Пресметка кај ОК „Локални избори“

08.06.2012 14:11
Пресметка кај ОК „Локални избори“

Старите и истрошени политичари сакаат да ги измешаат картите и да исконстриураат една невозможна и неприродна коалиција. Зошто го прават тоа? Бидејќи времето ги прегазило, а луѓето ги паметат само по лошо, тие не знаат што ќе прават со себе, па сега ќе се здружуваат. Овој вмровски спин ќе го слушаме многу често и тоа ќе биде главното осило против приближувањето на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски.

Засега, двете страни, и власта и опозицијата, посакуваат да се отвори оваа тема. Но, тоа го прават претпазливо и дозирано. Во сегашни медиумски констелации, надградени со манипулациите на агенциите за рејтинзи и со пропагандистичките тапани кои го знаат само ритамот на „там-там“, не може лесно да се процени кој ќе излезе како победник од ова политичко надмудрување.

На планот на пропагандата, со оглед на ресурсите, односно, поради дисбалансот во моќта, власта е во огромна предност. Власта, најверојатно, по обичај, ќе избере комбиниран модел – прво ќе се тргне со морализирање и со стигматизирање, па ќе дојде на ред теоријата на заговор, а на крајот ќе се вклучат сите расположиви пропагандистички имиња, кои како „големи познавачи“ на политиката и на историјата, ќе се влучат во демаскирањето на нагодбата помеѓу Црвенковски и Георгиевски. Нормално, за сето ова ќе се потрошат милионски суми за телевизиски спотови и за платени политички реклами. Но, јанѕата ќе ги јаде, бидејќи сето тоа не е гаранција за успех.

Опозицијата, од друга страна, не може да се раководи според логиката и според мерилата на власта. Тешко на оваа опозиција ако води сметка за перцепциите и за пропагандите што се креација на една режимска власт. Опозицијата, која сака да покаже иницијатива, а потоа и да ја презеде, си има своја агенда и своја логика: она што мора да се направи – ќе се направи.

Мислам дека фамата за неприродна коалиција е болест што македонската политика го прележа уште во деведесеттите. Во 1998 година, на пример, на СДСМ не му помогна што Љупчо Георгиевски не го откриваше партнерот од албанскиот кампус и покрај постојаните прозивки. Неколку години порано, ретко кој можеше да претпостави дека еден ден Георгиевски и Тупурковски ќе направат политички сојуз. Голема драма се направи и во 2002 и во 2006 година околу тоа дали ДУИ треба да биде дел од владејачкото мнозинство. Груевски, на пример, две години глумеше принципиленост, а потоа, компромисерски се приспособи на реалноста. И тој ја преболе неприродната коалиција! Се сеќава ли некој повеќе на овие лажни или изнасилени дилеми? Тешко.

Сега, по шестгодишното владеење на Груевски, ние сме зрели за една нова доктрина, за една нова парадигма – во Македонија допрва ќе се случуваат изненадувања, бидејќи времето е такво – тешко, драматично, режимско. Првата работа која мора да се апсолвира е дека не смее да се робува на старите шеми. Една власт која направи режим не се соборува со традиционални политички методи, ниту промената на власта ќе заличи на стандардниот образец на сменливост. Она што лесно е загубено во минатото, сега бара и поголем напор, и нова енергија и нови методи на политичка борба.

Меѓутоа, кога во преден план се ставаат политичарите, коалицирањата и методите на политичката борба, мора да се води сметка дека ние сме на теренот што вака или онака му одговара на Груевски. Таквиот пристап не би го нарекол површен и банален, бидејќи, луѓето ја партиципираат политиката и учествуваат во неа врз основа на тоа какви мислења ќе изградат за актерите и за нивните улоги во политичкиот натрпевар, ама тој пристап, кога во преден план се само политичките технологии, во секој случај е дефектен. Македонија се доведе во ситуација кога мора да направи еден епистемиолошки рез да за дојде од она суштинското. Прашањето кои се актерите во политичката битка е битно, но уште побитно е за што се води таа битка.

Мене ми е многу жал што битката против ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се доживува првенствено како борба за одбрана на слободата и на демократијата. Поточно, како борба со која овие цивилизациски вредности ќе бидат реафирмирани и оживеани.

Зарем прашањето на демократија е некоја апстрактна вредност? Зарем загубената слобода ги остава рамнодушни луѓето? Зарем толку сме ослепеле и забегале? Тешко е да се одговори на овие прашања од сегашна перспектива, но самото постоење на вакви дилеми е еден од индикаторите колку нашето општество и нашиот систем се заболени. Тоа е цената што се плаќа поради режимизацијата. Ние веќе се доведовме во таа апсурдна, речиси гротексна ситуација, да почнеме да мислиме дека сме нација која не ги знае своите приоритети, која не ги препознава вистинските вредности.

Во едни такви околности, опозицијата најави дека го свртува листот и дека заврши нејзината летаргична и стерилна фаза. Ангажманите во парламентот се покажаа како изгубено време и како промашена политика.

Најшироката платформа за новата опозиција, поточно, за рабудената опозиција, може да се сублимира во паролата: Ослободување на Македонија. Нормално, со оглед на сегашните состојби, на стартните позиции, на огромниот дисбаланс во моќ и во пари, но и со оглед на конфузијата која владее меѓу луѓето, политичкиот дискурс ќе си избере пораки што одговарат и на времето и на луѓето. Но, сега е најмалку важно како ќе се нарече будењето на опозицијата. Поважно е да се реализира тоа.

Црвенковски со постојните партнери, со старите пријатели и со старите непријатели, со познати и со помалку познати лица, практично, со сите оние кои не се во вмровската орбита, навестува дека со „охрабрен народ и со забеган Груевски“, тензијата во Македонија ќе расте. Опозицијата процени: сега или никогаш! Ова мора да запре!

Опозицијата зеде голем залет пред првиот сериозен тест – локалните избори, кои ќе се одржат напролет, во 2013 година. Веројатно, на сите им е јасно дека кога се избира ваков радикален пристап, опозицијата ќе се раководи од начелото: ако тргнеш, нема запирање! Појасна претстава за тоа колкава ќе биде реалната моќ на опозицијата и какви нови ситуации ќе искреира, можеби, ќе се знае, уште на крајот од долгото топло лето. Сепак, вистинската легитимација ќе се стекне по локалните избори, бидејќи од нивниот исход ќе се знае дали Македонија е зрела за промени или, пак, останува во канџите на преродбениците.

Ако опозицијата навестува пресврт, една работа останува константа – Груевски, ниту ќе попушти, а ниту ќе се промени. Оваа власт ќе станува уште полоша – и во водењето на државата и во користењето на државните механизми за партиски цели. Оттука, наивно е да се мисли дека додека опозицијата ќе го изнесува народот на улица, власта ќе седи мирно и ќе се задоволи со засилена пропаганда. Напротив, таа ќе се послужи и со нови репресивни методи, кои се толку инхерентни на еден режим.

За периодот што е пред нас, а сега, главно се врзува за политичката ситуација што ќе биде воспоставена по локалните избори, Груевски има навидум полесна задача и попрагматична цел – тој треба да победи за конечно да го тргне Црвенковски како политички противник. Тоа е неговата примарна цел. Црвенковски, а и Љупчо Георгиевски, се во ист чамец. За нив ситуацијата може да се опише како или-или. Ако загубат, тоа значи нова опозициска депресија и нивна политичка маргинализација. Ако победат или извлечат барем нерешено, тоа значи дека добиле една битка, но не и војната.

Оттука, годинава и наредната, ќе биде еден од најдраматичните периоди во овие 21 година на плурализам. Големи се проблемите, големи се влоговите, големи се мотивите, големи се актерите.

Нешто крајно диспропорционално за малата и слаба Македонија.

Но, од друга страна, треба да се има предвид дека една нација станува „голема“ само ако знае што сака и доколку се најде на вистинскиот пат. Од тој аспект гледано, ние сме сега ептен мали и ептен никакви.

Извор: globusmagazin.com.mk

Си дигате цена, комуњари. Не

Си дигате цена, комуњари. Не е Груевски толку способен (ни забеган, ни диктатор, ни тиранин, ни зол гениј) колку што сте вие за никаде.

Преку стојко више од замена на тези: тргнување од премиса дека Груевски е забеган, па градење прикаска. Треба да ја докажете премисата, не само со зборови.

Овој политички памфлет не го личи да биде објавен ни на оние летоците што ни ги пуштаат во сандаче. Но, нема проблем за Окно, само да ги оправдаме ситните пари фрлени на нас.

Може ли некој да не потсети

Може ли некој да не потсети за добрите работи што ги направија Бранко и Љубчо? Јас навистина се трудам да се сетам, и да речеме, да го оправдам евентуалното гласање за опозицијата, меѓутоа не ми иде. Она што прво ми паѓа на памет е направениот проблем со името и знамето, смешната и криминална приватизација на стопанството, фингираната војна, шемата со приватните штедилници и се така некои леви , смешно-трагично-криминални ситуации оставени во ветар никогаш разјаснети. Што е тоа што како граѓани на Македонија ве тера да мислите дека овојпат ќе биде подобро и некако Бранко и Љубчо ке ја оправат работата. Која ви е логиката на размислување?

Стварно еј, која диктатура

Стварно еј, која диктатура упм... вчера слушам и коњ убиле бе ееееееј, КОЊ УБИЛЕ!!! ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕТЕ ЈА!!!
Слобода за Велија!
Да живее Црвенковски, и СДСМ и Грција да се живи, и мајка му на Гељо да поживее!
Долу Македонија!!!

Браво момци, поплавете го

Браво момци, поплавете го комуњарсково дувло. За дневници ич гајле да немате, ќе има, се’ ќе има, само еднаш за секогаш да ги решиме комуњариве. Сегде изедначувајте ги со Грција, тоа добро сте го сфатиле на последните состаноци. Изгледа и од вас ќе биде нешто, добро е, добро. Сега со новиов бран треба да смениме неколку административци што седат на фејсбук место да коментираат на политички текстови, ќе сметаме на вас. Само треба да знаете, пошто веќе не сме партија туку движење ќе има се повеќе кандидати и тоа кој од кој поспособен и со подобри коментари.

Немој да ти го пратиме

Немој да ти го пратиме Командант Коки.

Еј, комуњар еден, немој

Еј, комуњар еден, немој случајно да те згазне Ален со мотор, или Спасов коа ќе искочи на прошетка да налета на тебе.

Дојди у Хард Рок да те видам.

Дојди у Хард Рок да те видам.

Прво, како аналитичари,

Прво, како аналитичари, правите една катастрофална грешка и никако да ја сфатите демократијата. Не е ова фудбал па некој да извлече нерешено, како што вика Мицковски. Не може да нудите уништување и деструкција, како во програмата на Тричковски. Не може да навредувате постојано на својот сајт, како што прави Гелевски и да се надевате дека некако народот ке ве разбере и ке гласа за вас на избори. Треба на народот да му понудите правец и позитивна идеја. Трагедијата со вас е дека вие всушност и не сакате да се смени власта. Ќе ви отиде бизнисот. Нешто како водечките шоуа во Америка во времето на Буш. Плачеа кога му заврши мандатот. Она што ми е најсмешно во се ова е дека после сите овие силни филозофски погледи и компарации со фашизмот на крај пак се обидувате да купите гласови со сто грама кафе. Патетично и многу лузерски.

ОкоБоли главаВицФото