Градот Скопје воведува бесплатна зона за паркирање – 4 трепкачи

15.06.2012 13:54
Градот Скопје воведува бесплатна зона за паркирање – 4 трепкачи

Град Скопје од 20 јуни воведува нова паркинг зона, наречена „4 трепкачи“, во рамки на која нема да се наплатува за пракирање на автомобилите.

Според соопштението на Град Скопје, пилот-проектот кој е спроведен изминатите години во општините во градот, дал исклучителни резлутати.

„Поради овој успех, решивме да воведеме целосно нова паркинг зона ’4 трепкачи’. Таа територијално ќе се поклопува со сите наши зони, а местата за паркирање се наоѓаат на сите можни локации кои не се јасно обележани како веќе постоечка паркинг зона“, се вели во соопштението.

Тоа значи дека возачите ќе можат да паркираат на сите необележани површини без полицијата да им пишува казни или да им го однесе автомобилот поради лошо паркирање, но само доколку вклучат четири трепкачи пред да излезат од автомобилот и доколку го остават својот мобилен телефон на контролната табла зад воланот.

Должината на дозволено задржување во новата бесплатна паркинг зона ќе варира во зависност од локацијата. Па така, сите кои ќе паркираат пред продавница, аптека или сендвичарница ќе можат да го остават автомобилот максимум половина час. Блокирањето туѓи гаражи, излези и приватни паркинг места, од 20 јуни ќе биде строго ограничено на само 45 минути.

Преземено и прилагодено од Njuz.net.