Ресторанскиот октопод

12.06.2012 13:54
Ресторанскиот октопод

Познато е дека рибарите ги убиваат октоподите со одмерено чукање од ѕид. Тоа често се случува на плажа, покрај рибни ресторани, за гостите да видат дека морските плодови се свежи. Италијанскиот писател Кампаниле во својот роман „Август – жено моја, не те познавам“ зборува за една необична ситуација која секојдневно се случува пред плажата на еден рибен ресторан: октоподот што рибарот секојдневно го мава од ѕидот е еден та ист! Рибарот удира снажно, улогата треба добро да се одигра пред потенцијалните гости на ресторанот, но сепак не толку снажно за да го убие октоподот. Оти несреќното животно и утре ќе треба да послужи за истата цел. Оваа нечесна претстава ја смислила управата на ресторанот, бидејќи не можеле секој ден да ловат октоподи во блиското опкружување. Та така зеле еден октопод и го удираат од ѕидот, секој ден, речиси до моментот кога би ја испуштил душата, а потоа го враќаат в море, во еден ограден простор, од каде што лесно го вадат секогаш кога тоа е потребно. Кутрото животно често морало да трпи неколку дневни тортури, како да не се доволни рутинските утрински трескања од ѕидот. Штом ќе се појавел некој со желба да јаде свежа морска храна, уловена пред негови очи, го ваделе октоподот и неколку минути го мавале од ѕидот. Потоа, откако ќе ја направеле замената со октоподите пристигнати од рибарниците од Милано, маченикот-октопод одново го фрлале во неговата ќелија во морето, да ја чека својата средба со ѕидот до следната пригода.

Македонецот под груевизмот наликува баш на тој измачен ресторански октопод! Цело време, секојдневно, па и повеќе пати во денот, му ја чукаат главата од бетонските ѕидови на груевистичката пропаганда. Вистина, ѕидот на сиромаштијата е уште потврд, но ѕидот на рекламните лаги повеќе ја отекува главата. Така изудиран и замелушен, со глава матна како оризово поле на дожд, македонецот секоја вечер го враќаат назад во заграденото базенче. Таму од тепање и реклами бабуњосаниот македонец, во ретките мигови на одмор, им се моли на боговите за милоста на Фамилијата која го води ресторанот „Македонија“. Благодарен е македонецот: го оставаат жив, а толку лесно можат да го смачкаат од ѕидот.

-Абе те сотираат од малтретирање!, понекогаш ќе му дошепнат на октоподот-македонец.

-Не е вистина дека бев гола. Свиреше радиото - одговара подуената глава на маченикот.


Можеби октоподот-македонец се држи до старата пракса: Преправај се, додека не успееш? Fake it until you make it. Преправај се дека си жив за еден ден можеби да оживееш?! Оти, можеби си мисли несреќното битие, само со лажирање на нешто најпосле ќе го создадеме посакуваниот учинок? На пример, алкохоличар кој се преправа дека веќе не е алкохоличар, на крајот стварно престанува да биде алкохоличар. И така октоподот-македонец, мртов, го сонува својот иден живот. Или обратно, едвај жив, ја сонува својата спасоносна смрт?!

Писателот Кампаниле се обидува да влезе во психата на кутрото огледно животно. Заробениот октопод веќе според гласовите чувствувал кога ќе чукне часот за тој да биде изваден и нокаутиран од ѕидот.

„Во прво време, штом ќе ги слушнеше повиците: ’Еј, има ли свежа риба?’, ќе промрмореше: ’Тука сме!’ и ќе се смалеше најмногу што може, криејќи се при самото дно на плиткиот базен. Но, се’ беше залудно. Мошне брзо ќе го пронајдеа, ќе го извлечеа на светлина и немилосрдно ќе го трескаа од ѕитчето, на задоволство на гостите. Потоа несреќниот мекотел, не би ли ги скратил страшните моменти, штом ќе слушнеше дека некој бара свежа риба, доброволно излегуваше на површината, веднаш до самата ограда, со неверојатен самопрегор. Несреќното животно веќе толку огрубе што само посакуваше најпосле да го оконча своето чемерно бивствување. Точно е дека ништо не му недостасуваше. Дотолку, за да го одржи во живот својот октопод, управата не ги жалеше добрата храна и разните удопствија. Но, тоа навистина варварско трескање сето друго го туркаше во втор план. А животното секое утро си велеше: ’Да се надеваме дека тоа ќе биде денес’. Но, кога ќе осетеше дека, по жестокото искушение, повторно го фрлаат в море, целото ужаснато си помислуваше: ’И утре одиме од почеток’. Понекогаш, откако добро ќе го измаваа, октоподот се правеше дека е расеан и сосема тихо се упатуваше кон кујната. Но, рибарот на време го дофаќаше за да го врати кон морските длабочини.“

Завршуваме со анегдота. Среде Првата светска војна размениле телеграми штабовите на германската и австриската војска. Германците испратиле порака која гласела: „Овде, на нашата страна од фронтот, ситуацијата е сериозна, но не е катастрофална“. На што Австријците одговориле: „Кај нас ситуацијата е катастрофална, но не е сериозна“. Таква е и ситуацијата во ресторанот „Македонија“: ужасна е, ама на еден извртен начин и смешна. Како што рече еден граѓанин на скопската општина Шутка во ТВ-прилог, кога го прашале како живее: Добро е, ама малку катастрофа.

зошто во ману има академик

зошто во ману има академик скулптор?
за да им прави бисти кога ќе умрат.

а зошто има доктор, кардиолог?
потребите за членство природно се наметнуваат, имено, читајте ги спецификациите на тендер-конкурсите. штом некој се пожали од срце веднаш се повикува доктор-ендемикот. поради таквите тендери се јавуваат повеќе кандидати, знаете пазарот ги девалвира понудите.

а зошто венко не стана акнат-еретик, зар не се бараше таков марсовски тиквар комуњар и пастирски верник?
сите академици во ману се поетски бушмани, сите бладаат, а овој млад мајмун ќе го ставиме до нас, набрзо, поради тоа што телата се распаѓаат, не сме ја усовршиле техниката на балсамирање, па така, позициите се ослободуваат, знаете.

дали тоа наведува на заклучок дека ману-чао је појетска високо интелектуална зомби курвијада?
да, тоа извира од народот кој јет поетски јебачки етичен, а типичен, басно-зајадлив, хаику-испотресен, философски зачинет, затоа сака писатели, уметници, лебоџабари, џабе-будали, сака писари, писоар-списатели, сака мочкофци верници и ужива во мртво.

а дали можеби има замена за гласови за идни нарачки за бисти на пример?
колекција изобилува со ценети ремек-недела на изложени излижани артефакти, не заборавајте, тука сите се мртви, ако изгледаат научно и мисловно патетично, не заборавајте, очите лажат, према тоа, прво бисти се градат, и според тоа гласањето си го добива текот, така што одговорот сварете си го сами.

а зошто баш мртовци, зошто не се земат живите луѓе, од граѓанството?

кое граѓанство?

граѓанството бе, луѓево?

па, ние ги црпиме силите преку ексхумација на тела од убави и здрави мртовци, им вдахнуваме ману-чао живот и ја информираме јавноста. тука сите сме мртви кој кур ви е на вас, која јавност, кое граѓанство, која маса, кои овци! ај сиктер од овде, стоко жива.

(-;

Кутриот октопод, стварно

Кутриот октопод, стварно греота е...
Слобода за Октоподот на Црвенковски!

Спрдачино, Октоподот беше

Спрдачино, Октоподот беше смислица на вашиот штаб!
Црвенковски беше водач на елитна мафија, а не на банди со органски имиња како „Октопод“!!!

Слобода спрдачино једна немој

Слобода спрдачино једна немој да вреџаш!!

Друг црвенковски је био водач на елитната мафија, а не ова ваши органски сељачки банди!!

„Кад крадеш, кради на нивоу“ је била његова парола, а не овако шарлатански уз улице, спомењике и коњанике да се краде!

Туку сдсмаш, а што је смислица на ваш штаб?

Види идиоте, знам дека

Види идиоте, знам дека Пастирчо ти е мил, ама мене Пензионерот ми е помил!

Мене ми е мила девојката што

Мене ми е мила девојката што си ја имам.

А вие педерчичи можете да си се плескате сосе Пастирот и Пензионерот у трисам, форсам или у масовна соросоидно-сдсм-дпмнеовска оргија.

А да и не ми одговори на прашањето!

Или ги користиш добро научените спинерски фори за да го смениш фокусот и да плеснеш по некоја етикета.

И вие сте веќе прочитана книга.

Ако ти е мила момата што си

Ако ти е мила момата што си ја имаш, шо бара фалусот на Пензионерот во твоето продадено газенце?

Ќе се обидам да одговорам со тоа што ќе те цитирам:
„...мили ми се илјада евра месечно.“

Тој фалус очигледно само ти

Тој фалус очигледно само ти го гледаш и замислуваш, а земајќи го во предвид фактот дека пишуваш од штабот на Пензионерот, кој можда у моментов и те гали за задничето, твојата перцепција и не е баш некако веродостојна.

Али како викаат „what you see is what you get“ и „what you think you become“.

Ај сеа ќе ве оставам на раат да се галите ч)

Колеги коментатори,

Колеги коментатори, полициски&политички спинери, глејте: посебно мизерно, во коментаторскиов интернет сообраќај, е кога се злоупотребуваат туѓи псевдоними (како во конкретниов случај: сдсмаш и окнаш). Да имаше ронка хумор во тоа злоупотребување (преземање идентитети) - ќе разберев. Вака само уште еднаш се потврдува старата илјада пати проверена констатација: 1. вмровецот има проблем со идентитетот; 2. вмровецот има проблем со хуморот.

That's just your opinion man.

That's just your opinion man.

Nothing more, nothing less.

Пааа, би рекол дека некој

Пааа, би рекол дека некој вмровец прилично добро се изнасмеал а ти си успеал само да се изнервираш, оттука тие и немаат баш некој проблем со хуморот туку имаш ти, Гелевски.
А проблем со идентитетот... исто имаш и ти, зашто се пичиш заради нечија употреба на „твоите имиња: сдсмаш и окнаш“ :)

Кој сега има проблем со идентитетот и хуморот? LOL

П.С. Бранко уште те љуби, иако го навредуваш

Батка, со ова пелтечење и

Батка, со ова пелтечење и бладање само го потврдуваш она што паметните го велат шест години: груевизмот е ретардација. Груевизмот е неартикулираност и понижување. Груевизмот е насилство, пелтечење и бладање. Груевизмот е пропаганда (а за пропагандата најбитно е да си агресивен,бучен и присутен и кај што треба и кајшто не треба). И, да, се разбира, груевизмот е диктатура на некадарните, глупавите, фанатиците и урлаторите. Ти, батка, со лажен идентитет (всушност, крадец на идентитет, што е проблемот на груевизмот кој се обидува да стане проблем на Македонците) си најдобар пример за тоа.

Ja se bas osjećam kao da me

Ja se bas osjećam kao da me Gelevski lupa o zid.

Svakog dana.

hahahahahahaaa epic

hahahahahahaaa epic

Монументално! лол

Монументално! лол

Коментар со

Коментар со пост-модернистички израз, вреден за барокен споменик пред Менада.
Баш таму каде што срушија цел ред со објекти стари 100тина години и баш таму каде што почна поганењето на Старата Чаршија од Општина Чаир.

Коља другар, зошто го премолчавте тој архитектонски геноцид врз објектите во ваш комшилук?

Или па бевте премногу зафатени со патлаците на Букефал и Прометеј, па не успеавте да го видите уривањето на автентичните мезанини?

Срамота

Батка, со ова пелтечење и

Батка, со ова пелтечење и бладање само го потврдуваш она што паметните го велат шест години: груевизмот е ретардација. Груевизмот е неартикулираност и понижување. Груевизмот е насилство, пелтечење и бладање. Груевизмот е пропаганда (а за пропагандата најбитно е да си агресивен,бучен и присутен и кај што треба и кајшто не треба). И, да, се разбира, груевизмот е диктатура на некадарните, глупавите, фанатиците и урлаторите. Ти, батка, со лажен идентитет (всушност, крадец на идентитет, што е проблемот на груевизмот кој се обидува да стане проблем на Македонците) си најдобар пример за тоа.

Духот на чаршијата, јави се

Духот на чаршијата, јави се во Владата за руинирање на Чаршијата. Или излези самиот и протестирај. Се согласувам со тебе, инаку, дека зафататот е мошне мошне сомнителен. Тој проект им е одобрен на ДУИ како компензација за лудилото наречено СК014. На првичните цртежи тој проект, за голем плоштад кој ја прекрива улицата и ги спојува платоата прд Илинден и МНТ, изгледаше убаво и паметно, во функција на шетачите и граѓаните. Што ќе биде од тој проект со сегашниве столбови и со уништување на дуќаните во првиот ред на Чаршијата ќе видиме.
П.С. Умножувањето на истиот коментар од погоре зборува за ретардираната природа на работниците на Илија Димовски, од Центарот за контаминација со будалаштини. Немањето идентитет, хумор и инвентивност се јасни карактеристики за ретард-груевист.

Соросоид, интересно е како

Соросоид, интересно е како парцијално коментираш за тоа што ти одговора и како жестоко напаѓаш кога нешто не ти одговара.

Зошто е тоа така? Еднаш бар одговори.
(Не зборам само за тебе, туку воопшто за таквиот архетип на коментатори, меѓу кои си и ти.)

Инаку ако гледаме само во две бои, коментарот што го умножи важи и за тебе само од дијаметрално спротивната страна.

АЛИ ФАКТ Е ДОДЕКА ЈА И ТИ СЕ ЗАЕБАВАМЕ ОВДЕ ПО КОМЕНТАРИ, МОЖЕБИ ВЕЌЕ И МЕНАДА ЈА РУШАТ. АЈ ЗИРНИ НИЗ ПРОЗОР И КАЖИ АКО ТРЕБА ДА СЕ СОБИРАМЕ, пошто ако чекаме секој сам да излегува и да протестира, уште мноогу влади ќе не јебат.

Тебе ти треба Менада само за

Тебе ти треба Менада само за да има кај да се одржуваат состаноците на ГЕМ (една соросоидна дружина). Би се нашло и друго место ако ја турнат, ама веројатно си носталгичен.
Мене Менада не ми значи ништо, барем не сега. Менада е место каде се собираат луѓе за да изведуваат позерлук, да глумат некаква „интелектуалност“, да носат очила за сонце навечер и да се обидуваат да остават впечаток на „прогресивци“.

Еднаш видов наслов „Вечерва промоција на 'Ѓубре' во Менада“ (промоција на книга од авторот на Trainspotting).
LOL, па Менада и онака е стално полна ѓубре!:)

Еве, убав, ти одговорив. Се надевам ќе собереш храброст да се потпишуваш со едно име под твоите коментари. Еве, не мора да е со име и презиме „Никола Гелевски“.
Дотогаш уживај во проблемот со идентитетот:)

Ти благодарам. Морам да

Ти благодарам.

Морам да признаам дека е забавно кога те чита човек и како Фројдовски пристапуваш кон коментарите.

Но, од друга страна можам да кажам дека везе немаш што значи идентитет, ниту па знаеш што точно сакаш да поентираш со небулозата што ја повторуваш веќе неколку пати, „проблемот со идентитетот“, освен што сакаш да ја наметнеш бегајќи од други теми.

И ќе се согласам со една работа. Јеби га навистина носат цвикери за сонце навечер во Менада.
Ама па тоа од друга страна и не го прави местото позерско по дифолт.

А да, заборавив. Мала

А да, заборавив. Мала дигресија.
Погрешно се разбравме.Видиш колку егоцентрични сме во коментарите?

Проблем не е, доколку евентуално се сруши Менада, „позерската“ кафана (никад нема да се деси), туку Менада како ретка автентична архитектура за помодерниот дел од Старата Чаршија.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото