Helmut Newton - фотографии

21.08.09 11:06

 

Хелмут Њутн (Helmut Newton) е уметнички фотограф роден во Берлин на 31 октомври 1920 година.
Светска слава достигнува 1970 година работејки за францускиот магазин ВОГ. Прочуен е по неговите гламурозни фотографии во упадливи и често контроверзни сценарија кои ги одбирал за своите модели. Хелмут Њутн станува популарен по специфичниот стил што го развива, каде доминираат стилските и еротски сцени често со садо - мазохистички, и фетишистички контекст. Повеќето негови дела се фотографирани на улица или во постоечки ентериери, а поретко фотографирал и во неговото студио. Инспирациите ги добивал од секојдневието, од дневните весници, животот и папараци фотографиите.
Во 1990 година е награден со “Гранд При национал“ наградата за фотографија, 1992 година добива признание од германската Влада за придонес во германската култура.
Загинал на 23 јануари 2004 во сообраќајна несреќа во Холивуд.
Во рубриката ОКО ви претставуваме 123 фотографии од овој славен фотограф .

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

Други текстови за Хелмут Њутн на македонски јазик:

Човекот кој ја предефинира голотијата [Утрински весник]

Хелмут Њутн (1920-2004) [idividi.com.mk]

Човекот чии фотографии станаа естетски стандард [Утрински весник]

ОкоБоли главаВицФото