За и против јадењето месо

07.06.2012 09:27
За и против јадењето месо

ЗА

По завршувањето на анализите на прехранбените навики и здравствената состојба на околу 110.000 луѓе во период од 20 години, група научници од Училиштето за јавно здравје на Харвард во списанието Archives of Internal Medicine објави обемна студија под наслов „Консумација на црвеното место и смртноста“. Во неа заклучија дека секое црвено месо е лошо за човековото здравје. Според ова истражување, доколку дневно наместо 75 грама црвено месо би изеле некоја друга храна, како на пример месо од живина, грав, сирење или житарки, смртноста би била помала за 7-19%. Овие научници исто така заклучиле дека над 9% од смртните случаи меѓу мажите и речиси 8% меѓу жените би можеле да се спречат кога дневно во просек би јаделе помалку од 40 грама црвено месо. Антрополозите, или барем добра дел од нив, се согласуваат дека прачовекот, сè до хомо еректусот кој живеел пред околу 2 милиони години, речиси и да не јадел месо. До овој заклучок тие дошле проучувајќи го изгледот на вилицата и обликот на забите на месојадците и преживарите, како и должината на цревата, градбата, „јачината“ на желудочната киселина и другите карактеристики на грабливците. Човекот нема ни инстинтки ниту нагон да го изеде животното покрај кое поминува на ливадата, но затоа, на пример, има силен порив да ги изеде црешите или јаболката кои ќе ги види.

ПРОТИВ

Дали навистина ѝ се враќате на својата вистинска природа ако се определите за вегетаријанство? Пронајдените фосили од човечките предци потврдуваат оти човекот барем во последниве 2-3 милиони години бил месојадец. Бактериите најдени кај аустралопитекус афаренсис, кој живеел пред околу 3 милиони години, покажуваат дека овој вид, од кој подоцна се развил родот хомо, јадел месо. Но, и современите анатомски показатели го потврдуваат тоа. Не станува збор само за забите, очњаците и вилицата, бидејќи и другите месојадци со големина на човекот имаат кратки црева, зашто е потребно месото да помине брзо низ нив за да не почне да гние. Притоа, во човечкиот организам не постои ензим кој би можел да ја свари целулозата од клеточните ѕидови на растенијата. Човекот не би можел да има корист од, на пример, сировиот ориз или пченица. Наместо тоа, тој мора претходно да ги свари или смеле. Не само што било потребно да научи да го користи огнот туку и да создаде садови во кои би го подготвил семето. Со други зборови, луѓето станале тоа што се како месојадци, за потоа да совладаат вештини да пробаат и нешто друго.

Извор: vreme.com

ОкоБоли главаВицФото