Кога мостовите ќе засвират

14.06.2012 15:06
Кога мостовите ќе засвират

Рутгер Зујдервелт, познат и како Machinefabriek, и Греко Хидинк се уредници на аудиовизуелниот проект наречен Мостови (Bridges).

Тие собраа осум музички импровизатори кои не создадоа нови композиции туку реагираа на звуците во просторот околу четирите моста меѓу Синдерен и Нијмеген во Холандија.

На тој начин овој проект не е само музичка импровизација туку и проект за акустиката на инфраструктурата, во случајов, на мостовите. Музичарите работеа во парови, и тоа следниве: Матс Густафсон и Нате Вули, Јон Милер и Буркхард Беинс, Стивен Хес и Ерик Карлсон, и Џим Денли и Еспен Реинертсен.

Одвоените реакции на музичарите на звучните записи Зујдервелт подоцна ги миксаше со самиот запис од природата и на тој начин настанаа пет композиции кои беа објавени во богато винилно зидание со фотографии и видео.

Дизајнот на албумот го изработи Хидинк, кој вака ја објаснува врската меѓу музиката, филмот и фотографијата: „Мислев дека ќе успеам да задржам дел од времето и движењата во дизајнот, типични за филмот и музиката, ако најдам начин како да го преведам филмот во принт. Тоа го решив на начин така што филмските кадри снимени кај мостот ги наредив како фотографии на винилна плоча, и кога се врти плочата, т.е. свири, филмот повторно оживува“.

Доколку сакате да го преслушате, симнете или купите проектот Bridges, тоа можете да го сторите овде.

Извор: machinefabriek.bandcamp.com

ОкоБоли главаВицФото