Стоп за полициската бруталност - една година потоа

05.06.2012 10:20
Стоп за полициската бруталност - една година потоа

Ноќта помеѓу 5 и 6 јуни се случи убиство на градскиот плоштад. Веќе утредента се роди #протестирам. Започнаа масовни протести против полициската бруталност. За жал, причината беше многу трагична, и како и тогаш, така и сега чуствувам неспокој и горчина при помислата што се случи таа кобна ноќ. Како така лесно згасна животот на наш 22-годишен сограѓанин?

Но, таа кобна коќ, за едни радосна, за други трагична и болна, кога цутеа липите, ќе се памети во колективната меморија како датум кој во поновата историја на оваа држава значи почеток на протести спонтано иницирани и организирани од младите на Македонија! За првпат, на 6 јуни на Македонија, пред сè, ѝ се случија младите. Оние кои се родија и растеа кога се роди и осамостои Републикa Македонија. Знам дека многумина ќе ми забележат баш за она „младите“, но по една година јас протестите против полициската бруталност ги доживувам првенствено како такви. Во нив, пред сè, учествуаа мнозинство млади лица по возраст и дух; во нив учествуваа сите оние кои уште во првиот момент ја почуствуваа потребата да изразат револт, гнев, да побараат правда и одговори!

Во овој миг не чуствувам потреба да објаснувам што сè се случуваше оттогаш до денес, многумина тоа го знаат, но имам потреба сите вас, знајни и незнајни, да ве повикам на овој 6 јуни, на одбележувањето на првата годишнина од #protestiram; на една година од првите протести против полициската бруталност кои многумина се обидоа да ги уништат или присвојат, но не успеаја во тоа!

Во вторник, на 5 јуни околу 23 часот, ќе го посетиме местото на злосторството и симболично ќе запалиме свеќа за да се потсетиме дека дозволивме да изгубиме еден млад живот. Додека, пак, во среда, на 6 јуни, со почеток во 18:00 часот, повторно се собираме на платото зад Спомен куќата на Мајка Тереза. Оттаму ќе се упатиме на протестен марш по скопските улици и гордо ќе ги посетиме сите оние кои нè игнорираа и нè игнорираат.

Со оваа протестна демонстрација, сакаме да потсетиме дека по немилиот настан од 6 јуни 2011 година, кога Мартин Нешкоски падна како жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалните единици на МВР, низ улиците на Скопје заживеа јасна критичка свест која во Министерството за внатрешни работи лоцираше одговорност за долгогодишна репресија врз граѓаните на Република Македонија.

По една година, веќе се помиривме со нечовечноста на чиновниците на репресивниот систем, како што се Гордана Јанкуловска и Иво Котевски, кои продолжуваат со градењето на нивните политички и професионални кариери без трошка грижа на совест за нивниот обид да ја излажат јавноста, но никогаш нема да се помириме со постоењето на полициски единици кои се неотчетни кон граѓаните и кои се постојана закана за нашата лична безбедност.

Протестите против полициската бруталност, #протестирам, реално не успеја да го издејствуват она што суштински го бараше и го бара од самиот почеток. Ако сме искрени, тоа треба да го признаеме сите. Но, успеавме да им покажеме на сите оние кои не веруваат во активизмот, департизмот, на оние кои се за инстантна употреба; на папазјанијата од власт и опозиција… Успеавме да им покажеме на многумина други, но и на самите себеси дека можеме да направиме многу, а допрва ќе направиме многу повеќе, за подобро утре за нас, и на сите кои го читаат ова.

Шести јуни 2011 се случи, пред една година, а како да беше вчера! Протестирам продолжува, иако никогаш не ни запре. Стоп за полициската бруталност!

Листа на историја на полициската бруталност во Македонија. (Преземена од страницата protestira.me)

Протестот имаше смисла додека

Протестот имаше смисла додека не се знаеше виновникот за убиството. И навистина беше потребно да се покаже револт кон гнасното однесување на полицаецот! Затоа и бев присутен таму првите 3 дена.
Но потоа, кога виновникот сам се пријави и тоа беше јавно обзнаено, протестот се претвори во некакво секојдневно собирање на млади луѓе кои реално не знаат зошто протестираат!
Нешто слично како „окупаторите на Волстрит“, не знаеја да одговорат на прашањата од новинарите „Зошто го 'окупирате' Волстрит?“ и само повторуваа некои слогани што ги слушнале „пааа, онака, против економијата протестираме уствари...“.

Неколку дена после првите протести, кои беа вистински спонтани и искрени, почнаа да доаѓаат Ѓунер и Фрчко за да се сликаат со „омладината која протестира против Грујо“, па дојде и Никола Наумовски со настаните на фејсбук и младината на СДСМ... и целата спонтаност и цел на протестите се изгуби.
Целиот тек на енергија кој спонтано настана беше суптилно канализиран кон политичката пропаганда на една партија, што е уште погнасно дури и од поводот за протестите.

Не ти е до крај јасно зошто

Не ти е до крај јасно зошто се протестираше. Полицијата знаеше од првиот ден што се случило и се обиде да заташка. Се работи за сериозен системски проблем, треба да протестираат сите, се додека не се казнат тие што се одговорни за обидот за прикривање на убиството.

Има една непријатна доза на

Има една непријатна доза на демагогија и игнорирање на реалноста во текстов.

ОкоБоли главаВицФото