Соединети Европски Држави

08.06.2012 10:20
Соединети Европски Држави

Ова е показател на брзината со која политиката на кризата на еврото се менува. Пред само две недели, сето внимание беше насочено кон новиот претседател на Франција, Франсоа Оланд, кој положи заклетва во Париз како М’сје Раст, и јурна на својата прва задачи да ѝ се спротистави на европската Фрау Штедење, канцеларката Ангела Меркел.

„Потребни ни се нови решенија. Сите опции се на маса“, зборуваше Оланд, мислејќи дека ќе ја натера Ангела Меркел да ја тргне штипката од носот и да го разгледа она што смрди во Берлин, првенствено евро обврзниците – за Германија да ја реши кризата со еден потег, така што ќе го осигура долгот на Шпанија, Грција, Италија и останатите. Слаби шанси.

До саботата расправата за растот и штедењето се стиши, кога Меркел тргна во напад.

Сега нејзе ѝ дојде редот да објави како не смее да има забранети теми додека европските лидери чекаат да видат што ќе се случи во Грција и Шпанија, и ги планираат следните потези за она што, судејќи по сè, ќе биде особено значен собир кон крајот на месецот.

Изгледа дека Меркел смета дека и Оланд и цела Франција блефираат. Зборувајќи како не треба да има цензура во задачите на еврозоната, таа всушност предлага радикални, федералистички чекори кои подразбираат постепено губење на државниот суверенитет во буџетската, фискалната, социјалната, пензиската и работната политика, со што би се изградила нова европска политичка унија во наредните пет до десет години.

СЕД – Соединетите Европски Држави – повторно се тука. Барем за еврозоната. Таквата „политичка унија“ која ги препушта основините ингеренции на Брисел, Луксембург и Стразбург, за Французите отсекогаш била премногу далечна за сериозно да ја разгледаат.

Но, Берлин дава сигнал дека, ако веќе треба да го сноси товарот за она што го смета за неуспех на другите, ќе мора да се преземат постепени, но над сè, крупни интеграциски чекори кон банкарска, фискална и, на крајот, политичка унија во еврозоната.

Тоа е раздорна и спорна идеја, која Меркел не ја поддржуваше отсекогаш. Меѓутоа, среде кризата, изгледа дека сега не гледа никаква алтернатива.

Во таа смисла, наредните три недели ќе бидат одбележани од луда активност, додека еврократите јурат од една до друга престолнина, испитувајќи го теренот.

Херман ван Ромпуј, претседател на Европскиот совет, Марио Драги, шефот на Европската централна банка, Жан Клод Јункер, премиерот на Луксембург и долгогодишниот предводник на Еврогрупата на министри за финансии, и Хосе Мануел Баросо, шефот на Европската комисија, треба да го претстават планот за интеграција на еврозоната на самиот на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Сите четворица се заколнати европски федералисти.

Пред самитот, на ред се пресудните избори во Грција и парламентарните избори во Франција, додека времето тече за банкарскиот сектор во Шпанија. Министерот за финансии во Мадрид, Луис де Гуиндос, вели дека судбината на еврото ќе се одреди за време на ови три недели во Шпанија и Италија.

Гигантскиот интеграциски чекор за кој се размислува нема да ја спаси Грција, да ги избави шпанските банки, да доведе ред во Италија, ниту ќе ја реши кризата на еврото во догледно време.

Можеби на лидерите им истекува времето, можеби ги исцрпеле сите закани и последни опомени кои го одбележаа „кризниот менаџмент“ во последниве 30 месеци.

Но, се надеваат дека со откривање на среднорочните стратегии за фискална и политичка унија во еврозоната ќе ги убедат финансиските пазари во својата решеност да го спасат еврото, дека оваа валута е неповратна и дека тензиите ќе спласнат.

Влијанието на „проектот“ ќе биде неизмерно, доколку биде покренет.

Секако, ќе биде неопходен нов европски договор. Тоа ќе биде макотрпен процес. Веројатно ќе мора да се донесе и нов германски устав, што моежби ќе биде капка во преполната чаша.

Толку споменуваниот „демократски дефицит“ во водењето на Европа експоненцијално би се проширил без радикални промени на изборниот темел на еврозоната. Каква смисла би имало гласањето за влада, да речеме, во Словенија, ако во политичката унија на еврозоната одлуките за данок, потрошувачка, пензии и вработување ќе се носат во Брисел?

Со тоа, „Европа на две ленти“ би била уште поизразена, при што клучните одлуки би се донесувале во еврозоната, а не во ЕУ од 27 или 28 земји.

Јазот помеѓу Британија и центарот на Европа би можел да стане непремостлив, што само би довело до меѓусебно обвинување, а на крајот би се завршило со прекинување на несреќното британско кокетирање со ЕУ, иако Дејвид Камерон и Џорџ Озборн предлагаат токму „политичка унија“ како „немилосрдна логика“ на делењето иста валута.

Во третата година од кризата, изборот кој ја чека Европа станува многу појасен – смрт на еврото или раѓање на нова европска федерација.

Извор: The Guardian

„Слаби шанси“ за писменост на

„Слаби шанси“ за писменост на Окно.

Тоа е цената на буквалното

Тоа е цената на буквалното преведување што ја плаќа преведувачот (во случајов, читај „плагијаторот“), кога истиот не знае повеќе од 500 македонски збора :)

Понекогаш и Гељо знае да чкртне нешто негово, ама во основа и тоа е плагијат на мејлот со кој му пристига штапската нарачка со порачка да пишува за одредената тема :)

„Денес Коле ќе пишеш за Груевски, клучни зборови што треба да ги употребиш се 'диктатура', 'фашизам', 'антиквизација' и 'ИМЕТО'. Свирни и некое куренце, колку да ја привлечеме геј популацијата која треба да гласа во што помасовно за нас. За курињата инспирирај се од овде
sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/hs319.ash2/59920_106703706059854_100001606752045_58279_1122111_n.jpg

Те љуби твој,
Бранко "

ОкоБоли главаВицФото