Искривување на времето

14.06.2012 11:00
Искривување на времето

Ќе го земам овој магичен миг и ќе го зачувам во сеќавањето, ќе го издолжам до крајот на мојот живот. Зашто вакви настани се ретки и тие треба да се овековечат. – Си рекол Слободан Милошевиќ по митингот на Косово Поле во 1989 година, откако се вљубил во нацијата како Петар Пан во своето детство. Останатото е историја, во која сонот на еден болен човек стана крвава стварност за цела една држава која веќе не постои.

30-годишниот природонаучник, музичар и професор Џеф Либерман и 38-годишниот стручњак за дигитални визуелни медиуми Мет Керни се вонбрачни синови на Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман и блиски соработници на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, Либерман и Керни се главните „виновници“ за новиот серијал Искривување на времето (Time Warp), кој неодамна почна да се емитува на каналот Дискавери. Главната идеја на серијалот се базира на снимање разновидни движења со супер брза филмска камера, во можност да забележи 20.000 кадри во секунда. Имајќи таква висока технологија на располагање, авторите се решиле да снимаат движења кои инаку би биле незабележливи за голото око, односно движења кои се случуваат молскавично – толку брзо што или не можат да се приметат или, пак, кога ги гледаме не можеме јасно да ги увидиме сите етапи на движењата.

Така, на пример, во една од епизодите, Либерман и Керни сакаа да забележат што се случува со човечкото тело кога специјалист за боречки вештини крши 20 бетонски плочи, поставени една врз друга. Специјалистот за боречки вештини е сниман гол од половината нагоре, а плочите ги крши со еден специфичен удар со лакт. Дејството се снима со неколку камери, од кои само една е супер брзата. Човекот го изведува ударот и успешно крши 14 од 20-те плочи. Повторените снимки на обичните камери не откриваат ништо ново или спектакуларно. Сите имаме гледано повторени забавени снимки, во кои успорувањето предизвикува разлеаност (нејасност во репродукцијата) на брзите движења. Меѓутоа, успорувањето кое е во можност да го репродуцира супер брзата камера открива досега невидени глетки. При супер успорувањето, во неверојатни детали можат да се забележат растреперувањата на телото на човекот при ударот во бетонските плочи: најпрво, ги гледаме треперењата на кожата и мускулите на подлактицата, потоа тие преминуваат на трицепсот и рамото, за на крај, да завршат и да се изгубат со растреперување на горниот дел од грбната мускулатура.

Либерман и Керни во серијалот камерата ја користат за снимање и на многу други брзи движења и нивна супер успорена репродукција. На пример, блендер како сецка јагоди, свирење на тапани и чинели, акробации со скејтборд, отворање на шише шампањ…

Дигресија: Целата бивша Југославија можеше (и требаше) да стане членка на Европската унија (во 1991 година, Европска заедница) по преминувањето во повеќепартиски политички систем. Таа ќе беше прифатена како конфедерација, со што конститутивните републики би добиле уште поголема независност во рамките на Заедницата. Несомнено, еден убав пролетен ден, државите кои произлегоа од бившата СФРЈ ќе станат дел од Европската унија и, на тој начин, повторно ќе се обединат со Словенија во една нова заедница на народи. Дали тоа ќе се случи за 5, 10, 15, 20 или 50 години останува да видиме. А сето тоа можеше да биде реалност уште во далечната 1991 година. Зошто не беше така?

Одговорот може лесно да се антиципира. – Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, сфатени како парадигми на тоа време, наместо да работат на благосостојбата на народите кои ја сочинуваа СФРЈ и на перспективите на нејзините идни генерации, решија дека е поинтересно да ги поставуваат идејните темели на серијалот Искривување на времето. „Како во недоглед да издолжиш еден процес што може да трае многу кратко?“, се прашале тие. До одговорот мислам дека имаат дојдено синхронизирано (во стилот на Кант и Лаплас), при што во еден унисон глас извикнале: „Национализам“. Тоа беше идејата-водилка на која тие ревносно работеа. Национализмот е идејниот прототип на супер брзата филмска камера, со можност да издолжи во недоглед процес на транзиција/интеграција, кој инаку може да се изведе за една година. Убеден сум дека Милошевиќ и Туѓман имале голема антиципативна моќ и можеле да ја видат СФРЈ во рамките на Европската заедница уште во 1991 година, меѓутоа, одлучиле сите нас да нè вовлечат во еден временски експеримент. – 20.000 кадри во секунда е еднакво на 17, 25, 40 или 50 години транзиција која може да се компресира во една година. Аналогијата е очигледна, нели?

Политиката на ВМРО ДПМНЕ е верна копија на тој експеримент. „Ајде да видиме, колку ние можеме да го издолжиме времето на македонските евро-атлантски интеграции и да ги укочиме перспективите на младите!“ – извикале унисоно членовите на централниот одбор на партијата. „Овојпат, национализмот ќе го зачиниме со митологизација на националната историја, преку непотребно провоцирање на јужниот сосед, со пропагандни турбо фолк спотови, преку поднесување тужба во Меѓународниот суд на правдата...“

Серијалот Искривување на времето е убав, но сепак, не толку оригинален концепт. Мислам дека може да се насети зошто Либерман и Керни се вонбрачни синови на Милошевиќ и Туѓман. – На едно од своите хипи екскурзии во САД во 70-тите години, Слобо и Фрањо се почувствувале малку послободно и зафлертувале (со неодолив политички-коректен шарм) со две млади и умни девојки. Со помош на генетски инженеринг, двајцата идни војсководци успеале да ја всадат идејата за искривување на времето во матките на мајките на Либерман и Керни, само што мајките ги израснале своите синови во средини каде што експериментирањето врз цели народи и генерации не е дозволено, па овие се зафатиле со поинакви експерименти во своите животи. Кој би рекол?

Еден убав пролетен ден, кога ќе почнат да се прават нови епизоди на серијалот Искривување на времето (или на некој друг серијал со слична тематика), и кога сите држави кои некогаш ја сочинуваа СФРЈ веќе ќе бидат членки на Европската унија, првиот прилог од првата епизода ќе биде за искривувањето на времето на транзиција на една несреќна држава. Тогаш сите ќе можеме да видиме дека СФРЈ виртуелно станала членка на Европската заедница во 1991 година, само што тој процес ќе биде издолжен со магични репродукции на супер брзи филмски камери, така што сите гледачи ќе можат да го гледаат процесот етапа, по етапа, по етапа, по етапа, по етапа, по етапа, по етапа...

Колажи: Свирачиња

Вангел, кога ги споредуваш

Вангел, кога ги споредуваш денешните власти со режимот на Милошевиќ забораваш една многу важна работа!

Милошевиќ добиваше силна поддршка од луѓето кои денес се нарекуваат СДСМ (тогаш се викаа СКМ или некоја слична скратеница).
Тие луѓе беа отворено против идејата за самостојна Македонија (можеби од страв да не ослабне државата на Милошевиќ) и истите тие луѓе денес ја имаат облечено јагнешката кожа на демократијата.
Од најголеми поддржувачи на Милошевиќевиот режим, тие се сега најголемите демократи, па дури се обидуваат да ги споредат нивните политички противници со човекот кој до вчера и самите го обожавале (апсурд, склероза, што ли ќе е?).

Сосем си во право кога велиш дела национализмот (поточно неговиот екстремен братучед - нацизмот) е виновникот за нашето европско неинтегрирање. Но, вината не лежи во нашиот благ национализам.
Вината барај ја во грчкиот нацизам, кој станува се' поизразен и, за чудо, останува невидлив за сите наши новинари кои ја критикуваат „нацијата како идеја“.

дечкото е во право, но во

дечкото е во право, но во овој дел конкретно "милошевиќ добиваше силна поддршка од луѓето кои денес се нарекуваат сдс.."! само еден, всушност огромен ѓаволов детал, делови од скопска рудници и железарница, имено, ладна валалница, која има капацитет од еден милион тони валан слаб годишно беше дадени под чудни околности и поради чудни интереси и непознати компензации на управување на структури блиски на милошевиќ, тоа е познато и може да се провери, тие раководеа со производството со мутни дилови, а тоа не беше можно без одобрение од ГОВНОТО! збориме период 95-98, да не збориме за мак-стил, поранешна топла валалница, дадена на минчо јорданов, за мизерни 19 милиони марки, смешно, воин-от на плоштадот е елегантно поскап, 12 и пол мил. евр.

вангел, денес фашистите го интронизираат александроф и забораваат дека ќе бидат газени како бубашваби поради ова што го прават, не сме глупи и нека не заборават дека на ова што го прават ќе има гаден одговор, илија димовски е ајхман, место кое на времето го држеше кондарко додека му го цицаше курот на владо бучкофски. ај да не должам, вмро 2002 ја изгуби власта поради бугарофилството и бугарството, таа карта секогаш палела. ГОВНО таму што седиш у СДС, да ја сопреш АКЦИЈАТА на ПРЕИМЕНУВАЊЕ на УЛИЦИТЕ со ВЛЕГУВАЊЕ и СТОПИРАЊЕ на СЕДНИЦАТА ОДМА, ВЕДНАШ, СО УКАЗ И НАРЕДБА! ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ ТАКВА ТОЧКА НА ДНЕВЕН РЕД! ГОВНО ОД СДС заработи си ги парите МАМУ ТИ ЕБАМ, и ја ти ја плаќам ПЕНЗИЈАТА!

Пријател, македонските

Пријател, македонските комунисти се спротивствија на Милошевиќ, немој да ги извртуваш тезите. Сите знаат дека Глигоров беше најблизок со Алија Изетбеговиќ и само они двајца до последно веруваа во мирна разрешница, додека Туѓман и Милошевиќ се спремаа за војна. Додуша, и Алија подоцна ја смени плочата, а Глигоров, колку и да му се смееја тогаш остана на идејата за оаза на мирот. И тек сега сфаќам колку беше во право. Друга работа, последни поддржувачи на Милошевиќ во Македонија беа Латас и Ѕинго, кои јавно отидоа на „баци рака“ кај него во 1999. Треба ли да ти кажувам кај се и кои се Латас и Ѕинго денес?!

Анонимус, дебилерос еден,

Анонимус, дебилерос еден, повеќе контрадикторности у еден коментар од 3 реченици, неам видено на Окново.

Прво, дел од „македонските комунисти“ во тоа време беа (и сеуште се) Латас и Ѕинго, без разлика што сеа се со дпмне од лукративни причини.
Второ, Глигоров никад не беше близок со Алија, пошто Алија отсекогаш беше во тројка со Туѓман и Слобо.
Глигоров играше на една мудра карта од дистанца со тројцава и секако не можеш да кажеш дека Глигоров е „македонските комунисти“, затоа што само тој е единствениот вистински комунист, све друго се комуњари од најдолен вид.

Трето, тогашните извршни власти или комуњари заедно со гореспоменатите двајца комуњари во тоа време 94-98, посебно за време на ембаргото на Србија а и на Македонија, тргуваа со Милошевиќ и се носеа цистерни нафта, шлепери цигари и алкохол и правеа тони пари преку ноќ.
Е тоа ГОВНО кое беше спомнато погоре у коментарите.

Глигоров остави го надвор од овој македонски филм-ноар.

А бе паметњаковиќ, а кој

А бе паметњаковиќ, а кој правеше план за спас на Југославија заедно со Глигоров, не беше ли тоа Алија? Друга работа, потполно се слагам за местото на Глигоров, за жал ни јас ни Вангел не го внесовме во тој македонски филм-ноар, туку денешниве демократи го внесоа и се’ што правеа беше обид да се исплука и да се испогани делото на еден од најзаслужните за тоа што денес имаме држава.
Апсолутно ембаргото према Србија се кршеше тие години, и тука си потполно во право. Поентата ми е, дека многу од тие што го кршеа ембаргото и ги правеа милионите сега се на другата страна, кај демохристијаните, и таму прават уште повеќе милиони, кои овојпат не доаѓат од српскиот, туку од македонскиот буџет. Меѓу другото, кршењето на ембаргото, по себе не и носи толкава штета на земјата, огромната грешка е што тие пари отидоа по приватни конта, а на пример, во Црна Гора, сите живееја од тој шверц и со тие пари ја направија државата.

Се согласувам за Глигоров,

Се согласувам за Глигоров,

едно, него отворено почнаа да го подјебаваат и да го игнорираат (ја се сеќавам на гревови, така мизерни и срамотни на Шекеринска која под команда на ГОВНОТО даваше ненормални изјави во јавност против Глигоров итн. и тоа е проверливо има и снимки, така што нивната идеја сега/денес да го глорифицираат е патетична и срамна), така што целата папазјанија, така речи финансиски-економски темелите на тоа што требаше да бидеме, многу лошо се поставени/изместени, ја мислам дека цела таа стаклена удолница од тука почна да се лизга и сега влеговме во вакуум простор, и веќе има жртви од вмрофскиве мрачни беснеења,

второ, брилијантноста на Глигоров за МК при распадот на Југ. е до толку неспорна, неверојатна и фантастична што од денешен аспект ја стварно се прашуем како се тоа му успеа,

трето, Глигоров реално не можеше сам (приватизацијата и други работи), освен Гошев кој беше чесната фигура која требаше да ја поведе МК напред, и реално да го превземе СДС пропадна глупо, а во СДС се појавија чудни створови и чудовишта, една лепеза од која до ден денешен не можеме да избегаме, да можевме ја прв ќе киднев; но, тие се тука и за мене стварно од оваа дистанца на оивие гадни 20 години, не е повеќе прашањето Груевизмот, тоа е прочитано и прашање е на бургијата која ќе ги уништи, столчи, зграпчи и изеде, затоа што архивите, тендерите, скулптурите, кредитите, финансиските текови кои се кријат, се тоа ќе се објавува, јебига, не можат вечно, за мене прашањето е приказната со овие другиве, ја тука ја глеам суштината, ако може да збориме за нешто такво. Кога викам другиве, и нив ќе ги гази воз, вака повеќе НЕ!,

мојата замерка за визиите на Глигоров се неговата наивност, така да речам у однос на ФИРОМ актот, но, гледано пак од денешен аспект, ретко кој не не нарекува Македонија, Македонци итн., иако како многу други, ја сметам дека никому ништо не терба да објаснуваме, така што ФИРОМ само ќе избледе, поентата е да се внимава во случај на такви сериозни државни акти (за државници), да се испитува сопствената совест, да се биде сигурен и да се потпишува само доколку сто пати пати темелно работите се преиспитани, па затоа постојат советници, тинк-тенкови и крајно медиуми и јавност, па потоа референдуми итн. На крај постои една димензија која се нарекува ВРЕМЕ! Времето сите ги гази, така и со нас и ова време.

Некој ќе мора да потпише компромис, за жал, тоа е моја констатација, или, дај после Декември 2011, на референдум да излеземе и да ги прашаме граѓаните дали да се продолжи со преговорите со ГР или не. Па, јебига, нек дое војна, нек гинат луѓе, нек се укључи Бугарија, Албанија, Косово, нек Николиќ го покаже своето право исконско лице, па Грција итн. па што биде нек биде.

Поентата ми е, мора да се одлучиме веќе, доста со споредни историски улички (груевизмот), комуњарите итн.

Брилијантен

Брилијантен коментар.
„...второ, брилијантноста на Глигоров за МК при распадот на Југ. е до толку неспорна, неверојатна и фантастична што од денешен аспект ја стварно се прашуем како се тоа му успеа...“

Останатото од А до Ш е Македонскиот филм-ноар и потполно се согласувам.

Инаку само една работа не е точна и се восхитувам како само пропагандата си го направи своето.

Глигоров испадна само глинен гулаб на чии крила се истоварија обвиненијата за ФИРОМ.
Тој ни најмалку не беше виновен за ФИРОМ.
Извршната власт во тоа време и парламентарното мнозинство беа главните стожери во тој филм..
И за ФИРОМ и за знамето и за уставот.

Ако се сеќавате, 1993, ФИРОМ се случи помеѓе двете авионски несреќи во Македонија, кога паднаа авионите на Палер и Авиоиимпекс и кога само тоа се вртеше на ТВ.
Таку ај да не роматнизираме, пошто филмот е веќе познат.

Сега ни се потребни решенија.

Алија само се обидуваше да ја

Алија само се обидуваше да ја спречи кланицата што му се случуваше во двор, а не да ја спаси Југославија.

Иначе со останатото тотално се согласувам. Само би ја додал и Хрватска и би додал дека освен демокративе, во минирањето на ликот и делото на Киро Глигоров, своевремено имаше удел меѓудругото и ГОВНОТО кое го спомнав, што евентуално резултираше со атентатот во 95та.

Инаку пијавиците увек ќе цицаат од буџетот без разлика кој е на власт, како што впрочем цицаат 20 години (а кратовчанецот дури 60 години), али се дур има кротки овци ќе има и овчари.
Битно ние на интернет сме јаки.

За когнитивната дисонанца.

За когнитивната дисонанца.

Трансферот кон друг систем на верување преку идеолошко раскрстување и преименување на улиците не е оптимален, дури и идеите кои се позитивни, признати и космополитски (ул. Стив Наумов) и кои културолошки припаѓаат и на новиот систем (анти-фашистички итн.) се отфрлаат без поширока консулатација од граѓанството како: референдуми, дебати, телевизиски емисии, радио и други форми на разговори и дискусии, за шри тоа да се дојде до заклучок итн. Тоа го става под прашање симболичниот гест на удирање врз тие поединци, односно директен удар врз секој анти-фашист, зошто тоа не е ништо друго туку директно газење! Во случајот со Александров (докажан фашист кој убил илјадници луѓе, најдиректно поврзан со настаните од октомври 1924, и десеткување на левицата) трансферот на информации или во крајна линија идеологија за кој пишувам, помеѓу граѓанството и нив (вмро-дупите) би станала оптимална кога активностите би се синхронизирале. Тоа не важи само за нив туку за секоја форма на владение или управување.

Тоа што го прават е прерадикално за било која форма наречена демократија; нивното убедување дека легитимитетот од изборите е доволен за секоја одлука која не е испитана и дискутирана во поширок контекст (цитат или парафраза од Ацо Станковски - фашистички идеолог, како и Груевски во неколку наврати) со преиспитување на сите страни кои се допрени од акцијата.

Така не можеме да продолжиме, што ќе се случи со некоја друга власт утре? Зар све ќе газиме одново и ќе се повикуваме на легитимитетот во четиригодишното гласање? Тоа мора да се канализира преку Уставот, некако. Тоа што го прават е девастација на нормалноста/разумноста, а тоа е истата причина зошто доживуваме така-наречена когнитивна дисонанца, фрустрација предизвикана при симултано удирање на две радикално фундаментално контрадикторни идеи. Тоа се случува сега!

Да имаше макар минимално

Да имаше макар минимално познавање на темата на која се обидуваш да пишуваш, ќе знаеше дека е физички неизводливо Александров да биде „најдиректно поврзан со настаните од октомври 1924“. Од една ептен проста прочина - убиен е на 31 август 1924 година. Останатите глупотевини, особено оние за фашизмот на Ојле и Дојле, не заслужуваат ниту ваков потсмев...

Одлични коментари. За

Одлични коментари. За Глигоров стварно е многу чудно како му успеа сето тоа. Секако дека многу помогна и зафатеноста на светот со Србија, како и тоа дека светските медиуми веќе беа насочени кон Балканот. Од друга страна, пак не знам колку беа вистински надворешните опасности за Македонија во тоа време, или пак сето тоа беше плод на нашиот детски страв од исчекор во непознато. ФИРОМ дали е грешка или не, не е ни многу важно сега, затоа што си ја одигра улогата што требаше да ја одигра. Бафер помегу два тотално спротивни ставови, кои само педесет години порано се решаваа со војна. Фактот дека не влеговме во војна 20 години е најдобар показател за исправноста на решението. Друга приказна е кој што разбрал од целата таа приказна. Има главно две струи на разбирање на целата ситуација. Едните велат дека затоа што сме согласиле на компромис сме го постигнале мирот, додека другите велат дека целта на спротивната страна е тотално обезличување на нацијата и македонскиот идентитет, и ние не сме постигнале ништо конкретно со прифаќање на компромисот. И двете страни се во право, и затоа ке вергламе за ова прашање уште дваесет години, изложени на секакви заебанции во име на одбрана на името. Ова го кажувам затоа што сакам да дојдам до поентата на расказот и по мене единственото праведно решение на проблемот со името. Дека компромис со името на државата мора да има е јасно. Она што ке треба да се побара во преговорите како компромис од сите заинтересирани страни е следното:

- Да се дефинира географски целата територија на Македонија, вклучително деловите во Бугарија и Грција и да се дефинираат имињата на сите три дела со заеднички прифатливи имиња. Имињата на деловите ке бидат со географска одредница. Никој ке нема монопол на името Македонија.
- Во сите три дела да се признаат македонскиот народ и македонскиот јазик како народ и јазик.
- Во сите три дела да постои систем на локална самоуправа под контрола на ЕЗ, која ке ги гарантира правата на Македонците слободно да се изјаснуваат за Македонци и слободно да си го изучуваат мајчиниот јазик покрај официјалниот.

Ништо од ова што е наведено не е надвор од постојниот европски систем на локална самоуправа и само во тој случај може да постои компромис за менување на името. Ниту Бугарија ниту Грција не би требало да имаат проблем со ова затоа што тврдат дека нема Македонци на нивната територија.
Со други зборови, она што СДСМ го гледа како бенефит од влегувањето на Македонија во ЕЗ нека го побара сега, А ВМРО конечно ќе го обедини македонскиот народ во културна рамка на целата територија.
Таков договор би бил гарантиран од Европа и НАТО, како решение за сите страни во спорот.

Се слагам со поприлично се’

Се слагам со поприлично се’ што кажа, освен со релативизацијата на ФИРОМ, односно на ставот кон ФИРОМ. Оти го видовме Груевски, како претставник на десницата, не на власта, како гордо си го носи, значи не е баш дека го смета за некое предавство. Вратите за компромис се затворија кога Груевски реши да биде поголем патриот од Б.Ц., поттикнат од говорот на Б.Ц. во ОН (Д нејм оф мај кантри). Следното утро економистот се разбуди како националист и оттогаш го гледаме филмот што го гледаме. Околку компромисот, се согласувам освен со вклучување на Бугарија во него. Нема потреба од такво усложнување. Прва работа, ни се допаѓало или не, многу малку луѓе таму денес се чувствуваат и определуваат како етнички Македонци, второ, со државјанствата и со бројот на луѓе овде што се изјаснуваат како Бугари, ќе ни се отвори уште еден проблем. Исто, колку и да сакаме малкуте Македонци што останаа во Грција да можат да учат на македонски, тоа нема да може оти е во директна спротивност со грчкиот Устав. Тоа се објективни тешкотии кога би се обиделе да постигнеме таков компромис. Прва работа што мора да се направи е да се престане со упорното сатанизирање на Грција и на надворешниот фактор од страна на високи политички функционери во Македонија. Таквата калимеро политика е потполно смешна и погубна.

Vangel, odlichen tekst, so

Vangel, odlichen tekst, so odlichni sporedbi. Batali gi komentarite koi ti ja izmestija temata

Па добро бре граѓанин, ако

Па добро бре граѓанин, ако овие коментари не се темата, што е темата на муабетиве. Како да дојде СДСМ на власт? Овие коментари се тие треперењата кое се гледаат само со "slow motion" што Вангел несмасно им ги закачува на ВМРО.
Ај, да претпоставиме и да дојде СДСМ на власт , и што? Што очекуваш да се случи. Да даде СДСМ гол во продужетак. Се отепаа играње 15 години, се автоголови. И сега пак истите играчи очекуваш гол да дадат. Или си коцкар или многу голем навијач.

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е нормално течење на времето. Вангел, платен со пари или со ветувања или пак самоиницијативно, со желба за материјална корист во иднина, се обидува да спроведе експеримент за забрзување на времето, затоа што не му се чека на избори, а и не е сигурен во нивниот исход. Затоа сака да го оцрни политичкиот противник со изнасилени измислици и неточни метафори. Уште повеќе, може да се каже дека сака да го искриви и пренасочи времето.

Морони југоносталгичарски!

Морони југоносталгичарски!

ОкоБоли главаВицФото