Промоција на стихозбирка од хрватскиот автор Марко Погачар

13.06.2012 11:48
Промоција на стихозбирка од хравтскиот автор Марко Погачар

Со особено задоволство ве каниме на промоција и средба со Марко Погачар – најдобриот млад поет од Хрватска и неговите „Предмети“ – збирка поезија во издание на „Антолог “ на 21 јуни, четврток, со почеток во 19:45 ч., на платото пред МКЦ.

Промотор и модератор оваа поетска вечер ќе биде „блескавата комета на современата светска лирика“ - зборови со кои беше најавен на отворањето на најзначајниот германски и еден од најголемите европски поетски фестивали „Поесиефестивал Берлин“, нашиот поет – Никола Маџиров .

Во биографијата на Погачар се вели:

Роден во Сплит, 1984 година. Објавува поезија, есеи и книжевна критика. Уредник на списанието за литература „Кворум“ и на двонеделникот за културни и општествени случувања „Зарез“. Песните му се преведени на дваесетина јазици. Автор е на следните книги: Пијавици над Санта Круз (песни, 2006 и 2009), Посланија од обичните луѓе (песни, 2007), Предмети (песни 2009), Атлас на гласови (есеи, 2011), Зошто сме многу (публицистика, 2011) и Бог нема да помогне (кратки раскази, 2012)
Има и своја „музичка страна “, свири тапани во сплитско/загребскиот пост панк бенд Death Disco со кој редовно концертрира долж автопатот „Братство и единство“.

За него рекоа:

Продорните и тешки текстови на Марко Погачар донесуваат слики чии мали глетки можат да ве однесат далеку.Неговите текстови ослободуваат неодречна сила.

Жан – Мари Дин, L’ Herault du Jour

Погачар пишува поезија и во своите есеи, а во т.н. поезија одамна е најдобриот поет во Хрватска.

Бранко Малеш, Атлас на гласови

Приказната за Марко Погачар штотуку почна, а првите две епизоди беа доволно возбудливи што сега со интерес го очекуваме идниот развој на оваа мини-серија со одлично и непредвидливо сценарио .

Давор Шалат, Ријечи

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото