1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Во продолжение на претходниот пост за новиот бестселер "Why nations fail" од еминентните економисти Аџемоглу и Робинсон, природно се поставува прашањето каде се наоѓа Македонија, т.е. дали нејзините институции се, пред сè, екстрактивни или инклузивни. Секако дека не постојат две строго дефинирани категории, туку повеќе се работи за спектар на инклузивност. И во општество во кое доминираат инклузивните институции, како што е САД, се појавувале низ историјата тежнеења да се загрози таа инклузивност, како што е актуелната доминација на финансиските интереси врз легислативниот процес. Но, бидејќи САД се општество со инклузивни институции, таму и понатаму се води жестока политичка битка за воспоставување на регулаторни стандарди за финансиската индустрија (Дод-Франк Актот од 2010) со кои би се зауздале екцесите на Вол Стрит.
Иако е тешко да замислиме инклузивно општество без демократија, сосема е возможно, вообичаено дури, да постои демократија без инклузивни механизми. Самото спроведување на демократски избори (дури и да се сосема регуларни) не е доволно за да обезбеди инклузивни политички и економски институции, бидејќи откако новата политичка елита ќе се консолидира на власт, таа ја (зло)употребува својата моќ за лично богатење. Македонија спаѓа во оние земји во кои доминираат екстрактивните институции, во кои владејачките елити ги штитат своите економски интереси на штета на големото мнозинство граѓани. И како последица на тоа, македонското општество стагнира на економски и културолошки план.
Македонија како пропадната демократија
За 20 години развој како демократско општество (од 1991-2010), македонската економија има забележано просечен годишен кумулативен раст на БДП од само 2,9%. Не само што ова ниво на раст е далеку пониско од просекот на останатите земји во развој за истиот тој период (4-8%, зависно од класификацијата), туку е и пониско од она на групата најразвиени земји од 3,2% (World Bank database).
Ова значи дека со вакво темпо на раст, Македонија никогаш не би можела да ги достигне европските држави, туку уште повеќе ќе регресира. Дури и како најгруба и најнепрецизна мерка за општествен прогрес (за причините за тоа во некој нареден пост), растот на македонското БДП сам по себе е индикатор за економска стагнација. Кога на тоа ќе се додадат и катастрофалното зголемување на социјалната нееднаквост, историски гледано рекордната сиромаштија, рекордната невработеност, културната деградација и самиот факт дека мнозинството млади не сакаат да живеат во сопствената држава, јасно е дека економската стагнација добива димензија на цивилизациски регрес. Пред ваквата поразувачка слика, либералните придобивки како слободата на изразување мислење, правото на глас, формално-правната еднаквост и економската отвореност служат како недоволна утеха за разочарувањето што го донесе идејата за македонска демократија.
Примопредавање на власта: челичниот закон на олигархијата
Забите и смукалата на македонската демократија
Македонската демократија е фасада од закони и процедури и таа ја промашува својата основна цел - да овозможи рамка преку која мнозинството граѓани ќе можат да ги остварат своите интереси. Доказ за ова е податокот дека според сите анкети мнозинството граѓани се разочарани од политичкиот процес, разочарани од елитите за кои гласале и од можностите кои општеството им ги нуди. Сето ова сведочи за нискиот степен на инклузивност на институциите. По колапсот на социјализмот во светот, Македонија повеќе по сила на историска инерција, поради она што се случуваше во нејзиното опкружување, отколку поради внатрешната политичка зрелост, реши да се демократизира како општество. Но, како што предвидува 'челичниот закон на олигархијата', социјалистичките екстрактивни институции само се заменија со нова политичка елита, но нивната екстрактивна природа остана непроменета. Во Македонија, во прво време дури ни политичката елита не се промени, туку СДСМ како наследничка на СКМ продолжи да владее и во хаосот кој настана по распадот на Федерацијата успеа непречено да го спроведе создавањето на македонската олигархиска елита која произлезе од поддржувачите на таа партија. Оттогаш па наваму, секоја промена на власта во Македонија се карактеризираше со преземање на екстрактивните механизми затекнати од претходната владејачка гарнитура, полнење со нови партиски кадри и понатамошно јакнење на нивниот потенцијал за екстракција на економски ресурси од мнозинството граѓани. Вреди овде да се набројат доминантните практики преку кои се спроведува процесот на екстракција:
Секоја од овие точки заслужува посебен пост (и ќе го добие во иднина). Но во овој момент, битно е да се нагласи „големата слика“, да се увиди дека сите овие симптоми не се случајни, ниту независни еден од друг, туку имаат заеднички содржател - јакнењето на екстрактивните институции; и заеднички последица - уништувањето на секаква мотивација да се инвестира во каков било физички или човечки капитал, а со тоа и да се постигне економски раст во оваа економија. Наместо тоа, постојат јасни економски мотиви да се инвестира во „партиски капитал“, врски со власта, послушност, одржување и понатамошно јакнење на екстрактивниот капацитет на институциите.
Од Нијази-бег до Урко - историскиот развој на македонските елити
Зошто САД и Западна Европа успеаа да оформат прогресивни институции, додека Македонија и останатите земји од Западен Балкан не? Според Аџемоглу и Робинсон тоа се должи на историското институционално наследство. Додека во САД и Велика Британија постоеше долга парламентарна традиција (кои ја доведуваат во врска со Средниот век, чумата, транслатлантската трговија и природните фактори), а во Западна Европа наследството на Француската Револуција придонесе да се формираат инклузивни институции, на Балканот сè до крајот на 19 век владееше Отоманската империја, со крајно екстрактивниот систем на даноци, социјалната и класна подвоеност, и економската затвореност (на пример, во Отоманската империја сè до 19 век било забрането печатењето, цели 5 века од појавата на технолошката иновација на Гутенберг).
На овие простори, логиката дека властодржецот треба да ја преземе и продолжи експлоатација на мнозинството, а мнозинството некритички да ја прифати власта останува иста од епоха во епоха. Се менуваат само елитите.
За време на Отоманската Империја, елитите во Македонија беа одредени по религиозна и класна основа: големопоседниците биле Турци муслимани, директни поданици на султанот, на чии поседи работела рајата. За време на српското владеење во Македонија, елитата се формира по национална линија. По Втората Светска Војна, КПМ се здобива со речиси тотална контрола врз општественото живеење во земјата. Комунистичкиот систем почнува да продуцира на универзитетите своја идеолошки подобна елита без разлика на потеклото со која ги пополнува институциите и центрите на моќ. Во ова време, Македонија доживува одреден степен на експанзивен стопански развој, масовно описменување, модернизација, изградба на инфраструктурата. Аџемоглу и Робинсон исто така забележуваат дека комунистичките режими успеваат да достигнат високо ниво на економски раст, но тоа е раст кој се сведува на catching up и е ултимативно неоддржлив на долг рок, бидејќи не може да произведе автономна технолошка иновација. Со распадот на СССР и Југославија оваа опсервација се потврдува и во пракса. Со почетокот на демократијата, елитата во Македонија се „демократизира“ на ист начин. Таа веќе не се одбира ниту по линија на религиозна, класна и национална припадност, ниту по степен на образование и идеолошка верност на идеалите на партијата како во времето на социјализмот. Демократизацијата е тотална до тој степен што сега секој може да стане елита, се додека беспоговорно ги спроведува есктрактивните политики на власта. Денес и муслиманот Велија, и Албанецот Ахмети, и магистарот Урко, и човек со идеолошка доследност од типот на Ѕинго можат да бидат и биле дел од општествената елита. Аирлија демократија.
Извор: slobodnazona.blogspot.hu
ТЕЦ „Неготино" е втора по
Испратено на 18 јуни 2012 од Сос-катапултирачТЕЦ „Неготино" е втора по големина термоелектрана во земјава, по РЕК „Битола" и пред ТЕЦ „Осломеј". Инсталирана моќност 210 мегавати, основно гориво мазут, поради што цената на произведениот киловат-час е пре-висока. Поради тоа, овој капацитет со години не се користи за производство на струја и само се одржува во топла состојба (електраната не се гаси). Најавите од сите страни за гасифи-курација (ГА-МА, Макпетрол), треба на јавноста подлабоко да И се објаснат, и треба да и се објасни што стои зад оваа, гасна војна, т.е. кој ќе ја има контролата над ГАСОТ, имено, димензијата на цевката, дијаметар-от, снабдува 800 милиони кубни метри годишно, што е доволно за половина од годишното производство на Неготино. На Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно, за сите потреби, но никаде нема инсталации, за по школи, јавни згради, фабрики, а не па до домови. Зошто љумферот на Грујо иде у Русија, се надевам Ви станува јасно, но имаше и пред година и пред тоа посети на Русија за расчистување на клириншкиот долг, но, од тоа, остана само срање.
Но, проект како гасификација е државна политика, а во меѓународно поврзување со гасоводи, предимство има Владата, а не општините (ова да го прочитаат у СДСМ). Така што СДСМ се побјебава со сите што разбираат малце од енергетика и енергетски политики. Ниту еден град во Македонија нема гасовод. Тоа што треба Струмица да прави е да си ја доврши градската мрежа, да си доставува гас со цистерни и да не се меша во државна политика. Гас во цевка ќе им стигне кога ќе стигне и кај сите. Цистерните се оправдана и потребна импровизација.
боже господе, се ебаваат со нас и едниве и другиве, ќе носеле гас, јеботе
реалноста е процеп на илузии
Испратено на 18 јуни 2012 од Сос-катапултирачреалноста е процеп на илузии и ветувања; од сегде може да ја дупчат политичари-трабант-философи до момент додека масата ја сочинуваат ужасно слабо информирани партиски ретарди, не дај боже начитани или образувани, така речи, простаци, на тоа се влече коноп од огромни димензии по однос колку курови-стапови биле не биле присутни на гасоводните состаноци од велес, преку шпит, па пилерп и срумица; гвујо не можат да го излажат снимки колкав му е на бљанко, кој според извори од савова, кралицата на тротоар мјузиклите имал кур долг 5000 сантиметри и тоа не бил ни дигнат, но според партиските депешеа од алксандровистичко-фашистичка вмро, курот на бљако бил 2000 и тоа мили-метри. савова ќе одржи прес у скопје да се пофали колкава е цевката на бљанко и до кај ќе иде гасоводот, но на тоа знаеме шо ќе одговори гвујо. тој ќе рече дека таа цевка е всушност шупакот на вмро, а во него место за милиметрите на бљако нема, но савова можеби ќе не изненади, па ќе го извади од грло, долго, подолго, како магионичар што вади јаже од уста. ретардиоди ем гасоводни првенци, ебаваат по македонија. боже господе.