1034 hPa
69 %

-1 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 06:59
Здружението на новинарите на Македонија, со завчерашниот договор со Владата за висината на казните за клевета и навреда во таканаречениот дијалог за декриминализација на клеветата и навредата, прифати замена на тези. Ако се избере ваков модел на декриминализација, висината на казната воопшто не е важна.
Имено, со овој предлог не само што не е одземен инструментот за притисок врз медиумите, преку тужбите за клевета и навреда, туку напротив, тој притисок уште повеќе е засилен.
Наместо со укинување на клеветата и навредата како кривично дело да се создадат услови за поголема слобода на информирањето која е гарантирана со Уставот, ЗНМ влезе во пазарење со Владата за висината на казните.
Овој предлог го компромитира целиот процес на преговори меѓу ЗНМ и Владата и ќе донесе потешки последици и поголем ефект на заплашување.
Освен Владата и политичките и бизнис-елити, сега и газдите на медиумите влегуваат во спрегата за цензура. Со тоа што се вклучени во лицитацијата на висината на казните, тие ќе имаат легитимно право да се мешаат во уредувачката политика на медиумите и де факто да одлучуваат што ќе се објавува, а што ќе се скрие.
Тоа што „така било секаде“ не е оправдание, оти таму владите, а и политичките и бизнис-елитите не ги злоупотребуваат тужбите за притисок врз медиумите, како што евидентно се случува во Македонија. За разлика од праксата во развиените демократии, во Македонија ни Владата ни судството, а по последниот потег богами ни ЗНМ, нема да може да гарантираат дека тужбите нема да се злоупотребат. Напротив, со овој закон само се засилува спрегата за замолчување на медиумите.
Во држава во која просечната плата е 300 евра; во која сите бизниси, вклучително и медиумскиот, зависат од милоста на владејачката коалиција без разлика која во моментот е на власт; во држава во која нема ниту една странска инвестиција во медиумите; во држава во која не владее правото и не функционира судскиот систем; во држава во која никој не го почитува законот за слободен пристап до информациите ниту, пак, е казнет за тоа, ваквата декриминализација на клеветата ќе доведе до владеење на самоцензурата.
Без слободни медиуми, нема демократија. Со замолчени медиуми, замира целиот јавен живот. Замира одговорноста и на политичарите, и на новинарите, и на сите други субјекти во јавноста. А најмногу ќе настрада јавниот интерес.
Редакција ВЕСТ
Илустрација: Питер Равн
И мене ми се 300 евра
Испратено на 15 јуни 2012 од ПешакИ мене ми се 300 евра премногу за непоминување на пешачки! Зошто да се самоцензурирам и да не преминувам каде сакам? А и платата ми е мала! Диктатура бре!
А сигурно и вилицата те боли
Испратено на 15 јуни 2012 од AnonуmousА сигурно и вилицата те боли од многу пушење, штапско педерче!
Иди коалицирај со ЉуБчо,
Испратено на 15 јуни 2012 од Koj kur si pa tiИди коалицирај со ЉуБчо, будало.