1025 hPa
58 %
11 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 12:59
Предизвикот со кој денеска се соочува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на нивото на оној пред кој биле исправени македонските комунисти кога во 1941 година решавале да ја вклучат земјата во антифашистичката епопеја на континентот и на светот. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека таа партија, или некој друг, треба да го крене македонскиот народ на оружено востание, но знам, сосема добро знам, дека оној кој на историчноста на ситуацијата парира со лефтерни, бесмислени, сапунести, балончиња („ќе ги гасифицираме општините и ќе им го олесниме животот на граѓаните...“), со лигави фразетини смислени за време на депресивното отворање на денот, нема реална претстава за што тука станува збор или, пак, работата ја промашува на теренот на методите и на инструментите на борбата. Настојувањето на партискиот врв да добие непосреден увид во развојот на годинашнава реколта на зелената салата низ пластеничките тунели на струмичките земјоделци е параден гест чија смисла најдобро може да се види во трауматичниот пораз на Борис Тадиќ кој за време на предизборната кампања посети толку пластеници, фарми, градини и вински подруми колку што Црвенковски нема да може да посети во сите сто и дваесет изборни циклуси во колку што (дознаваме од сигурни извори) планира да ја спасува Македонија како безалтернативен лидер на опозицијата. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека походот по дворовите на луѓето кои добиваат силни болки меѓу нозете кога на хоризонтот ќе им се појави некој политичар, треба да се замени со февруарски или, можеби, со јулски поход, но знам дека струмичкиот терен моментално е изложен на едно интензивно и многу смрдливо просерување.
Опозицијата се однесува како бавно развивачки субјект кој со светот комуницира само врз основа на строго ограничени значења од бинарен карактер: ако е критикувана за неподносливата тишина што ја шири околу себе, таа мисли дека треба да организира галамџиски митинзи, ако ѝ се каже дека не го чувствува ритамот на времето - таа мисли дека треба да прави повеќе прес конференции, ако ѝ се каже дека нема врска со реалните интереси на народот - таа мисли дека треба да се симне на теренот и да му ги говори на обичниот човек истите работи кои тој одамна ги има протолкувано како лаги, ама пуста пристојност, им клима со главата и ја нуди новата тура на лажови со ракија, со локум или со младо сирење, кога ќе им кажеш дека не се доволно амбициозни - тие мислат дека е време да повикаат на уште едни избори што ќе ги изгубат. Просто кажано: шампита врз која само лудакот може да реши да ја гради својата куќа.
Опозицијата не произведува нови емоции, а новите емоции кои се јавуваат по сосема други поводи, не е во состојба да ги артикулира. Не произведува нова вредност. Тоа значи дека нивото на општественото расположение е совршено индиферентно во однос на опозициските активности. На Македонија ѝ е сеедно што прави Црвенковски. Опозицијата мора да ја осознае бесмислата на сегашниот формат. Тоа е клучниот момент. Мора да сфати дека единствениот фактор кој емитира енергија, кој нешто ситно гради (тротоари и жардињери и споменици) за да може да урива темели (Македонија) е вемерето. И дека на тоа не може да се парира со бесмислени митинзи и со вознемирување на земјоделците (Макрадули му се бапнал на некој непознат човек и спиел кај него) туку со идеја, со мисла, со став, со решеност, со ризик, со начитаност, со спремност за учење, со жртва... Значи, со сè што го нема во нашата жална опозиција. Наместо елементарни информации за будењето на рудиментарните нивоа на свест за тоа тие емитираат информација дека Црвенковски и Жерновски разговарале за обединување, активност која врз општите процеси во Македонија може да влијае помалку отколку гаќите на Прометеј врз нивото на сексуално-моралната вознемиреност на македонската жена.
Битката помеѓу помалото зло и поголемото зло во Србија заврши со победа на поголемото зло. Не затоа што поголемото зло беше посилно туку затоа што помалото зло си беше умислило дека релативната разлика со големото зло е императивен момент кој ќе ја истура народната волја врз ливчињата на неговата победа на сите избори до крајот на светот. Демократската партија и Борис Тадиќ сметаа дека тоа што се помало зло е сосема доволна компензација на фактот дека не се добри. Дури беа заклучиле дека не е добро да бидат добри. Битката меѓу доброто и злото во идејниот свет на практичните злотвори е библиска и фолклорна, таму се мисли дека за просечниот граѓанин на Србија доброто што нема нешто зло во себе е сомнителна работа и дека доброто и злото како апсолутни категории можат да се соочат само во надворешните аспекти на националната реализација, при што надворешниот модернитет е тоа зло по дефиниција, а српската соборност, докмаќинлак и заостанатост се апсолутното добро. Освен тоа, статусот на помало зло дава една речиси референдумска согласност да се краде и да се развиваат своите бизниси, својот клиентелизам, затоа што народот сака (не мора) да ги поднесува тие марифетлуци на власта во името на националните интереси и во името на самата иманентност на власта на која тој ѝ се потчинува и вели дека не би ѝ се потчинил ако не е таква. Така е тоа наталожено во културниот модел. Тоа не значи дека луѓето се нерациоанлни. Тие се однесуваат сосема рационално во царството на идиотите.
Клучниот момент се случи кога општото распаѓање и еден круг на интелектуалци успеаја да формираат мала, но сепак доволно влијателна маса луѓе, емоции и разум која почна да верува дека е сеедно дали Србија и луѓето во Србија ќе загинат од петте куршуми на големото зло или од двата куршума на помалото зло, односно дека идејата мора да биде злото како такво да се демистифицира и да се тргне дури и под услов во еден момент Србија да ја јавне големото зло. Да се разбие, значи, тој културен модел во кој се репродуцира една, не политичка елита, туку политичка класа (Весна Пешиќ, Срѓа Поповиќ) за која приказната за големото зло и за малото зло е смисла и начин на постоењето, клинички центар за репродукција на меѓусебно поврзани злотвори за кои власта е тоа што поштенскиот воз од Глазгов до Лондон беше за Роланд Бигз.
Дури, би рекол, дека идејата не беше да се деструира постојната политичка понуда како криминална, туку да се испровоцираат драматични реконфигурации во идејата за политиката и за политиката како таква, за јавноста, за медиумите, за правото, за демократијата, за процедурата, за нормалноста. Тадиќ мислеше дека близината до националистичките визии ќе ги обесили неговите националистички напријатели, но се покажа дека таа определба им помогна на неговите националистички непријатели да го елиминираат него.
За добар дел од јавноста, Црвенковски и СДСМ се помалото зло. Кое прави сè, уште еднаш, по којзнае кој пат, да биде поразено од големото зло. Големото зло е продукт на малото зло. Малото зло му помогна на големото зло да се развие (деталите во некој нареден текст), малото зло го легитимира големото зло во игрите што му одговараат на големото зло. Малото зло не ја радикализира општествената перцепција и битка против големото зло туку ја анестезира, цело време ја анестезира, тоа не ја нагласува разликата со големото зло туку ја релативизира, од што почнуваат да се јавуваат сомнежите дека македонската политичка класа е завршен кастинг за филмот во кој драматичниот врв се случува во моментот кога станува јасно дека Бранко работи за Станко и дека, всушност, станува збор за иста особа.
Смислив за оваа прилика една програма. Ја продавам со сертификат во кој јасно стои дека без тие петнаесетина точки во овој своевиден манифест изборите немаат никаква смисла за народот и за опозицијата, а со тие точки изборите немаат никаква смисла за власта. Така дојдов до револуционерната платформа и разврска кои не се мој избор туку се неизбежна реакција на отсуството на каков и да е друг избор. Сè што е под нивото на овој контекст е покриено од власта. Вемерето го има зафатено вецето на историјата и сере. Оваа ниво на перцепција може да е по една или друга линија проблематично. Не е само според една: под неговото ниво нема промена на власта.
1.
Политичката опција која претендира да биде власт мора да декларира и да гарантира дека ќе ги стави на дневен ред идејните, културните, политичките и сите други основи на Преродбата како најголема срамота низ која поминала Македонија, со специјални акценти на сите аспекти на таа калварија сврзана со македонскиот народ, колку и да е деликатна дефиницијата на тој феномен.
2.
Новата власт како прв приоритет ќе ги отвори процесите на радикална и сеопфатна критика на македонското постоење и на македонското саморазбирање, на цела една културна револуција, колку и да се незгодни некои асоцијации поврзани со оваа синтагма.
3.
На трето место мора да дојде прашањето на идејната, политичката, партиската и персоналната одговорност за тоа што се случуваше во последните шест-седум години. Одговорност во најширокиот можен дијапазон, од морална и политичка до кривична и во најширок можен опфат на конкретни лица кои на помалку или повеќе сериозен начин се поврзани со идејата, со концептот и со реализацијата на Преродбата.
4.
Во рамките на оваа прашање задолжително ќе се разгледа одговорноста на вмродпмне со јасна интенција за трајна забрана на партијата, а во рамките на претходната точка посебно ќе биде нужно да се отвори дебата која ќе води во радикална културноисториска ревизија на митот за вмро. Имаме доволно историски факти и цел куп драматични и свежи искуства за да пристапиме кон темелна демонтажа на тој трагичен мит и на таа грандиозна лага.
5.
Новата власт ќе си земе за задача да ги испита сите правни аспекти на можното третирање на Преродбата како Злосторнички потфат на група бандити и на централната организација во ликот на вмродпмне како Злосторничко здружување.
6.
Новата власт мора да гарантира дека неодложно ќе пристапи кон санација на теренот, односно кон елиминација на комплетната урбаноархитектонска и друга симболика од јавниот пејзаж, без пардон и без вишок на деликатност, преку физичко отстранување или пренамена и естетска и функционална адаптација на објектите за што ќе се обезбедат сите услови работата да ја добие најреномираната странска компанија што ќе се јави на меѓународен тендер, а може да се оди и на непосреден договор со врвни автори како што се Лебескинд (Сеул) или Заха Хадид (Кина).
7.
Програма за санација на економско-социјалните последици од преродбеничкото цунами и темелна програма за економски развој, повторно со најблиски можни контакти со истакнати светски стручњаци, во што мора да доминира интенцијата да се смени односот кон одговорноста на поединецот за сопствената егзистенција.
8.
Демистификација на темата за името и ослободување на оваа тема од вишокот на значење. Македонија во најкраток можен рок (месец-два) се обврзува да понуди решение за името со додавање на географска одредница потпирајќи се притоа на ставот на САД и на Европа дека името на државата е проблем што треба да се реши. Можеме да се викаме Северна Македонија, а државата ќе декларира дека ако на светот тоа му одговара односно ако сака самиот себе да се заебава може да нè вика како сака. Ако плати.
9.
Итна иницијатива на македонската етничка компонента за целосна рамноправност на албанскиот народ и за неограничени достапи до сите политички, културни, економски и институционални ресурси на државата. Некои ќе речат дека тоа ќе ја бутне Македонија на теренот на функционалната федерација. Да, па што.
10.
Иницијатива за решавање на спорните прашања со соседите, при што прашањето на афтокефалноста на црквата може да се игнорира како бесмислено прашање, а спорните моменти со Бугарија ќе ги решаваме не врз база на некаква неразумна беневолентност или пораз туку врз основа на ревизијата на некои историски согледби кои на Бугарите ќе им дадат повеќе право отколку што ние сме спремни денеска да им го признаеме.
11.
Откочување на евроатлантските интеграции. Конференција на која Македонија ќе ги прифати сите можни компромиси и ќе ги добие сите потребни гаранции.
12.
Нова дефиниција на таканаречените македонски национални интереси и на македонизмот како феномен. Со сите сили мораме да ја растуриме претставата која нас и нашите деца нè товари со неподносливи хендикепи, фрустрации и со најниски можни шанси во животот, тука и, особено, во светот. Никакви мечкини камења и други гранитни одбрани, ниту Гоце ниту Јане ниту другите јунаци, не смеат ниту еден ден повеќе да го хендикепираат македонскиот човек, оти ако го хендикепираат не се никакви јунаци туку се инструменти на ропството на еден народ.
13.
Не фаворизирање и глорификација на македонството туку неговата релативизација како клучен момент на опстанокот кој има смисла не како опстанок туку како квалитет на животот.
14.
Комплетна лустрација на сите што по политичко-партиска линија имале допир со општите работи во Македонија и според објективната и субјективната одговорност се виновни за невидената катастрофа.
15.
Политичка и институционална, идејна и културна, реконфигурација на Македонија врз критериумите на рационалноста и животот односно напуштање на митот како основа на политичката реализација.
Има ли кандидат за оваа програма или треба да го создадеме?
Извор: globusmagazin.com.mk
Колажи: Свирачиња
da bideme realni, da glasame
Испратено на 07 јуни 2012 од загриженаda bideme realni, da glasame za nevozmoznoto!
Glasam ZA
Тричковски, ја почитувам
Испратено на 07 јуни 2012 од Член на вмро забавнаТричковски, ја почитувам твојата беспоштедност, но планот во 15 точки е чиста утопија. Тоа го нема ни во Скандинавија, и покрај тамошната вековна борба за демократија и граѓанство.
Но, доволно ќе биде да се реализираат и некои поскромни барања од твојата програма: апсење на главните преродбеници од злосторничкото здружение и рушење и дислоцирање на речиси сите објекти и споменици.
Свирачиња rules! Од нивен цртеж у божји руки! (т.е. во рацете на правдата)
то тричковски...ти скурчи од
Испратено на 07 јуни 2012 од Djangoто тричковски...ти скурчи од саркањац а?
едино би болдирал: „...ќе биде нужно да се отвори дебата која ќе води во радикална културноисториска ревизија на митот за вмро.„
редно е пилешкиот мозок на овој народ (намерно не викам-македонски)да почне да еволуира
Gledam si ispushtil ona shto
Испратено на 07 јуни 2012 од ak47Gledam si ispushtil ona shto vistinski go mislish:
16. Makedonija formalno da se prisoedini kon Srbija kako Vardarska Banovina.
Во тој простор нема да може
Испратено на 07 јуни 2012 од Сос-катапултирачВо тој простор нема да може да се прикрива адресата од каде доаѓа будала ко тебе, има снифинг системи, а и пребарувањата по де-ен-ес системите ќе бидат јавни: ќе издржиме еден пувеж уживај, се навикнавме на абдалско-факалиската-смрдеа од ДупчиТе. Идијоте undo!
Тричко , а каде во твоите 15
Испратено на 07 јуни 2012 од meglenaТричко , а каде во твоите 15 точки виде нови идеи. Овде нема ништо што би можело да му се понуди на Македонскиот народ на избори. Предлагаш само идеи како да му се одземат сувереноста, историјата и иднината. И нормално желбата како да дојдеш на власт, која е изгледа мисла водилка на повекето од вашите колумни. Како лакмус тест за твојата програма види кој дел од неа би бил одбиен од Бугарија, Грција , Србија и Албанија. Сите наши соседи со двете раце би ја прифатиле твојата програма а Македонија. Честито.
Една лекција по пишување:
Испратено на 07 јуни 2012 од Сос-катапултирачЕдна лекција по пишување: само млада ороспија почетник во пишувањето остава спејс и потоа става запирка а потоа спејс агајн. Треба да напишеш над седумдесет илјади коментари, според еднаоставна формула за да дојдеш до нешто, но има многу џебови до таму, прашање е. Undo јорселф доека е време.
Убаво велиш Коле,
Испратено на 07 јуни 2012 од Овој долеУбаво велиш Коле, „еднаоставно“ добра идеја. Можеби и да стави точка негде и да не претерува со запирките, за да сфатат и другите што сакал да каже авторот :)
Човек треба сам да си пише 70к+ коментари за да дојде до нешто? Така изгледа ги добиваш паричињата од „независниот и непартизиран фонд“ :)
Вредиш минус и добро е што на
Испратено на 07 јуни 2012 од Сос-катапултирачВредиш минус и добро е што на ниво на мисла имаме таква страна, ко шо е пишано горе, + -, 1 0 или простото црно бело. Уживај!
Така е! Да живеат СДСМ и
Испратено на 07 јуни 2012 од Фан на БранкоТака е! Да живеат СДСМ и Црвенковски! Да живее Грција!
Долу Македонија!!!
Глеј, говно од горе-коментар,
Испратено на 07 јуни 2012 од Сос-катапултирачГлеј, говно од горе-коментар, иди посери му се на илајџа дајмановски на тимбата ко за атер за пресот од денес, ко ќе завршите со срањето влезете тврдо у лижење, лижи го ко куче, дигни нога и измочкај го, ко антиципација на фракциска фикција за да завршиш со визија, педери со дегенеративна и палијативна болест пар екселанс, ти си тимбо за класична retention policy, retention duration и слоганот: DUPÖIT (ДупчиТе) our new way of working: превод, ти си за DELETE! Иди, одма кај Илајџа, знаеш кај.
Така е Коле! Да живеат СДСМ и
Испратено на 07 јуни 2012 од Фан на БранкоТака е Коле! Да живеат СДСМ и Црвенковски! Да живее Грција!
Долу Македонија!!!
Нек живеат јебига, не ќе ги
Испратено на 07 јуни 2012 од Сос-катапултирачНек живеат јебига, не ќе ги убиваме, помина времето на санданистите од 1910та, иако можеме да се отарасиме од сите, прашање на идентитет, јебига; глуп. Шо ме боли кур за Грција бре тиквару, дај боже со Македонија да се управува не силува, аљас властува, вие бе мислите сте од династичката лоза на Фон Груј, да ти ебам?
ајде и фашизмот е тука, но, ќе го решиме ко на времето, тоа да биде секое фашистичко моронче сигурно
Така е Коле! Нека живеат,
Испратено на 08 јуни 2012 од Фан на БранкоТака е Коле! Нека живеат, јебига, СДСМ и Црвенковски! Нека живее, јебига, Грција!
Долу, јебига, Македонија!!!
Чатал, еве кај си опишан од
Испратено на 07 јуни 2012 од meglenaЧатал, еве кај си опишан од драгиот ти Жижек. Само замени Европа и европска со Македонија и македонска, имигрантски и муслимани со ВМРО и воала - п'рфект фит. Ова на крај во твој стил.
"Проблемот со одбраната на европската цивилизација од имигрантските закани е тоа што таквата дивјачка одбрана претставува поголема закана за „цивилизацијата“ од какви било муслимани. Со вакви бранители, на Европа не ѝ се потребни непријатели."
Или, европската цивилизација
Испратено на 10 јуни 2012 од ЖижекИли,
европската цивилизација - Македонија
дивјачка одбрана - фамилијата
муслимани - муслимани
актуелен п'рфект фит
После подолго време го
Испратено на 08 јуни 2012 од АнонПосле подолго време го посетувам окно ама гледам дека ништо не е сменето, сеуште смрди на земја
И Брејквик беше исправен пред
Испратено на 08 јуни 2012 од Свежа крв је нови валИ Брејквик беше исправен пред предизвик и реши да се дигне на оружје против тиранијата.
Ама ги искритикува СДСМ,
Испратено на 08 јуни 2012 од Свежа крв је нови валАма ги искритикува СДСМ, пуздер ги направи. Изгледа сака да го бркаат со говњав кур од неговите мечти.
Доаѓа новиот бран и во СДСМ,
Испратено на 08 јуни 2012 од Maury PovichДоаѓа новиот бран и во СДСМ, а Бранко со манифестов е неговиот предводник.
Бранко против Бранко, отворени издаици против кукавички манипулатори.
Дали тоа ќе смени нешто? Ќе видиме, но барем се` ќе биде истерано на чистина.
Би ги замолил другарите
Испратено на 09 јуни 2012 од СеверномакедонецБи ги замолил другарите комуњари да прокоментираат дали ја поддржуваат револуционерната платформа на другарот Бранко Тричковски.
Во кој свет живее автоpов? Не
Испратено на 09 јуни 2012 од АAAВо кој свет живее автоpов? Не знам од каде да почнам да го нотиpам и после тоа да го пpогласам за неук/неупатен/сензационалистички/па дуpи и глупав. Најискpено - книга ли пишуваше или pеал-политички мислеше дека пишуваш? Оф, оф, оф...овие на власт што се, се додека има вакви како опозиција - ќе си останат на власт.
Ма остај го, не глеаш дека
Испратено на 09 јуни 2012 од АвијатичарМа остај го, не глеаш дека трола. Си мисли многу паметен е, па ќе гледа сеири. Или дека клозетски хумор е кул.
Odlicno care, se potpishuvam
Испратено на 10 јуни 2012 од Kilgore TroutOdlicno care, se potpishuvam pod tockite.