За и против пушењето

05.06.2012 12:46
За и против пушењето

За

Цигарата содржи повеќе од илјада различни супстанции, вклучувајќи 19 директни предизвикувачи на рак и разни адитиви, бла, бла... Речиси секој пушач ја слушнал оваа приказна многу пати, а веројатно знае и да наброи барем 10 од овие супстанции. Сите знаат и за импотенцијата, и за ракот на белите дробови, срцевите проблеми, Алцхајмер, намалувањето на способноста за паметење и останато, а можеби дури слушнале и дека пушачите многу почесто се разведуваат од непушачите... Не постои ниту еден позитивен аспект на пушењето, научно или ненаучно гледано. Дури и вообичаениот аргумент на пушачите дека цигарите смируваат е сосема неточен: сите истражувања покажаа дека нивото на стрес кај пушачите е поголемо од непушачите. Во таа смисла: „Помала е штетата од никотинот во однос на стресот кој би го доживеал ако го оставам пушењето“ е едно од најнеоснованите тврдења на пушачите – користа од оставањето на цигарите е неизмерлива со нивото на стрес кое се јавува накратко во период на одвикнување од пушењето.

Против

Кој е главниот повод за општата меѓународна кампања против пушењето? Нејзе во живот ја одржува најмногу големиот успех на акциите како што се превенција на разни болести или вакцинација на населението, но пред се оние медицински кампањи кои го променија нашиот начин на живот, како што е борбата против туберколозата. Но, кампањата против пушењето дава многу слаби резултати веќе со децении. И тоа не само затоа што е агресивна и пуританска, туку затоа што, иако цигарите сигурно не се здрави, е сепак заснована на многу слаб темел. Основниот аргумент против пушењето е големата забележана фреквенција на ракот на белите дробови кај пушачите. Но, како и во други случаи кога може да се најде некоја врска помеѓу бројот на бактерии на патните торби во Бразил со видот на чорапи кои ги носат патниците во Русија, односно што било со што било, простото наоѓање на такви корелации воопшто не мора да биде доволен аргумент, ако претходно нема основа за тоа во човековиот метаболизам. Сите објаснувања на тој план не се сосем така успешни. Истовремено, никотинот, како главна состојка во димот на цигарите, има бројни терапевтски одлики и тоа не само како средство за смирување, туку за реваскуларизација и броба против различни тумори.

Извор: vreme.com

ОкоБоли главаВицФото