Новиот изглед на Белград

01.06.2012 15:50
Новиот изглед на Белград

Од Савското пристаниште, преку спиралниот „облак од челик“ до Калемегдан, па плочникот за пешаци преку Париска улица до Кнез Михајлова, прошетката започната на кејот ќе завршува кај палатата „Албанија“. А сè започна кога Градот ги препозна квалитетите на „Бетон хала“ и започна со уредување на оваа локација. Преку идејата за поврзување на крајбрежието со тврдината Калемегдан, и распишувањето на меѓународниот конкурс „Центар на вода“, идеите за футуристичкиот изглед на престолнината се нижеа една по друга. Изгледите за нивна реализација се извесни, и со градење ќе се започне најверојатно идната година.

Денес Малите и Големи скалила или трамваи, а за неколку години „спиралниот облак“ ќе ги спојуваат реката и градот.
Идејниот проект на јапонскиот архитект Соу Фуџимоти, победник на конкурсот „Центар на вода“, спирален облак од челик, претставува грандиозно и модерно архитектонско решение за поврзување на савското крајбрежје со Калемегдан, и Белград, со сето она што го нуди, да се спушти на реката. Во вртлогот на овој модерен објект, на околу 40.000 км2, ќе се најде место за сè – околу 3.000 м2 се предвидени за просториите на Музејот на Градот, а ќе има и конференциски простори, продавници и ресторани.

Секоја година во Белград допловуваат околу 400 крстосувачи од европските престолнини, а на белградското крајбрежје се истоваруваат околу 60.000 туристи. Кога ќе биде изграден спиралниот облак, сите оние кои ќе дојдат во Белград преку реката нема да ги дели ништо од главните градски споменици на Калемегданската тврдина и паркот. Обиколката на главните симболи на престолнината ќе започне уште од самата река, од „спиралниот облак“ од челик. И самиот „облак“ ќе стане своевиден симбол на градот и ќе нуди културно-уметнички содржини. Музејот на Град Белград ќе добие простории за постојани и привремени поставки, простор за истражувачка дејност и канцеларии, додека Централниот плоштад на „облакот“, од кој би се пружал поглед на Нов Белград, би бил место за одржување на концерти и културни настани.

„Спиралниот облак“ ќе овозможи поврзување на различни правци – влегувањето во „вртлогот“ ќе биде можно од неколку влезови од пристаништето, а спиралните рампи ќе ги водат посетителите во разни правци, кон тврдината и кон горниот град на Калемегдан. Околу 20.000 км2 простор околу „спиралниот облак“ ќе бидат искористени за паркиралишта и паркови. Објектот ќе биде целосно пристапен за лицата со инвалидитет. Предност на облакот е и можноста за сезонско користење. Осенченоста на градбата е таква што за време на летото, за да се избегне прегревање, е овозможено проветрување, додека зиме рампите ќе бидат затворени.

Градскиот архитект Дејан Васовиќ објаснува дека мултифункционалноста на објектот е една од најголемите предности, но и дека станува збор за вистинско „архитектонско чудо“.

Овој проект е вистински исчекор во архитектурата. Тоа ќе биде место кое туристите незаобиколно ќе го посетуваат. Не само архитектонска атракција, туку и место за одржување на културно-уметнички настани, локација со атрактивни продавници и ресторани. Магнет кој ќе ги привлекува сите.“

Како што објаснува Васовиќ, до крајот на годината ќе биде завршен целокупниот план со нацрт-решението за изведба на проектот, а тогаш ќе се создадат услови за собирање на техничката документација. Финансирањето на проектот сè уште не е на дневен ред, а кога ќе дојде до тоа, можни се разни комбинации – од приватно-јавно партнерство до буџетско финансирање на целиот проект.

Како што објансува Васовиќ, идејата за футуристичкиот изглед на „облакот“ е да се спојат старото и новото.

Денешните потреби налагаат да се направи нешто со наследството, тоа мора добие современа намена и структура. Проектите кои се реализираа денес за трисет години ќе претставуваат патоказ за понатамошниот развој“, вели тој.

Пешачкиот премин меѓу Калемегдан и Кнез Михајлова ќе го замени пешачка зона. Ќе се простира долж Париска улица и Тадеуш Кошчук. Моментално во Урбанистичкиот завод се вршат сообраќајни анализи за можните решенија за изместување на сообраќајот во подземен тунел.

По пример на европските престолнини, со проектот ќе се уреди еден од најпрометните и долго запоставени плоштади, Славија. Во план е изградба на пешачки тунели и издвојување на трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај по рабовите на плоштадот. Преуредувањето носи безбедно движење на пешаците и зголемување на протокота на возилата.

Изградбата на подземните пешачки премини ќе биде предмет на конкурс на кој ќе се решава и за изградба на музичка фонтана во централниот дел на плоштадот.

Извор: vreme.com

E jebi ga.

E jebi ga.

chim u Beograd se fura

chim u Beograd se fura modernizam, po pravilo, ke prefati i u Skopje, so nekoi (po pravilo) 10tina godini kasnenje..

Ќе бидат и вакви работи кај

Ќе бидат и вакви работи кај нас, полека. Београѓани си имаат споменици со векови, ние немавме скоро ниеден (освен Гоце Делчев во паркот).

ОкоБоли главаВицФото