Уметностa и религиозната нетолеранција

16.06.2012 16:52
Уметностa и религиозната нетолеранција

Организаторите на фестивалот во Скопје ја уништија веќе изложената уметност, тврдејќи дека ги навредува религиозните чувства. Фестивалот на креативни индустрии што денес се отвора во Скопје, започна бомбастично. Организаторите на фестивалот одлучија да го отстранат билбордот, односно да го скинат веќе изложеното уметничко дело (кое беше дел од изложбата), без да ја информираат уметничката група што го работеше, со објаснување дека ги повредува религиозните чувства.

Јавноста, секако, е оставена во забуна за тоа чии точно чувства се повредени, како и за тоа кој е авторот зад оваа катастрофална одлука. Од што се состоеше инкриминирачкото уметничко дело?

Билбордот се состоеше од зафркантска реклама за продукт за чистење, кој може да чисти „дури и најнедостапни површини“. Во позадината се наоѓаше фреска од скопската црква во која фреските „чудесно“ се самоисчистија пред некое време. Се чини дека Балканот е населен со екстремно чувствителни луѓе чии чувства бидуваат повредувани безмалку постојано.

Ако се критикува Грција заради небрежниот однос кон собирањето даноци, тогаш се повредуваат грчките чувства. Ако некој одлучи да не присуствува на инаугурацијата на некој како што е Томислав Николиќ за претседател на Србија, тогаш чувствата на целата српска нација се повредени.

Нема крај на приказните за националните чувства кои биле повредени. Освен што секогаш има луѓе кои тврдат дека ја претставуваат целата нација која го предизвикала псевдо-моралниот инструмент. И секогаш се во прашање нивните лични интереси. Но, се чини луѓето немаат против тоа да бидат злоупотребени, во спротивност ќе реагираа.

Специјалната категорија на колективни чувства што се повредуваат се чини е онаа која им треба на политичките играчи – религиозните чувства. Затоа што се почувствувале повредени, како талибанското бришење на светското културно наследство во форма на статуите на Буда од Бамијанската долина и враќањето на целата земја во камено доба.

Заради повредените чувства на исламистите, сè поголем број луѓе се ограничени во своите слободи на движење, вклучувајќи ги и уметниците и новинарите. Во случај да преживеат. Тео ван Гог беше егзекутиран во 2004 г. заради повредените религиозни чувства.

Да го погледнеме светот без повредени религиозни чувства. Мартин Лутер одлучува да не ги закачи своите тези на влезот на црквата во Витенберг со кој ќе го почне крајот на Средниот век. Мартин Лутер Кинг одлучува да не го предводи протестот на Афроамериканците заради религиозните чувства на Кју клукс кланот. Жените одлучуваат да не се борат против злоупотребата и ропството за да не ги повредат религиозно мотивираните чувства за надмоќ на своите татковци, сопрузи и браќа. Надбискупот Туту и Нелсон Мендела ја тераат својата работа за да не ги повредат религиозните чувства на белите Јужно Африканци.

Коперник, Галилеј и Бруно не почнуваат да размислуваат за универзумот заради почит кон религиозните чувства на католичките свештеници. Исак Њутн го јаде јаболкото и оди назад на спиење заради грижа кон религиозните чувства на неговите колеги.

И последно, но не помалку важно, Чарлс Дарвин ги гори своите тези за потеклото на видовите заради грижа кон религиозните чувства. Кога религиозната толеранција е заменета со послушност, резултатот е стагнација и ултимативна нетолеранција. Резултатот е обратен од саморефлексијата, еден и единствен механизам зад прогресот.

Да ги погледнеме уметниците и почитта кон религиозните чувства. Ако уметниците беа послушни, ренесансата немаше да се случи. Ако беа послушни, некои од најважните дела на светската уметност никогаш немаше да бидат создадени.

Улогата на уметникот е да поставува прашања и да провоцира. И улогата на општеството е да ги постави тие прашања сериозно и ги одговара. Во крајна линија, тоа е достигнувањето на ренесансата и на просветителството чии демократски вредности се вклучени во основите на нашите општества.

Слободата на изразување, вклучително и на уметничкото изразување, им припаѓа на тие вредности. Тоа е основен предуслов за функционирање на демократијата. Ако се погледне од другата страна – ако општеството тргне по патот на загрозување на слободата, демократијата е под прашање.

Секако, постои и друг пат. Нацистите ги гореа книгите и ги цензурираа уметниците, прогласувајќи ги за дегенерирани. Жданов го воведе соц-реализмот како една и единствена догма во уметноста, додека советскиот режим ги третираше неговите девијации како велепредавство.

Секако, постои и таа можност. Но, дали општеството како македонското сака да оди по тој пат? Дали уметниците треба да започнат да се самоцензурираат затоа што некој може да се навреди? Во крајна линија ова создава самозадоволувачки, декоративен и здодевен уметнички труд, толку сакан од ситната буржоазија, и од паланчаните (жителите на тесно ограничените провинцијални заедници).

Ако уметниците не може да создаваат и да изложуваат слободно од општеството и од политичките притисоци, тие ќе се свртат против притисокот. Нема ниеден пример на режим кој успеал да ги замолчи уметниците. Аи Веивеи и Лу Сјаобо се најпознатите понови примери на тој неуспех. Но, листата е бескрајна. Не е возможно и глупаво е, затоа што во крајна линија, тоа ќе се сврти против самите цензори.

Се прашувам дали некој од организаторите на фестивалот кој се одржува под покровителство на градот Скопје, ќе има храброст да стане и да каже дека уметноста која ја уништија била манифестација на девијација, дека била дегенерирана. Секако, тие нема да го направат тоа. Толку е полесно да се скриеш зад нечиј религиозен грб.

Во крајна линија, овој тип акции не треба да се сфаќаат со истиот тип сериозност, кој го покажуваат протагонистите. За жалење – е вистинскиот збор за нив. Тие бараат да бидат исмеани, да бидат изложени на сожалувачкиот процес на сатирата. Не се вредни ни за реакција на интелектуално ниво. Уметниците имаат свои начини и ќе реагираат. Малата, но активна независна сцена се појави во Македонија и јас сум сигурен дека тие ги имаат одговорите на овој чин на културен вандализам.

Секако, уништувањето на интелектуалната сопственост е друго прашање. Но, тоа е прашање за адвокатите.

Во еден од романите на Тим Робинс, папагалот е истрениран да каже едноставна реченица што би сакал да им ја фрлам в лице на самоизградените религиозни ентузијасти, или на тие што дејствуваат во нивно име: „Луѓе на светот, опуштете се“.

Извор: balkaninsight.com

Илустрации: Jeroom

Море, да беше некој педер

Море, да беше некој педер ставен во контекст како фрескиве,колку ќе ве болеше шупекот вие што се тиииит во газ..

Da beshe nekoj peder dosega

Da beshe nekoj peder dosega kje imashe revolucija!!! Tuku tie imale prava na tropanje gluposti!!! Se izramnuvaat so velikite umetnici mislejkji deka i tie se umetnici!!! Samonarecheni umetnici shto ja serushija umetnosta!!! Zlostori!!!

Коперник, Галилеј и Бруно беа

Коперник, Галилеј и Бруно беа спомнати во текстот. Со таа разлика што нивното дело има цивилизациска, филозофска и практична вредност додека билбордот е резултат на потребата на одредено уметниче/дизајнерче да ја провоцира јавноста и неистомислениците, влегувајќи во пресметана игра на акција/реакција за да си обезбеди слава преку-трупа

ОкоБоли главаВицФото