Имам дваесет и две

07.06.2012 10:29
Имам дваесет и две

ВМРЕЖИ СЕ

Добро се осеќам во својата кожа во својата куќа
интернетот ми работи беспрекорно мојата страница
е апгрејдувана
добро се осеќам додека крвта капе од екранот
додека се разнесуваат екстремитетите на бомбашите самоубијци
додека ги собираат децата во чаршафи по багдадските пазари
добро се осеќам зашто јас и моите соборци
му го возвраќаме ударот на глобалниот империјализам
затоа немој да чекаш ни час ни час...
Join the group on facebook
Добро се осеќам додека педофилијата цути
додека малите газиња се плазат преку мојата плазма
добро се осеќам зашто сум потписник на петиција
мојата тастатура е убиствено оружје
јас укажувам јас опоменувам јас протестирам
добро се осеќам зашто јас и моите револуционери
го демнеме злото во заседа
на ебено дизајнираната страница
затоа немој да чекаш ни час ни час
Join the group on facebook


ИМАМ ДВАЕСЕТ И ДВЕ

Имам дваесет и две
од тоа осум поминав на школо
а сè останато во теретана
Имам дваесет и две
ебам повремено
дркам по навика
а цело останато време го поминувам во теретана
Имам дваесет и две
роден сум во град
не сум урбан
не одам на демонстрации
излегувам во кладилници
Имам дваесет и две
не сакам да го променам светот
сакам само уредно да си го наплатам тикетот...
Имаш проблем со тоа
пуши кур
Кога викам
еби му мајката
јас не пцујам
само така зборувам
Имам дваесет и две
не сум сељачиште
не го слушам Шабан
ама би ја ебел Сека Алексиќ
ако ти викаш дека не би
тогаш или си педер
или студент
и не одиш во теретана
Имам дваесет и две
син сум на секретарка и машински инженер
двајцата се на социјално
а подобро би им било да се среќни
Кога викам
еби му мајката
јас не пцујам
само така зборувам
Имам дваесет и две
ме боли кур како било порано
денес е како што е
а утре ќе биде како што ќе биде
Имам дваесет и две
не знам кој бил Тито
сум слушнал дека добро тртел
ама да му се серам на петокраката
Имам дваесет и две
не барам бељи
ама ако тебе ти фалат
ќе ме најдеш во теретана...
Па ова е генијално
јас сум одушевен
Кога викам еби му мајката
јас не пцујам
само така зборувам


СИНЕ

Сине
немој да ме сакаш само зашто сум ти татко
заеби тоа
сакај ме само ако знам
да искрварам таму кај што најмногу те боли

и сине
ако заебам
не простувај
немам право на тоа
на мајка ти можеш
таа крвареше
јас само стоев и гледав
и не се плаши од животот
тоа поминува попатно
прави што си наумил
и не се замарај

ќе сретнеш луѓе
ќе сретнеш и кретени
ти само пружи рака
ако возвратат
прифати
ако не
не ти ни треба
тоа е рака од гомна

ќе сретнеш пички
ќе сретнеш и жени
нема да знаеш што е отров а што мелем
додека добро не се исечеш

и сине
ако се случи
а ќе се случи
да исчезне светлото
и пред тебе и зад тебе
не се секирај
продолжи кај што си тргнал
и речи мирно
не мораш ни да светиш да ти ебам мајката
сам ќе го најдам патот во мракот
ете

Дамир Авдиќ е роден 1964 година во Тузла. Самостојно објавил четири албуми: „Од трње и боцки“ (2004), „Мртвите се мртви“, (2008) „Животот е рај“ (2010) и „Mein Kapital“ (2012). Објавил два романи: „Мостот на крвта“ (2005) и „Ентер Џехенем“ (2009). „Каде сестро“ му е прва збирка поезија.

Превод: Ѓоко Здравески и Иван Шопов

Слика: Хенриета Харис

Сјајно. Особено првата.

Сјајно. Особено првата. Ерудитивен безобразлук. Ме погоди.

Поезијава стварно ме бендиса

Поезијава стварно ме бендиса и ми го разубави денот откако ја прочитав утринава, па затоа би препорачал (како добронамерна идеја) дека не би било лошо при сите икони што ги имате на сајтот да ставите и една резервирана за поезија, како дневна доза, и на тој начин да претставувате секој ден нов поет со по три песни на пример. -Само желба на читател, ништо со претензии за дрскот или солење памет како да си ја вршите работата.

Последната, сине!!

Последната, сине!!

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото