја носат топката со раце, додека другите слободно ги газат на земја единаесетте кутраци од другата екипа, за кои и понатаму строго важат познатите правила.... Таков меч не е одигран во историјата на спортските игри и нема никогаш да се одигра, но такви избори нам ни се повторуваат секоја година и ние упорно ги „прогласуваме“ за регуларни!
Да видиме што направи власта на ДПМНЕ, од 2006 до денес, во поглед на почитувањето на суштествените изборни правила за обезбедување условите за фер натпревар?
1. Ја започна бескрајната предизборна кампања која трае 363 дена секоја изборна година и 365 дена во година без избори, а на пропагандното саморекламирање потроши стотици милиони евра народни пари.
2. Ги претвори јавните работи во вечна предизборна кампања и потроши стотици милиони евра народни пари на саморекламерскиот кич наречен „Скопје 2014“.
3. Го задуши и го инструментализира слободниот медиумски простор со корумпирање на медиумите, со нивна сопственичка контрола и со брутално и насилно уништување на непослушните.
4. Ги партизира сите државни институции и ги уцени партиски вработените со нивните семејства и пријатели, кои како заложници ќе гарантираат дека на сите избори ќе гласаат за ДПМНЕ.
5. Им се закани на луѓето и на нивните семејства дека ќе бидат егзистенцијално уништени доколку не гласаат за ДПМНЕ, а илјадници беа корумпирани со по грст евра.
6. Со монтирани судски процеси ги затвора, економски ги уништува и ги озлогласува политичките противници, со што ги внесе егзистенцијалната закана и стравот како свои најважни сојузници во изборниот „натпревар“.
Секое од овие прекршувања на уставот и законите суштински ги негира слободата, демократичноста и регуларноста на изборите, секое прекршување трајно и неповратно влијае практично на сите граѓани и секое од нив е повеќе од доволно за прогласување на изборите за нерегуларни и недемократски, за нивно поништување и санкционирање на прекршителите. Но, ние и понатаму мирно, со заматени погледи и лигушка на брадата, гледаме како секојдневно, со секоја реклама, секој споменик, монтиран процес, селективен инспекциски надзор, владина пропаганда и што сè не, се лажираат изборите преку уништување на претпоставките за фер избори...
И понатаму немо гледаме како Уставот и правилата се прекршуваат 364 дена во годината, додека упорно ја набљудуваме и ја оценуваме регуларноста само на денот на изборите! Како шест долги години нацијата да се храни со буники!? Со затапена свест го живееме искуството од тоталитарните општества каде што изборите најефикасно се лажираат претходно и во меѓувреме, кога режимот ги меле граѓаните со незаконска пропаганда, кога ги зема семејствата како заложници и, на крај, кога ги пушта граѓаните на денот на изборите „кротко и достоинствено“ да гласаат, секој со морничаво чувство во тилот, како од студениот допир на цевка од пиштол. Слично како и во тоталитаристичките искуства и нам, речиси секоја година, ни се повторува истата понижувачка еднодневна изборна фарса, кога сите „мирно“ и „достоинствено“ излегуваме да гласаме на однапред лажирани избори и потоа, само зашто дента биле мирни, ги прогласуваме изборите за регуларни. Се прашуваме ли некогаш дали некој нормален ги третира изборите во Северна Кореја за фер и демократски, само зашто биле мирни и што немало нерегуларности во броењето на гласовите? Тоа што нашите супстанцијално нерегуларни избори поминуваат мирно и без поголеми нереди, всушност би требало најмногу да нè загрижува, зашто тој „достоинствен и свечен мир“ е еклатантен симптом за нашата зашеметеност, болна помирливост, небунтовност и летаргија. Неподносливо срамно, но, за жал, срамно лесно за поднесување!
Затоа, единствениот излез од оваа стрмоглава спирала на општественото пропаѓање, е да ѝ се одземе легитимноста на власта и таа да се санкционира за сите сторени криминални прекршувања на уставните правила и за уништување на демократијата. Тоа нема да биде едноставно, зашто боксерот што „победува“ со измами, во својот агол и во рингот ги има своите роднини и пријатели, сите судии во мечот, комисиите и сите други органи задолжени за одржување на „регуларноста“ на натпреварот.
Оваа делегитимизација на власта, се разбира, не може да се изведе преку институциите на системот, зашто токму тие треба да се делегитимираат поради неуставно учество во укинувањето на нашите слободи, права и другите претпоставки кои слободните и фер избори ги прават можни. Уште еднаш, јасно: единствениот начин повторно да се обезбедат услови за демократски избори во Република Македонија е првин да се ослободиме од неуставната власт на Груевски. Првин демократија, потоа демократски избори.
Извор: plusinfo.mk
Колажи: Свирачиња
Демократија = сите да гласаат
Испратено на 31 мај 2012 од ЕпаксаДемократија = сите да гласаат за СДСМ?
Готоо еј, Грчев со текстов и Коле со курињата ме убедија да гласам за СДСМ. Едвај чекам да има избори и да гласам за ептен-демократите што убердемократски имаат пијан/нашмркан шупак за лидер веќе 20 и кусур години.
Добре, бе, Илија Димовски
Испратено на 31 мај 2012 од ОкнашДобре, бе, Илија Димовски Ограничениот не ви дава да користите друга матрица, или стварно сте толку тупави, таму во центарот за контаминација на глупости? Кај и да се свртам го штанцате истиот коментар (кој го открива патолошкиот страв од губење на моќта): „Готоо еј, Грчев со текстов и Коле со курињата ме убедија да гласам за СДСМ.“ - Тоа е матрицата. Тоа е изумот не гениите на политичкиот адвертајзинг, Илија Димовски и Мартин Протуѓер (ликот што сурфа во снажните раце на главниот курајбер).
Таман ме убедивте да гласам
Испратено на 01 јуни 2012 од ЕпаксаТаман ме убедивте да гласам за вас, почнавте да ме навредувате. Сега се двоумам...
А веќе почнав да се претворам во дебел хипстер и да се убедувам дека сум најумен за да личам на чистокрвен сдсмовец.
Politichkata misla na
Испратено на 31 мај 2012 од Novo VremePolitichkata misla na prosechniot vmrovec, po rechisi dve dekadi na neprekinata opservacija, ne pokazuva znaci na evolucija. Sledstveno, sekoj od nas treba da doprinese kon nivnoto izumiranje i da gi oslobodi novite generacii od ovoj teret na temnoto minato.
Какви такви, припрости,
Испратено на 31 мај 2012 од Светото име ВМРО и нашиот водач Никола ГруевскиКакви такви, припрости, тупави, просечни, ние владееме со вас паметните.
So fakti ne se raspravam. ;)
Испратено на 31 мај 2012 од Novo VremeSo fakti ne se raspravam. ;)
Тешка работа со вас. Ова дури
Испратено на 31 мај 2012 од мегленаТешка работа со вас. Ова дури оди во крајности кои се својствени на малку налудничави луѓе. Значи текстов е на тајно гласање лугето гласаат од страв а не од интерес. Маестрално. Што е следно, дека гласаат со невидливо пенкало кое се претвора во глас на ВМРО, кога ги бројат гласовите. За волја на вистината за стравот може сте и во право. На луѓето стварно им е страв да не дојдат на власт морони како вас. Напишете го тоа како точка 7 во вашето набројување.
Целата вмроидна аргументација
Испратено на 01 јуни 2012 од ПсихогерилаЦелата вмроидна аргументација може да егзистира само во релацијата со СДСМ. Мислам дека главната теза која ги одржува овие примитивци на власт е - Ни Пастир не е толку сјаен ама другата опција е зла до коске. Па потоа следува познатото - Можда крадат, ама за разлика од претходните, нешто барем градат. Не е за џабе целата оваа сатанизација на опозицијата.
Вмроидите се истренирани да размислуваат исклучиво во дуалитетот ВМРО-СДСМ, па ако им настапите од неутрална основа на чисти здраворазумски ставови тие се губат. Системот им се кочи. Проверено.
Од таква неутрална основа би рекол - СДСМ имаше шанса да создаде систем кој нема да дозволи едни примитивци да мајмунираат цела нација. Ја прокоцка таа шанса. Еднаш коцкари, секогаш коцкари.
Е, тука си се излажал/а,
Испратено на 03 јуни 2012 од Гордо МакедонијоЕ, тука си се излажал/а, зашто Пастир е супер, срце од човек. Се грижи за народот, за пензионерите, младите, невработените. И гради, не се заебава.
Ме боли кур за опозицијата, ама што кур таа го сатанизира него кога едноставно не е така?
Срам да ти е, се осмелуваш
Испратено на 03 јуни 2012 од ЏЖ; ЊЌСрам да ти е, се осмелуваш така да говориш за НАШИОТ бацувач на баби! НАШИОТ Црвенковски, човекот кој може да изгризе дупка низ ѕид од кокаин, да излезе од другата страна и да изгледа убаво.
Како може да те боли кур за опозицијата, кога таа е толку млада, распеана, слободна и прогресивна?
И тебе ли те убедија дека тоа што водачите на Распеани Скопјани, Слободен Индекс, Архи бригада и еден куп слични се од СДСМ е нелегално? Па што ако се нивните водачи членови на СДСМ, тоа ги прави партизирани? Секако дека НЕ, тоа ги прави ептен прогресивни и непартизирани!
Да живее Бранко! Да живее непартизираноста!