Бомба од гомна

13.06.2012 12:28
Бомба од гомна

Како млада глумица во богатата порнографска продукција на нацијата, опозицијата реши да не го пумпа балонот на граѓанското незадоволство со хелиумот на своите идеи, туку да му ги полни вреќите со песокта на својата безживотност. Плус, да го врзува за околните борови на деликатноста, на скрупулозноста, на институционалноста, на нормалноста, на пристојноста итн.

Митинзите ми личат на масовно замочување на пожарот на незадоволството што беше почнал да се шири низ теренот што го имаше протриено преродбеничкото жарче на вемерето.

На една нарајцана маса која чека некој политички „ејсидиси“ да ја крене од земјата со милионите вати на „маршалите“ од кои на лудаците во Скопјанг ќе им се смрзне говното во газот, тие на сцените почнаа да излегуваат со старата црвена хармоника и со баладата за насмевките што есдеесето ќе им ги врати на лицата на луѓето ако луѓето решат на есдеесето да му ја вратат власта!

Па, добро, бе, има ли пилот во авионов и кој га овој и за кога измишља?!

Наместо да ја нападнат империјалната фонтана на Александар како култна точка на режимот (со каќуши од „ликви моли“ и други препарати за производство на пена со која први во историјата ќе му ги заплакнат мадињата на Букефал), Георгиев и другарите претпочитаат да спијат кај селските јатаци и да се надеваат дека прејадени од јагнешко и јарешко, сè некој ќе ги предаде и дека како кодошки жртви својот бесмислен живот ќе успеат да го трансферираат во крајно возбудливата експозиција на Муу...зејот на смртта во Скопјанг. Со толкаво количество баналности Црвенковски би можел да ги угаси и шумските пожари во Колорадо.

1.

Во времето што се простира до локалните избори кампањата што за оваа прилика можеме да ја викаме „Медрано“ ќе успее да го измести вниманието на луѓето од лудиот режим на најголемиот психопат во плитката политичка историја на Македонија кон царството на опозициската безидејност што од една мала уличка во Црниче се обидува да се шири низ целата држава. Смислата на постоењето нема никакви шанси во судирот со глупоста. Тоа значи дека во македонската политичка евровизија жирито од Бихаќка има решено своите дванаесет поени да им ги додели на политичките шоумени од вемерето: твелф поинтс гоус ту Гуевски! Варум? Тоа не е друго прашање. Тоа е основното прашање. Опозицијата ми личи на некоја сервисна служба што за сметка на власта ја држи ситуацијата под контрола. Фрлете еден поглед врз изминативе шест-седум години и ќе видите дека е така.

2.

Критиката што ѝ се упатува на власта нема никаква врска со историчноста на ситуацијата. Тоа е една, во основа, добронамерна критика упатена на тенисерот кој прави натпросечно многу неизнудени грешки, а политичката понуда како контрапункт на таа разводенета критика се сведува на осмоодделенски патетики за убавата страна на животот што ќе се отвори истиот миг кога Бранко ќе ја преземе големата книга на власта од другарот Николае. Тоа е тенденција на нивелација на разликите која не се одвива по внатрешните рабови туку по надворешните и оди во корист на злото. Во драмата во која се губи илузијата за подоброто, злото победува по дефиниција.

3.

Говорите на опозицискиот лидер се демонстрација на една тешка и тажна немоќ. Да се фати ритамот на времето. Да се разбере местото и времето во кое се живее. Жал ми е за човекот. Индиид. Тие беседи не предизвикуваат ниту најмало ветре врз бонацата на македонската бара туку се јавуваат како тешка оморина што го умртвува комплетниот екосистем во резерватот што во картите на светските авантуристи е обележан како Фајром. Како Бекенбауер да ги брани германските бои во Украина и Полска. Рамна линија на општественото екаге. Во своето објективно зрачење тие говори ја претставуваат опозицијата како срање, а власта како говно во цветната градина на една пропадната и бесмислена државичка. (Да се разбудиме, о, навистина, да се разбудиме, почитувани граѓани, драги пријатели, да го кренеме, ама навистина да го кренеме, својот глас против животот кој никогаш не бил полош, да ја вратиме насмевката на нашите лица, да се ослободиме од срамот и стравот, о, тој проклет страв што нè кочи, кој просто нè блокира и ни оневозможува да разбереме зошто сонцето изгрева само еднаш додека... - се плашам дека рацинската импровизација е значително подобра од рациновидниот оригинал.)

4.

Нивелацијата што ја диктира опозицијата не е „безвезе“ и не би можела целосно да се сведе во рамките на глобалните процеси на делегитимизација на политиката и посебно на политичките партии како злосторнички здруженија, особено во некои примитивни земји каква што е Бившата држава на Македонците. Нашата специфика е дефинирана оној момент кога лидерот на сегашната опозиција со своето политичко поведение успеа да го исчисти и да го подготви просторот за инаугурација на монструмот кому во следните шест години, со своите функции и со својот политички капацитет, ќе му чува стража додека овој ја остварува нечуената окупација и деструкција на институциите и на државата, на самата идеја за држава и за организирано општество. Можеби не би можеле да кажеме дека вемерето е афилијација на есдеесето, но дека власта на Груевски е една тешка кредитна линија од политичката виза картичка на Црвенковски, тоа е сосема сигурно. Мислам дека чувството на објективната одговорност го спушта во интонацијата и во перцепцијата, во сè, во битката, во страста, во резонот, тој е самопретворен во евнух кој нема што да бара во харемот на високата политика. А тука е.

5.

Лидерот кој дошол до сознание дека народот не го сака како премиер не може да сака народот да го сака како политички лидер што ќе го води во ослободителната битка против ропството на вемерето. Тоа е неподнослива и неразрешлива противречност за чие разбирање не е потребна никаква посебна интелигенција. Има ли некој разумен да се праша зошто таа очигледна свињарија се прифаќа како најголема вредност. Како доблест на лидерот и на целата партија. И тешко потценување на здравиот разум. Црвенковски може да го тепа Груевски на Водно, или во Меана Бе, може да го смачка и на некој роденден на жена му. Но, слушајте, не можеме да дозволиме Македонија да биде журка на која Бранко ќе го нокаутира Никола Е. Башка што не сме сигурни дека ќе го смачка.

6.

Кога противникот ќе ја одбие вашата понуда за телевизиски дуел народот ќе смета дека противникот е усран говњар кој нема муда да се појави на мегдан. Кога ќе ве одбие два-три пати тој се форматира како космичка нула, но кога вие ќе продолжите да му го нудите својот дуел десет пати, народот ќе разбере дека вие сте еден безидеен идиот што го малтретира и противникот и партијата и целото општество.

7.

Мислам, од каде му е на опозицискиот лидер идејата не дека тој во некаков телевизиски дуел ќе го победи противникот од вемерето, туку од каде му е идејата дека тоа е форматот што ќе ја дефинира иднината и судбината на државата. На која држава и зошто сите нас би нè болел курот за нивната држава. Па, слушајте, драги читатели, тоа навистина е малку премногу... Мислам, да се шеташ по некакви митинзи и да бараш телевизиски дуел со еден лудак и уште да тврдиш дека од тоа ќе зависи животот на народот. Додека во позадината течат, исто така, мазните гласови на Томовска и на Наум Петровски. Па, слушајте, има ли брза помош во оваа усрана држава.

8.

Идејата за дуелот и за изборите ја претставува ситуацијата како нормална. А јас мислам дека не е нормална. Јас не знам дали Црвенковски е свесен за тоа. Идејата за дуелот, идејата за изборите, утврдувањето кандидати за изборите, се израз на интенцијата да се нормализира ненормалната ситуација, а од грандиозниот проблем што се вика Груевски да се направи партнер со кој може да се дебатира за дедевето, за шансите на вардарските врби во услови на висок водостој, за миниздолништето на Прометеј итн.

9.

Идат времиња на навредливи, скандалозни, непристојни, шокантни демарши. Тие демарши ќе бидат гласници на широката кампања на граѓанската непослушност, масовно изразување на нашиот најдлабок презир, повреденост и протест. Претставниците на власта, која фактички му објави војна на својот народ, мораат да бидат изложени на жестока опструкција на сите места на кои се среќаваат со тој народ. Ниту во ресторан, ниту во театар, ниту на одмор, тие повеќе никаде не смеат да бидат опуштени. Доволно е пред нив да застенете и во лице гласно да им го кажете тоа што за нив навистина го мислите. Кој сака може и да плукне, но тоа е веќе работа на вкусот - такаречи, факултативна мерка. Ако пак решите нешто врз нив да фрлите - фрлете кеса со гомна, не бомба.

10.

Така вика Ежедневниј журнал.

11.

Така не вика Социјалдемократскиот сојуз. Или јас не слушам.

12.

Во октомври 2010 година, значи доста пред последните избори, напишав една колумна која го имаше следниот наслов: Црвенковски мора да се победи себе си ако сака да го победи Груевски. Еве неколку кратки цитати:

Деструкцијата на власта папсува побавно отколку што опозицијата ја капацитира својата спасоносна мисија. Со еден рејтинг поен на СДСМ денеска можете да спасите помало парче од нашата слатка Македонија. Црвенковски мора да сфати дека неговиот пораз нема да биде само негов пораз туку крај, ако не на Македонија тогаш на едно нејзино клучно (само)разбирање. Македонија нема време и сила да го поднесе неговиот пораз. Новите генерации немаат никаква причина да се идентификуваат со него и со неговото дело, старите изумираат, на етаблираните богаташи не им е најсимпатичен, на новите им пречи. Цели слоеви го детектираат како извор на несреќата во нивните животи, а сосема се малубројни оние што се спремни да му ги отстапат обврзниците на својата иднина. Ако реши да ја ослободи политичката арена од хипотеките на своето присуство, нема гаранции дека работите ќе тргнат на добро, но без елиминирањето на тие хипотеки ги имаме сите гаранции дека нема да тргнат.

13.

Не би имал што да додадам.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

Овој тип на пишување на се

Овој тип на пишување на се лепи на конгрегацијата у есдеес, ниту ги прави среќни, поради тоа што пола од нив веруваат у илузијата на забавата; за нив ова е забава, појавување на пресови, дерење у парламент, спиење и јадење туршија по села после општо народен собир. За останатите гадно усмрдено мачење, но се навикнавме. Тоа не вреѓа, но, и е вознемирувачко; елементарно, овие вистини кои се така брутално истипкани резонираат само со малцинство.

Патетично, Вистината, барем за тенденцијата од текстов, не е воопшто игрива, симпатична, ниту емотивно грее и подигнува, како емоција на гнев, туку тоа е очигледна вбризгана навреда на една моронски морничава тврдоглавост и во крајна линија неправда што цела таа екипа која не резонира со времето, ниту со цели палети и класи на луѓе со крајно различни интереси се понаша и се проектира себе ко полу-госпотчиња. Декласирана багра. Една гадна и мошне тромава состојба на која единствено пишување со крајно непријателство кон нив, on the edge, со цела сила и бруталност може да ги соочи, а и нас со ужасно гадната илузија!

Илуизијата на ВМРО е морничава, но трагите се трајно небришливи и темни, но, илузијата на СДСМ и потоците реки и лиги кои течат околу таа точка, тоа е надвор од секој компас кој е здраворазумски направен. Работите ќе станат полоши, но тоа не го разблажува твојот труд. Но, еден убав ден, таа екипа ќе падне, а чувајте се од Ајхман и пријателите и Илија Димовски.

Бранко, прај шо ќе прајш,

Бранко, прај шо ќе прајш, само ни за жива глава немој да поминуваш од паркингот на Машински ноќе.

Пријател

Нема проблем, ај ќе се

Нема проблем, ај ќе се дигнеме и ќе го срушиме лудиот диктатор. Што потоа? Кој ќе го замени? Што со неговите поддржувачи (реално, не се малку)? Ма, најважното - кој ќе го замени? Треба да ни дадеш поцелосен план, мене не ми се гине само за говна и курови.

Проблемот на Македонија

Проблемот на Македонија отсекогаш била илузијата во која живееa неколку илјади дечки и девојки во Скопје во осумдесетите години од минатиот век. Но изгледа дека тие дечки конечно прогледаа, и видоа дека Македонија не е она што тие си го замислувале во својата животна средина од неколку илјади луѓе. За мене најголемата заслуга на ВМРО е всушност во отворањето на мозоците на тие неколку илјади дечки и разбивањето на илузијата што ја кочеше Македонија. Сеуште ке најдете тук и таму некои од дечките - Гелевски (сите се глупи) , БЦ ( поголем шизик сум од тебе Грујо, ај да те видам на дуел), но времето на "јас повеке вредам од тебе зошто сум завршил факултет и ме викаат интелектуалец" -помина. Сите тие личат на антика од некое друго време, од некое друго место. Првпат ке се сложам со Тричко за ова што го напиша. Изгледа дека конечно и он прогледа. Има спас за Македонија.

једи говна, илија димовски

једи говна, илија димовски идијоте - јади говна, спиј, мочај и ЌУТИ ! ! !

Очигледно е дека тешко иде,

Очигледно е дека тешко иде, ама и тоа ке бидне. Еден убав ден и ти ке можеш да склопиш реченица, а да не навредиш некого.
П.С. И ти ли одеше по клубчиња?

Така е, денес секој може да

Така е, денес секој може да заврши и факултет и да биде интелектуалец, па дури и доктор на науки. Брат, го чекам моментот кога новите дечки, што се симнаа нели од планините со цел да и ги поматат плановите на скопската елите ќе сфатат дека некој само ги искористил за експериментот на ДПМНЕ наречен „создавање на дирек од гомна“. Е, ама кај и да е, ќе сфатат дека од гомно дирек не се прави бе врат, па ни од запек да е.

Не се симнаа новите дечки од

Не се симнаа новите дечки од планините. Тие цело време беа и се тука. Проблемот со дечките-илузија-елита е што иако ги гледаа, не можеа да ги видат. На тие истите елитни дечки социјализмот не им чинеше затоа што беше селски и не носеше фармерки. Дваесет години потоа - иста слика. Сега место до Трст и Солун по фармерки продаваат Европска заедница, Брисел и модерна архитектура. Ништо не е сменето во матрицата на однесување на скопските шизици. Она што се смени е сето останато. И да бидам искрен не би ме чудело да по некоја случајност не примеше Европа, тие истите шизици ке почнеа да продаваат будизам и источна филозофија на живеење, или пак можеби американизам. Се само да не се со "сељаците".
За жал како и со се друго , новото "internet" и "facebook" време ги скрши овие митови и ги изложи сите овие заблуди на виделина.

А бе пријател, твоите

А бе пријател, твоите комплекси од Скопје и од скопската елита, ни интернет ни Бил Гејтс нема да ги надминат. Тоа сам мораш да го направиш. Што и да фурале тие скопски шизици, увек биле еден чекор пред другите и тој феномен не е само во Скопје и не е само во Македонија. Е сега, сељаците дојдоа, успеаја и да се доселат во Скопје, дури и пари да направаат, ама нешто остана да им набива комплекси. За разлика од порано, кога сите кои се доселуваа во Скопје, во буквална смисла стануваа скопјани и го прифаќаа овој град како свој, денешниве дојденци го носат сељаштвото со себе и мислат дека скопската елита треба да ги прифати нивните манири. Е тоа малце тешко ќе оди, и затоа ќе си останат искомплексирани сељачишта па макар имале и милиони и живееле во Скопје по 100 години. Со други, зборови, и сам си кажа, тие скопски дечки секогаш го носеле ветрот на промените, на новото, на различното и никогаш не биле дел од стадото, од толпата, а толпата страшно се нервира кога некој се издвојува и нејќе да биде дел од неа.

Апцолутно ти ги разбирам

Апцолутно ти ги разбирам фрустрациите Анонимус. За тоа и зборувам. За твоите илузии. Мора да е тешко кога елитноста се сведува на еден глас. Мора да е тешко кога со толку малку почитување за "сељаците" ке сфатиш дека политички и општествено вредиш исто колку и најнеписмениот "сељак". И кога тоа ке почнеш да го сфакаш ке видиш ситуации како истата таа елита иде и се тепа да спие по полураспаднатите куќи на тие исти "сељаци". Проституција на н-та степен.
А за моите коплекси од елитата запрашај се само од каде толку знам за елитата и дечките што беа во тотален асинхронитет со македонската реалност.
Многу е интересно како не можете да видите најобични општествени процеси кои ви се случуваат пред очи. Го сметате Груевски за случајна згода на кого му се посреќило, ама со малку пропаганда ке му пројде времето. Како не можете да разберете дека Груевски е само производ на погрешната политика и погрешното разбирање на светот на таа цела една елитна генерација од осумдесетите години на минатиот век.
Една генерација на политичари - суперхерои кои цело време нешто спасуваат. Де ја спасуваа Македонија од војна, де го спасуваа опстанокот на Македонија, де ја спасуваа Македонија од сељаците и се така некои супер-херојски финти за кои до ден денеска никој нема понудено доказ дека стварно некој работел на случајот да се окупира Македонија, или да се вовлече во војна. Се мит до мит за кафански муабети. И на крај ви се случи тоа што ви се случи. Дојде шумарот и ги избрка сите. И сите смешни теории за пропаста ги снема. Никој не не напаѓа, никој не ни прави економски блокади, ништо. Кај отидоа опасностите? Од што ке не бранат суперхероите?

Anonуmous, ти да не си

Anonуmous, ти да не си расист?

"Zahodski revolucionar koji

"Zahodski revolucionar koji žudi za pimpekom"

"Vrijednost njegovih tekstova je koliko i iscjedka u kurtonu"

"Zbog njega je propao rokenrol"

"Skriboman sa duševnim smetnjama"

"Takozvani novinar sa sumnjivim mentalnim zdravljem"

"Njegove pristaše još bolesnije od njega"

Куртон пошо болести не боли

Куртон пошо болести не боли ако планираш,
нема фабрики нема машини нема рок,
душевно владеат болести 'во загради',
ментално текстовите се поздрави од плагијат мрзливци,
има болести за секого и сме радосни поради опфатените.

Tak sam i mislil. Bravo, tko

Tak sam i mislil. Bravo, tko priznaje pola mu se prašta!

Будало, пиши нешто

Будало, пиши нешто оригинално, не сери.
Так си ти мислил, цицбан.

No, no, zakaj smo sad

No, no, zakaj smo sad popizdili? Zaboravili smo tabletice?

"Spolno općio sa septičkom

"Spolno općio sa septičkom jamom"

"Neuhranjeni mozak proizvodi über-banalnosti"

"Zakeranje protiv svega prouzrokovano impotencijom"

"Daleko od nadobudnog šalabajzera"

"Sam nasuprot svima zbog ničega"

"Apsolutno traćenje tinte"

"Vinoispijajući militantni lumpen-nihilista"

Да го вратиме вокабуларот и

Да го вратиме вокабуларот и наративот, пресекот,
тривијализација започнува со банализација наградена со релативизација,
да биде поопшто ќе ги вклучиме сите за сите да почувствуваме,
импотенција или догма,
одговор спутник антидогма со провокација,
нихилист е мисија, планирањето не боли.

"Mimikrija ili

"Mimikrija ili kuropecanje?"

"Kako biti veći katolik od Pape"

"Pokušaj puča govnima u crvenoj kamarili"

"Zločinačko razdruživanje"

"Bihać došo do Jajca"

"Ljudožderi počeli jesti svoje"

"Izhlapelost ili talibanizam?"

За тебе само нација,

За тебе само нација, модернизирана еуфемизирана будала,
ентузијаст без фонд и говна мора да си се занимавал со споменици,
ако нема закон за дружење, можеш да ебеш,
закон тешко се фаќа за јајца,
животно не се занимава со прашања или свои, ако се мисли на други, не мешај талибани,
провери конфекцијата пред копирање.

Ептен правилна

Ептен правилна дијагноза.

Куропецање, ваистина, но во говна.

И буквално - риболов на курови. Курот во нечии мисли.

"Goebbels otkazao ljubav

"Goebbels otkazao ljubav Hitleru, traži novog dečka"

"Alkoholna isparivanja udarila u glavu"

"Kako može svaka napisana reč biti u krivu"

"Još uvjek bolja ljubavna priča od Twilight-a"

"Čovekomrštvo i njegove posljedice"

"13 nebuloza za laku noć djeci"

"Nerelevantnost može pasti strahovito teško"

"Boriti se gadostima protiv zaborava"

"Trivijalnosti našeg doba"

И Гебелс стана досаден,

И Гебелс стана досаден, Хитлер романтика,
а алкохолот дехидрира, тоа што те удира е друга глава, ама не сум сигурен, може и да гори, секоја реченица нова тастатура, кој е крив за твојот израз човек?,
љубов и крв, нихилизам за Хитлер, приказна за Хитлер,
да те ебе сај-фај сценарио, омраза или власт едно те исто,
сите се фатиле за ирска 13 ка, као среќа збори за деца, а нерелвантност за тешкотија и уште па тривијалност, заборав и глупости демек гадости, тоа последното е права непосредност, тривијално. и доба.

"A washed-up scribbler pokes

"A washed-up scribbler pokes his fallen idol"

"Waiting for the Red Army with eyes turned towards Brussels"

"Lack of talent goes unnoticed for 30 years"

"Grandmaster of toilets invents poopycock"

"Dreams of sodomy turned sour"

"A true example of why radicalism is bad for you"

"Out of fresh ideas, be back after the toilet break"

"I fought the democratic will of the people and the democratic will of the people won"

Цинизам, минимализам, слаб

Цинизам, минимализам, слаб англиски, делуе солидно,
пискаралска надеж,
пиши на јазик што го знаеш, не сери.

"13 commandments for a civil

"13 commandments for a civil war"

"Mindlesness 101"

"Children, don't do this at home"

"Hi, my name is Jackass and this is Branko"

"What happens when the toilet seat slams you in the head"

"Badmouthing the bad mouth"

"Human excrement is not food for thought"

"Always too drunk for the mainstream"

Идиот

Идиот

░░░░░▄▄▄▄▀▀▀▀▀▀▀▀▄▄▄▄▄▄░░░░░░

░░░░░▄▄▄▄▀▀▀▀▀▀▀▀▄▄▄▄▄▄░░░░░░░
░░░░░█░░░░▒▒▒▒▒▒▒▒▒▒▒▒░░▀▀▄░░░░
░░░░█░░░▒▒▒▒▒▒░░░░░░░░▒▒▒░░█░░░
░░░█░░░░░░▄██▀▄▄░░░░░▄▄▄░░░░█░░
░▄▀▒▄▄▄▒░█▀▀▀▀▄▄█░░░██▄▄█░░░░█░
█░▒█▒▄░▀▄▄▄▀░░░░░░░░█░░░▒▒▒▒▒░█
█░▒█░█▀▄▄░░░░░█▀░░░░▀▄░░▄▀▀▀▄▒█
░█░▀▄░█▄░█▀▄▄░▀░▀▀░▄▄▀░░░░█░░█░
░░█░░░▀▄▀█▄▄░█▀▀▀▄▄▄▄▀▀█▀██░█░░
░░░█░░░░██░░▀█▄▄▄█▄▄█▄████░█░░░
░░░░█░░░░▀▀▄░█░░░█░█▀██████░█░░
░░░░░▀▄░░░░░▀▀▄▄▄█▄█▄█▄█▄▀░░█░░
░░░░░░░▀▄▄░▒▒▒▒░░░░░░░░░░▒░░░█░
░░░░░░░░░░▀▀▄▄░▒▒▒▒▒▒▒▒▒▒░░░░█░
░░░░░░░░░░░░░░▀▄▄▄▄▄░░░░░░░░█░░

Оооо, почнавме со

Оооо, почнавме со автопортрети, а?

Значи точна е тезата дека

Значи точна е тезата дека вмроиди почнуваат ментално да трокираат кога ќе се соочат со предизвикот: Одбрани го Пастир од некој шо фрла говна и по Пастир и по БЦ.

Па, не сум сигурен дека

Па, не сум сигурен дека критиката на бранко кон бранко не е „добронамерна критика упатена на тенисерот кој прави натпросечно многу неизнудени грешки“. Ај да изброиме.

тричковски го части Груевски со следните епитети:

- најголемиот психопат во плитката политичка историја на Македонија
- Гуевски
- другарот Николае
- монструмот
- Груевски
- Никола Е
- противникот
- противникот
- усран говњар кој нема муда да се појави на мегдан
- космичка нула
- противникот од вемерето
- еден лудак
- грандиозниот проблем што се вика Груевски
- Груевски

власта:

- вемерето
- лудаците во Скопјанг
- режимот
- лудиот режим
- политичките шоумени од вемерето
- власта
- тенисерот кој прави натпросечно многу неизнудени грешки
- власта како говно
- вемерето
- ропството на вемерето
- власта, која фактички му објави војна на својот народ
- тие
- нив
- нив
- нив
- власта

опозицијата за него е:

- опозицијата
- млада глумица во богатата порнографска продукција на нацијата
- есдеесето
- есдеесето
- Георгиев и другарите
- жирито од Бихаќка
- некоја сервисна служба што за сметка на власта ја држи ситуацијата под контрола
- опозицијата како срање
- опозицијата
- есдеесето
- целата партија
- Социјалдемократскиот сојуз
- опозицијата
- СДСМ

имењакот негов го нарекува:

- Црвенковски
- Бранко
- опозицискиот лидер
- човекот
- Бекенбауер
- лидерот на сегашната опозиција
- самопретворен во евнух кој нема што да бара во харемот на високата политика
- Лидерот
- политички лидер
- лидерот
- Црвенковски
- Бранко
- вие
- вие
- еден безидеен идиот што го малтретира и противникот и партијата и целото општество
- опозицискиот лидер
- Црвенковски
- Црвенковски
- Црвенковски
- него
- го детектираат како извор на несреќата во нивните животи

Значи: за опозицијата ниедна навреда, за нејзиниот лидер три, од кои една е индиректна (го детектираат како извор...), една е критика за неговата неагресивност (евнух) и третата може да се смета за навреда. Додека за другата страна... немам зборови.

Едно тврдо гомце кон БЦ и камион пролив кон Пастирот. Па како да не трокираме ние кутрите вмроиди. Не е фер.

Па, не знам какво е тоа

Па, не знам какво е тоа трокирање и каде го виде, но во секој поглед е подобро од забегани соросоидокомуњари што знаат само да пцујат.

А иначе, говно за говното. Кој за говно се фаќа, говно ќе добие. Говно за говно, кур за кур. Брат за брат, говно за пари. И така натаму.

Опседнатоста на Тричковски со

Опседнатоста на Тричковски со фецес зборува за некои проблеми од детсвото. Веројатно се серел у гаќи додека бил мал (до средно школо сигурно). За него гомното е вечна инспирација, со него легнува со него станува. Поради таа опседнатост тој веќе и самиот наликува, мириса и се чувствува како гомно.

ОкоБоли главаВицФото