Класната борба во Грција (1)

09.06.2012 15:59
Класната борба во Грција (1)

За класната борба и ситуацијата во Грција разговараме со TPTG (Ta Paidia Tis Galarias, Децата од задните седишта на автобусот), група анти-авторитарни комунисти од Атина собрани околу истоименото списание кое излегува, во недефирани временски периоди, веќе 22 години. Овие активисти ни даваат една навистина опширна и детална марксистичка анализа на ситуацијата во Грција, почнувајќи од самата криза на капитализмот и начинот на кој капиталот се обидува да се зачува преку мерките на штедење.

Во 2010 г. ја објавивте статијата „Оптоварени од долгот“. Во неа се занимавате со начинот на кој кризата на капитализмот се одразува врз Грција, односно за „должничката криза“ и „шок терапијата“ на владата на ПАСОК во соработка со ЕУ и ММФ, преиспитувајќи ги можностите за класна борба во она што го нарековте „најжесток класен напад од крајот на Втората светска војна, наречен мерки на штедење“. Неодамна, на 12 април, го објавивте дополнението на „Оптоварени од долгот, надополнето“. Можете ли накратко да ни дадете анализа на ситуацијата во Грција?

Во првата статија утврдивме дека отежнувањето на продолжената криза на капиталистичката репродукција е пролонгирано со одредена монетарна политика, која доведе до релативна автономизација на финансискиот капитал и поблиска интеракција меѓу извозниците на капитал/заемодавци и должници со зголемени износи на долг, јавни или приватни (на ниво на ЕУ, ова се покажува во вид на хиерархиска интеракција меѓу нациите од „центарот“ и нациите од „периферијата“). Дополнителниот јавен долг е предизвикан со социјализацијата на капиталистичките загуби по пукањето на меурот на американскиот пазар со недвижнини, што доведе до рецесијата од 2008 г., и спасувањето на банките. Во Грција, режимот на акумулација, карактеристичен за 1990-те и 2000-те години, беше заснован на растот на инвестициите во фиксниот капитал и растот на продуктивноста на трудот, како и на двојниот пазар на труд и високата јавна и приватна потрошувачка која овозможуваше ниска реална каматна стапка на периферијата на еврозоната (поради поголемите стапки на инфлација во споредба со оние од „центарот“) и соодветен прилив на капитал од вишоците на ЕУ „центарот“. Овој режим почна да покажува знаци на слабеење од средината на 2000-те, поради падот на стапката на експлоатација, а целосно се распадна по појавата на кризата.

Почетните мерки на штедење се развија во полнокрвна политика на девалвација на капиталот, што ја продлабочи рецесијата и го зголеми јавниот долг. Главниот елемент на политиката на девалвација на капиталот е депрецијација на работната сила која за цел има слабеење на моќта на работничката класа преку воспоставување трајни мерки на штедење и механизми на дисциплинирање, како и создавање големи резерви на армија на трудот. Освен тоа, таа депрецијација на работната сила е олеснета со институционалното укинување на колективните договори, процес кој, во голема мера, ја поткопува самата функција на механизмите на репрезентација на работниците. Општата политика на девалвација, со своите мерки како докапитализацијата на банките, отстранувањето или експропријацијата на одреден дел од вкупниот општествен капитал (малите и средни претпријатија) кој не е во состојба да го валозира вишокот капитал, депрецијацијата на мениците и падот на потрошувачката и инвестициите, се презема за централизација на капиталот, репродукција на т.н. примитивни акумулации и преовладување на раздвоеноста на различните моменти во репродукцијата на капиталистичкиот однос која постоеше пред кризата. Во процесот на девалвација на капиталот сепак постојат некои инвестициски планови, посебно во енергетскиот сектор (соларна енергија, нафта и јаглен) и долг список на претстојните приватизации на државните служби и претпријатија кои, меѓутоа, во опкружувањето на длабоката рецесија и недостаток на државни инвестиции, се чинат многу неизвесни.

Како илустрација на ова што е наведено, ги приложуваме најновите податоци кои ги собравме.

Во периодот од 2010 до 2011, БДП е намален за 10%.

Вкупната потрошувачка падна за 12,6% (-10,7% за личната потрошувачка и -14,5% за јавната потрошувачка). Инвестициите во капиталните влогови се намалени за 17,9%.

Извозот на стоки и услуги порасна за 14,5% во истиот период. Причина за овој раст е заздравувањето на меѓународната трговија, што подразбира пораст на странската побарувачка во сите земји. Значи, ако се постави во меѓународен контекст, грчкиот пазарен резултат од извозот на стоки и услуги во периодот 2010-2011 е -1% во однос на 2009, што претставува најлоша состојба на извозот во последните 20 години. Извозот одговара на само 1/5 од БДП.

Во вториот квартал од 2011 г. вработеноста е намалена за 6,1%, а невработеноста порасна за 36,5% во однос на вториот квартал од 2010. Стапката на невработеност достигна 20,9% во декември лани или, со други зборови, над еден милион луѓе се невработени. Посебно се погодени жените на возраст од 15 до 34 години чијшто процент на невработеност изнесува 32%, и младите луѓе (15-24 години) чиј удел изнесува 48%. GSEE (Општа конфедерација на грчките работници) проценува дека стапката на невработеност е споредлива само со еден период, во раните 1960-ти, кога стотици илјади Грци емигрираа во централна Европа, Северна Америка и Австралија. Имајте на ум дека процените за 2012 не ги земаат предвид следниве откази во јавниот сектор: 15.000 државни работници ќе бидат отпуштени во 2010, а вкупно 150.000 до 2015 г. Единствениот сектор каде што вработеноста е во пораст е полицијата. Во периодот 2010-2011 просечната номинална плата во приватниот сектор е намалена за 4,5%.

Денес едно од четири комерцијални претпријатија е затворено, а нивната конфедерација проценува дека 38% ќе бидат затворени до летото 2012. За време на периодот 2010-2011, затворени се 68.000 мали и средни претпријатија (јануари-септември 2011: губење на 67.000 работни места), додека процената за 2012 е исто така тмурна: затворање на 60.000 претпријатија и губење на околу 100.000 работни места. Важно е да се напомене дека малите и средни претпријатија во Грција се вистинската потпора на грчкото стопанство и општество. Нивниот удел во вкупниот број капиталистички претпријатија изнесува 99,9%, а уделот во вкупната вработеност 85,6% – ако не го земеме работењето во т.н. сива економија, што може да се спореди со 66,9% удел на малите и средни претпријатија во ЕУ. На малите и средни претпријатија во Грција отпаѓа 72% од производството на додадена вредност во споредба со 58,4% во ЕУ, според статистичките податоци од 2011.

Не влегувајќи во детали, бидејќи резовите варираат во зависност од пензиските фондови, износот на пензиите и пензиските фондови на кои им припаѓа одреден работник, поради новите мерки, ќе се намалат за 10 до 20%, пензиските надоместоци за 30%, додека здравствената заштита се влошува, а социјалните бенефиции за лицата со инвалидитет исто така се намалени.

Од 2010 до 2011 г. платите во јавниот сектор се намалени за 23%. Со воведувањето нова скала на плати во тој сектор во ноември 2011 платите беа намалени во просек за дополнителни 20%. Пред новиот круг на штедење, реалните надници во приватниот сектор се намалени за 8%. Сега основната плата е намалена за 22%, а за работниците на возраст до 25 години – за 32%. Тоа значи дека основната плата е намалена на 480 евра, или 400 евра за оние под 25 години. Надоместот за невработените е намален на 350 евра (но во Грција овој надомест може да се прима само една година, а условот за остварување на ова право е претходно работење со целосно работно време од најмалку две години пред отказот).

Во 2011 г. дефицитот на државниот буџет е зголемен во апсолутен износ за 1,3% во споредба со 2010. Државните приходи се намалени за 2,8% во истиот период. Ова се причините за намалување на државните приходи: а) намалување на просечната плата, просечната пензија и вработувањето, и со тоа и намалување на износот од поврзаните поединечни даноци на приход; б) падот на профитабилноста на капиталистичките претпријатија која, во комбинација со намалувањето на данокот на добивка за 1% во 2011 г. доведе до значително намалување на данокот на добивка (кој ќе биде помал за 20 до 24% во 2012); в) растот на приходите од индиректните даноци (ДДВ, данокот на масло, алкохол и тутун) кој беше понизок од очекуваното поради намалување на потрошувачката, и покрај зголемувањето на даночните стапки; и г) големиот пораст на даночните рабати наместо првобитното планирано намалување поради неуспехот на новата релевантна регулација на данокот.

Главната причина за зголемување на државните трошоци е зголемувањето на долгот: каматата порасна за 23,6% во однос на 2010. Од друга страна, т.н. „примарни трошоци“ паднаа само за 1,3%, и покрај длабоките резови на платите во јавниот сектор. Причината за ова треба да се бара во зголемувањето на издатоците, од 12,8% за социјалната сигурност, социјалната помош и социјалната заштита. Овој пораст е последица од: а) зголемените субвенции на пензиските фондови кои се наоѓаат на работ на пропаста поради огромното намалување на социјалните придонеси, а тоа намалување е предизвикано со големиот пораст на невработеноста, намалувањето на просечната плата и голема аекспанзија на хонорарните договори и договори за скратено работно време, и б) зголемените издатоци за надомест за невработените, предизвикани исто така со порастот на невработеноста. Понатаму, воените издатоци се намалени за 60%, додека расходите кои се однесуваат на „Програмата за јавни инвестиции“ се намалени за 21,8%. Според Евростат, уделот на грчкиот државен долг во БДП драматично пораснал од 113% во 2008 и 129% во 2009 г. на 145% во 2010, за во 2011 г. да достигне 165,3%. Според Европската комисија, тој ќе биде намален на 161,4% во 2012 г. поради спроведување на Програмата за јавни инвестиции, но повторно ќе порасне на 165,3% во 2013. Потоа, според оптимистичките фантазии на ЕК, дефицитот ќе почне да паѓа постепено, бидејќи грчкиот БДП ќе расте, и ќе дојде на ниво од нешто помалку од 120% до 2020, односно на исто ниво како и во 2009, кога стратегијата на фискален тероризам беше усвоена заради „спас“ на оваа земја.

Грчката работничка класа во 2010 г. беше седмата најсиромашна во ЕУ, во релативна смисла 27,7% од населението тогаш живеело во домаќинства со доход под „прагот на сиромаштијата“ (60% од националниот расположлив доход). Сигурно е дека таа бројка пораснала оттогаш и дека поголемиот дел од пролетаријатот се наоѓа под „прагот на сиромаштијата“ . Бројот на бездомници е 20.000 (дури 11.000 се во Атина), што последниве две години претставува раст за 20-25%. Повеќето нови случаи со грчките бездомници не е поврзана со зависноста од дроги или ментални болести, како што главно беше случај пред 2008, туку со долгорочната невработеност и/или со одземањето на станбениот простор. Самоубиствата (и обидите за самоубиство) пораснаа од 507 во 2009 г. на 622 во 2010 (+22,5%). Споредено со грчката просечна стапка на самоубиства (3,5 на 100.000 луѓе, една од најниските во Европа), ова зголемување добива многу поголеми размери: +31,4% во 2009, +61,4% во 2010 и +55,7% во 2011. Стотици луѓе беа сведоци на самоубиството со огнено оружје на еден 77-годишен пензионер на плоштадот Синтагма. Во прошталното писмо напиша дека не сакал да заврши во потрага по храна во кантите за ѓубре. Веста за неговиот трагичен крај доведе до широко распространет бес. Истото попладне неколку илјади луѓе се собраа на плоштадот и дојде до мали судири со полицијата.

Не постои официјален преглед на состојбата во здравствениот систем за периодот 2010-2011. Еве некои од главните промени кои ги искусивме: од почетокот на годинава, четирите главни фонда за здравствена заштита и осигурување (оние за државните службеници/работници, работниците во приватниот сектор, за самовработените – што ги вклучува и работниците, и малите претприемачи, и селаните) се обединети во еден, Национална организација за пружање здравствена помош, кој покрива 9,5 милиони луѓе. Според одредбите на новиот офнд, бројот на лекари кои се во договорот изнесува само 5.000, што значи дека еден лекар доаѓа на 2.000 осигурани пациенти. Освен тоа, најголемиот број пациенти на кои им е дозволено бесплатно да посетат лекар изнесува 50 неделно, а 200 за целиот месец. Откако ќе се остварат овие бројки, наредните пациенти мораат да платат за здравствената услуга.

Постои растечка тенденција на иселување меѓу квалификуваните и неквалификуваните работници. Се чини дека државата го фаворизира таквиот развој на нештата поради ослабнување на претстојната класна борба. Многу доселеници од источна Европа (Албанија, Полска, Романија) кои за време на минатите години работеа во градежниот сектор, како и многу Курди, ја напуштаат земјата бидејќи не можат повеќе да најдат работа. Во исто време полицијата ги гони уличните продавачи од Азија и Африка под изговор „сузбивање на незаконската трговија“, а градските центри се под постојан надзор, додека присутноста на интервентната полиција и полициски сили во областите каде што си го поминувата времето маргинализираните пролетери е повеќе од очигледна. Медиумската пропаганда, која ја зацврстува агендата на јавниот дискурс, многу грубо ги поврзува илегалната имиграција и зголемената стапка на криминал и заканите за јавно здравје, и на доселениците им наметнува лик на жртвено јагне за сите страдања низ кои минува сегашното грчко население. Истовремено, полицијата не ги спречува нападите на фашистичките групи врз доселениците. Воведен е нов закон како дел од договорот со меѓународната тројка, кој одредува дека во следните три месеци сите „илегални имигранти“ кои работат во земјоделскиот сектор или како медицински сестри, послуга и чистачи мораат да одат со своите работодавци во полиција за да ги регистрираат. Во рок од шест месеци по регистрирањето имигрантот мора да се врати во земјата од која дошол, а само по еден месец по депортирањето работодавецот може да поднесе барање за едногодишна дозвола за да вработи имигрант.

Поткупувањето на функцијата на синдикатите го покажува и неодамнешното затворање на Работничката станбена организација (ОЕК) и Работничкиот социјален фонд (ОЕЕ) под надзор на Министерството за труд, како дел од намалување на јавниот сектор во вид на придржување до условите кои на Грција ѝ се наметнаа од страна на доверителите. Придонесите од работниците и шефовите ги финансираа овие две организации, и неодамна се укинати (т.н. „намалување на другите трошоци освен надниците“) за државата да може да собере дополнителни 300 милиони евра за финализација на договорот за нов пакет помош, склопен со тројката (ЕУ, ММФ, Европска централна банка). Бидејќи ОЕК беше задолжен за државно субвенционирано домување на сиромашните и големи семејства, проценето е дека има околу 1 милијарда евра расположлив капитал за развој на станбени единици низ цела Грција. Меѓутоа, затворањето на работничкиот социјален фонд (ОЕЕ) има уште еден ефект, оној на синдикатите. Основан 1931 г. од страна на државата, функцијата на ОЕЕ е манипулација и контрола над синдикатите, преку финансиска потпора и пружање станбени услуги на членовите на оние синдикати чии „цели и активности не биле против законот“, како што диктира неговиот основен закон. Синдикатите ја достигнаа точката на која нивната немоќ конечно ја поткопува самата нивна егзистенција.

Дали Грција ќе ја урне еврозоната? Како падот на еврозоната би влијаел на класната борба во Грција и остатокот од Европа, и како би влијаел на грчката економија и развојот на кризата?

Дали оваа посебно ирационална состојба на „невработен капитал на едниот пол и невработена работничка популација на другиот“ (Маркс) ќе се решава во иднина низ контролирана рецесија, која ќе доведе до пораст на конкурентнота на грчката економија во новиот европски акумулациски циклус, или зголемените противречности поради долготрајната политика на девалвација ќе водат кон хаотичен развој и уривање на еврозоната, ние не знаеме. Не можеме да кажеме каков опсег и облици на капиталот ќе има. Додека сè уште се наоѓаме во процес на девалвација низ „должничката криза“, прерано е да се каже кои облици и содржини на идниот режим на акумулација, ако воопшто и ќе има таков, ќе бидат погодени со девалвираната работна сила и колку стабилни ќе бидат тие. Овој процес доведе до конкуренција меѓу капиталистичките „непријателски бараќа“ каде што, на ниво на односи меѓу нацијата-државата и на националниот терен, најсилниот и најитриот „се обидува да го намали својот удел (загуба) на минимум и да му го подметне на другиот“ (Маркс). Тоа исто така доведе до пораст на национализмот меѓу работничката класа, индивидуалистичката борба за зачувување на својата дејност, извозот на работна сила (посебно стручната) и постепеното пропаѓање на невработената работна сила.

Криза на политичкиот легитимитет

Неодамна беше објавена статијата на Марк Амес кој покажува дека новиот министер за инфраструктура, транспорт и мрежи, Макис Воридис, бил водач на студентската фашистичка група „Студентска алтернатива“ во 1985 г. Кога ова ќе го поврземе со воената хунта, се поставува интересното прашање за војската и нејзината реакција на сите овие промени? Дали некоја нова воена хунта би можела да ја заземе моќта за да го одбрани капиталот?

Расправите за можноста од нов воен удар не се нови. Тие повторно заживеаја кога поранешната влада ненадејно реши да спроведе промени во врвот на војската за да ја продолжи власта на својата партија и да има надзор над военото раководство во мигови на работнички отпор и нивната неможност да најдат рамнотежа меѓу различните цели на грчкиот капитал. Но, една од главните прилини е потребата за обезбедување целосна согласност на воените лица за проширувањето на финансиските резови во војската (укинување на некои воени корпуси, главно на северот од Грција), бидејќи поранешниот главен воен заповедник имаше одредени несогласувања околу опсегот на резовите. Новите воени раководители се искусни и беа интензивно вклучени во разни интервенции на НАТО-ЕУ армијата и, што е најважно, млади се и избрани се исклучиво поради нивната послушност кон владата.

Значи, непосредно пред владата на ПАСОК да овозможи нова „влада на национално единство“, тие одбраа лојалисти од својата партија. Исто така, едно списание неодамна откри дека смената на водството на грчките вооружени сили е поврзана со нивното неодобрување на користење на војската за задушување на штрајковите. Значи, во ситуација на сеопшта криза не можеме да ја исклучиме можноста дека војската ќе биде повикана да биде одговорна за можни репресивни операции против побунетите маси. Според некои извештаи, заповедникот на топовските сили покрај Атина ги повикал подредените да бидат подготвени за борба бидејќи земјата е на работ на пропаста и на војската може да ѝ биде наредено да излезе на улиците.

Меѓутоа, на војската ѝ тешко да игра автономна улога во политичкиот живот на Грција, па затоа е мала веројатноста дека военото раководство би презело иницијатива за заземање на власта за да го спаси капитализмот. Таквата иницијатива би била многу незгодна и за ЕУ, бидејќи државата со која управува војската треба да биде исклучена од ЕУ. Поверојатно е дека грчката влада ќе ја користи војската во случај протестите да се прошират и ситуацијата да ѝ се извлече од контрола на полицијата.

(продолжува...)

Извор: zarez, XVI/335

За вториот дел, кликнете овде.

ДИКТАТУРААААА

ДИКТАТУРААААА ДИКТАТУРАААААААА
ВЕЛАМ ААААААААААААА
Гласајте за Бранко, да живее Грција

Илија Димовски се јавува со

Илија Димовски се јавува со коментари на окно, будала една; прибери си ги безкрилјациве сироти птици! Имате собир у 12 да броите луѓе шо се возат од митинг до митинг у МЛАЗ автобуси со 55 седишта, со разглас, богат кетеринг итн. Дајте бројка колку камен се дава за сендвичи и партиципиенти у ретро-акцијата, има ли социјални случаи кои шо би можеле да влезат у програмите за вработување на Коце Трајановски, за примања од кои штукнува памет, 7000 денари + ДДВ. Владата ги шупчи и тие шо го донеле законот за минимална плата и останатата багра. Илија будало Димовска тикво, колку ги плаќаш ороспииве да вадат од базата на припремени коментари и да отворат уста, за да нема сомнение во наодот: се работи за лош спој на сперма од вмро, де-ен-ка на глупи родители, мизерно образование и глад за идеолошки волунтаризам и волонтерство, волство? Илија, прибери си ги торловите!

passionate pursuit for

passionate pursuit for knowledge, taking high culture and the aspects of science to produce lasting values and thinking platform that brings joy and complementary addendum to new pursuits, details and unfold mysteries and dull stubborn trivialization of the reality, per se, and the brutality of daily but obvious lab experiments with vmro-rats ас to, то produce, god knows what; glasses to look at the vmro-embryo, протези за уништен дух, интелект, мисловна.. кој да ве абортира, бе, морони. Војната, каков и облик да има е добар стимул за будалите што први гинат, Илија прибери си ги Димовки ретардираниве! Мотивирам те!

Ај замоли убаво и престани да

Ај замоли убаво и престани да му го пушиш на Пензионерот, да те видам дека си озбилен, па ќе размислам.

ОкоБоли главаВицФото